Боли глава

Има ли во македонскиот парламент независни пратеници, со отворен ум и со два грама разум? Јок! А зошто? Одговорот е многу едноставен. Затоа што тоа не се патриоти.

Агим Јонуз, „Дневник“, 16.05.12

17.05 19:33

Тито бил разни работи за време на животот, а уште повеќе по смртта; ретко богат  возбудлив задгробен живот имал југословенскиот марша-л-улема, променил повеќе клубови одошто Слободан Јанјуш: бил и чешки гроф и полски Евреин, и руски измамник и слободен ѕидар, агент на КГБ и агент на ЦИА, и вонбрачен син на Черчил и вонбрачен син на Франц Фердинанд; Јосип Броз бил разни работи, само сè уште никогаш не бил муслиман. Сега, ете, остана само некој белградски историчар ексклузивно да открие дека Броз всушниост бил црнец, со вистинско име Џозеф Бросе, надничар, женкар и џез пијанист од Њу Орлеанс, и бегајќи од љубоморната жена и нејзината луда мајка, стара вуду врачарка, се пријавил за учество во Првата светска војна.

Борис Дежуловиќ, „Oslobođenje“, 10.05.12.

14.05 09:42

После шест години жестока пропаганда (а и пропагандата е работа, мили мои мрзеливци од кафулињата на улицата Македонија), Груевски успеа интелигенцијата на овој народ да ја сведе на интелигенцијата на бројлери: доволно е да им фрлаш по некое зрно пченица, да им викаш пи-пи-пи и да ги колеш кога ќе им дојде времето.

Зошто на некој јабанџија во Брисел или Вашингтон би му било важно во Македонија да има демократија, слободни медиуми и фер избори, ако нам тоа не ни е важно? Со кое право, во крајна линија, некој би се осмелил да го урива Груевски, кога на сите ни е добар? А што, велите дека не ни е добар на сите? Па ако не ни е, камо штрајкови, демонстрации, протести, камо илјадници луѓе на улици, камо храбри новинари кои разоткриваат корупциски скандали, камо храбри уметници кои пишуваат скандалозни романи, снимаат јуначки филмови и песни и го „естетизираат“ отпорот? Камо, бре, отпор?

Бранко Героски, „Фокус“, 11.05.12.

12.05 12:25
2

Ако Никола Груевски во владеењето со Македонија навистина се води според идеалите на Александар Македонски, треба да биде глобализатор, а не да ја изолира својата држава. Александар направил голема свадба меѓу Западот и Истокот, односно меѓу десет илјади Македонци и десет илјади Персијки. Затоа Груевски и Ахмети треба да направат свадба меѓу Македонци и Албанки.

Есад Рахиќ, поранешен пратеник, во емисијата „Пресинг“ на ТВ Алфа; според „Фокус“, 11.05.12.

11.05 10:25

Во меѓувреме од кафулињата се слуша „туф-таф“ музика, младоста цути, сите носат темни очила и држат поза како божем по Вардар да тече џин-тоник, а не лајна собрани од Полог наваму. Секоја втора комуникација меѓу пријателите започнува со „слушам бетер ќе биде“. На улица Македонија бујрум да ја видите вистинската слика на еден (да го наречам ли) велеград. Од лево наидува топ-модел кој (да простите) не ебава ништо ни 2 отсто, а од десно доаѓа една „село моје лепше од Париза“. На средина една бабичка влече за ракави минувачи барајќи пари за лекот кој го пишува на рецептот со кој мавта. Во воздухот мириса латентен немир. Насмевката блеска насекаде, а сите свесни дека зад неа стои врисок. Македонија, лето богово две илјади дванаесетто, Ризус Сардоникус!

Агим Јонуз, „Дневник“, 09.05.12.

09.05 11:47

Еднаш, во ваква прилика, напишав: секој Моцарт има свој Салиери. За жал, мојот се вика Николче Младенов.

Драган Павловиќ Латас; „Вечер“, 07.05.12.

08.05 10:15

Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сè во кешот, пријателе!

Љупчо Зиков му пишува писмо на Латас; „Капитал“, 02.05.12.

07.05 11:02
1

Не правам никаква разлика меѓу Тодор Александров и Михајло Апостолски. И двајцата се од Македонија.

Александар Бичиклиски, советник во Град Скопје; „Алфа“ ТВ, 03.05.12.

04.05 08:15
4

Пред една година ја добивме битката на Калето и историјата ќе суди за инцидентите што се случија таму.

Артан Груби, десната рака на Али Ахмети; „24Вести“, 23.04.12.

02.05 06:08

Исто како што Комунистичката партија го создаде движењето Народен фронт и во 1953 година го прекрсти во Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија - ССРНМ. Сега ВМРО-ДПМНЕ прераснува во ВМРО-ССРНМ. Живо ме занима кој ли е Едвард Кардељ во ВМРО-ССРНМ.

Горан Михајловски, „Вест“, 28.04.12.

30.04 13:48

Кога само ќе го ставите прстот во Дунав, вие сте поврзани со целиот свет.

Борис Тадиќ, во предизборна кампања ги теши граѓаните на Велико Градиште, една од најсиромашните општини во Србија; „Танјуг“, 19.04.12.

27.04 12:25

"...фактите за овие дваесетина години даваат доволна аргументација дека ЕУ повеќе не претставува перспектива за развој на нашата држава... Македонија треба да направи големо свртување кон Евроазиската унија, кон блиските народи (и според религија, и според културни традиции, јазик, итн.) наместо да се уништува себеси преку некаков големоалбански сојуз со протекторатот Kосово и Албанија."

Тони Науновски, весник „Дневник“, 23.04.12.

25.04 08:53

Сето тоа укажува дека овој злостор, како и сите други, е можен само од – атеисти. Души полни плевел. Луѓе што веруваат дека тие го создале светот. Повторувам – тој податок за истрагата не значи ништо, но многу значи за нашиот степен на култивирано сфаќање на религијата. Вистински верник не би го сторил тоа што се случи на Величетврток. Затоа, јас сум доста резервиран кон оние што станаа против веронауката како изборен предмет во училиштата.

Венко Андоновски, „Нова Македонија“, 18.04.12.

22.04 13:09
4

За оној што верува дека нема случајности, и самото време на извршувањето на злосторот (најголемиот христијански празник) се коси со секаков теистички пристап кон животот – кој и да го сторил тоа, без разлика на нацијата, професијата, возраста или полот – бил АТЕИСТ.

Венко Андоновски, „Нова Македонија“, 18.04.12.

21.04 13:10
2

Препорачуваме

Автошовинист

Се плашам дека станувам автошовинист. Јазикот ми се изобличува, човеку, и не ми дозволува да кажам: мамицу ви ебам!

Блиски Исток на Вардар
Хрватски новинари направија репортажа во Црешево и Арачиново.
Бројот на пријатели е поважен од бројот на тенкови

До претстојниот самит во Чикаго останаа само неколку дена. Период кој е прекраток за да се постапи дипломатски и да се отвори вратата на нашата држава за влез во Алијансата.

Како сапуниците го променија светот

ТВ сапуниците ретко кога се споменуваат во позитивен контекст. Главно се критикуваат поради плиткоста и создавањето зависност.

ОкоБоли главаВицФото