Боли глава

Пред 25 години МТВ беше помобилнa од сегашнавa!

Пред 20 и повеќе години, со сосема друга мобилна техника, тешка, комплицирана и скапа, споредена со сегашнава, МТВ дневно се јавуваше во живо барем од 4 места, сметајќи го и Скопје. Да не зборувам дека секој ден имаше некој пренос од спортски настан. Првите парламентарни избори во Македонија, пред речиси 25 години, омразената МРТ ги реализираше од 9 истурени студија што ја покриваа целата држава и тоа во ЖИВО! Повторувам, во ЖИВО!
Толку од мене, само за потсетување. Изем ти знаење и обука на сегашниве главни, помалце главни и консултантско-главни уредници и новинари! Речиси се’ мој до мојега!
Слободан Трајковски, поранешен директор на МРТВ; Фејсбук, 09.02.15.

нема
09.02 2015
ВМРО, некогаш и сега

Се колнеме пред оваа кама и во овој револвер дека ќе го положиме животот за слобода. Ќе фрламе бомби, ќе ги дадеме животите ако треба, за да ги урнеме неправедниот уставен поредок на Османлиското царство и власта на султанот. Се колнеме пред уставниот поредок дека ќе одземаме животи ако треба и ќе ја укинеме слободата на секој што ќе фрла бомби, само за да ги заштитиме уставниот поредок и власта на султанот. ВМРО, некогаш и сега.
Сашо Кокаланов; Слободен печат, 07.02.15.

нема
09.02 2015
Каков авто-нокаут, Грујо сам себе се убијал вечерва!

Уууу јеботе човече, па дали е могуче?! Цела недела јадеш гомна цела цистерна од 50 тона, и на крај еден ден пред пукањето на бомбата признаваш дека уствари сето тоа е најобично срање, нема везе, и апсиш двајца од МВР со обвинение дека му ја дале бомбата на Заев?!
Аууууу, људи, па ово је секс на екс! Па ваква самоутепанција не сме гледале во политикава 25 години, ја толку памтам, пред тоа не знам што се дешавало. Ова е врв, кулминација, драма, хорор, трагедија, комедија, све у едно!
Невероватно значи! Буквално СДСМ го оставија Грујо сам да оди у продавница да си купи јаже и да се обеси, и сетот тоа оди во живо на тв веќе една недела! Нверојатно!
Мора да им се честита на СДСМ на стрпливоста, на нервите кои ги имаа што оставија сите да кризираат до поулавуење, и ние и тие и наште и ваште и тоа беше една прчварница за на крај сета магла да падне, и Заев утре ќе шутира пенал на празен гол, празни трибини позади голот, а богами и голот бајаги се прошири па буквално ова не се промашува, ќе треба Заев да пука со сачмарка у топката за ова да го промаши, и сигурен сум дека ќе ја исцепи мрежата утре, се виде дека вежбале у Струмица на некои ливади, браво браво браво!
Да повториме, ГОТОВО Е КОПИЛЕТО!
Саше Ивановски, Мактел, 08.02.15.

нема
08.02 2015
Политичките сексуални работници го креваат гласот!

Нови протести, петок, 13 февруари: Политичките сексуални работници го креваат гласот.
Веќе ни е преку глава да не’ нарекуваат режимски кучиња, полтрони, газолижачи на власта, безрбетници, сончогледи и сл. Ние сме политички сексуални работници и работнички! Чесно си го заработуваме лебот! Бараме право легално да се регистрираме и да оствариме право на здравствена заштита и пензиско осигурување. 21-век сме, ало!
ПОЛИТИКАТА НЕ Е КУРВА, туку сексуален работник.
Потписници:
1)__________
2)__________
3)__________
4)__________
5)__________
Тихомир Јанчовски, Фејсбук, 06.02.15.

нема
08.02 2015
Ранети во глава уште пред да почне битката!

Како испадна така, бе, мајката: сите бранители на Македонија да се ранети во главата уште пред да почне битката!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 07.02.15.

нема
07.02 2015
На подготовки во Сирија!?

Сонував дека репрезентацијата за одбрана на Македонија во состав: Игор Стојчевски, Братислав Димитровски, Тони Михајловски, Ванчо Петрушевски, Зоран Љутков, Оливер Арсовски, и Сашо Гигов Гиш, предводени од селекторката Виолета Ачковска ( со брада), со специјален авион на владата на Република Македонија одлетала денеска од аеродромот "Александар Велики" на подготовки во Сирија!
Потоа ги гледав во камповите на ИСИС како вежбаат обезглавување на непријателот со ножеви, бичкии и моторни пили, трите дисциплини во кои во сонот нацијата очекува златни медали на Олимписките игри на бранителите во Македонска Каменица!
Во овој возбудлив сон не ми се појави ниту на аеродромот ниту во понатамошните случувања, нашиот најсилен адут, Тања Каракамишева, која, разбрав во еден друг сон, имала повреда на лигаментите на левиот зглоб така што на Олимпијадата ќе била заменета со Благородна Дулиќ.
Бранко Тричковски, Фејсбук, 06.02.15.

нема
07.02 2015
И, кој е сега овде глуп? Кој си пука во ногата?

Лани потроши милиони евра за само една пропагандна порака: "На Заев не треба да му се верува".
А сега Николае Груеску му верува на Заев и троши милиони евра на пропаганда за да ја убеди јавноста: На Заев треба да му се верува!
Па уште и тајно го снима во својот кабинет и јавно се фали со снимката.
И, кој е сега овде глуп? Кој си пука во ногата?
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 03.02.15.

нема
06.02 2015
Еве ги добитниците на Пулицерова награда за новинарство за 2014

1) Вашингтон Пост, за „обелоденување на широко распространето тајно следење од страна на Национална агенција за безбедност“
2) Гардијан, за „обелоденување на широко распространето тајно следење од страна на Национална агенција за безбедност“.
Обете за случајот „Сноуден“!!!
Кои се тие идиоти од „новинари“ кои повикуваат „да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истите карактеристики“?
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 04.02.15.

нема
05.02 2015
Статистот од Драмски сега во главна улога на премиер - таен агент

На уважениот гостин Заев му ставиле во вазната со цвеќе ред микрофони, ред камери, а некогашниот статист во Драмски театар, сега во главна улога на премиер - таен агент, го научиле како полициски да истражува од каде му е бомбата на Заев. Е сега, сигурно ви текнува зошто премиерот обзнани дека првата средба ја барал Заев, другите три биле во врска со првата, ама заборави да каже кој ги барал, што подразбира дека ги барал тој лично, за да го намами шпионот во стапица.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 04.02.15.

нема
05.02 2015
Зошто Заев прво не ја активира бомбата за Младенов?!

Изјавата на Верушевски преку полномошник навестува дека тој всушност знае дека Никола Младенов е убиен. Најверојатно, во пакетот бомбастични снимки има несоборливи докази за вмешаноста на Грујо во тоа убиство. Тој од затвор дава сигнали за објавување, а овој уште ништо не презема. ЗОШТО ЗАЕВ не ја активира ПРВО ОВАА БОМБА за да му го спаси животот на клучниот сведок, Зоран Верушевски? Аман веќе. АМАН!!!
Мимоза Ристова, Фејсбук, 03.02.15.

нема
04.02 2015
Со самото почнување влегуваш во ново кривично дело од масовен облик

СДСМ кажа вчера на пресот, колку што се сеќавам „ние ќе почнеме со објавување материјали“. Со самото почнување влегуваш во ново кривично дело од масовен облик. Објавуваш прислушкувани разговори. Ќе те тужат стотици луѓе.
Драган Павловиќ Латас; МТВ / Плусинфо, 02.02.15.

нема
03.02 2015
Овие двајца не би можеле да бутнат кур у вруќ радијатор

Ја гледав снимката на Сител и ми дојде да помислам, не знам зошто, дека овие двајца не би можеле да бутнат нож у путер и кур у вруќ радијатор; уставен поредок па ич! Не знам дали сум во право?! Мора да е некоја монтажа!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 02.02.15.

нема
02.02 2015
Сеκој што мисли деκа деминутивот Маκедонче е навρедлив е неук, т.е. глуперда

Сеκој што мисли деκа деминутивот Маκедонче е навρедлив и недостоинствен е, во најмала ρаκа, неуκ. Неκој постρог од мене би ρеκол и деκа е глупеρда. Деминутивов е галовна фоρма со κоја се исκажува блисκост и љубов. Таκа, без ρазлиκа κолκав κоρоман леб или κолκаво веκниште леб имаш намеρа да јадеш, ќе κажеш деκа ќе јадеш лепче или лебец, зашто лебецот ти е насушен (суштествен) и го саκаш, неопходен ти е. Ова пρашање би го ставил на дρжавен испит, за Маκедончиштата.
Дополнување: Сигуρен суум деκа κога јадете лепче и ајваρче со сиρенце, тоа не е само едно залче, туκу после се жалите деκа ве боли тρбушκата. Таκа и Гоце Делчев со своите јуначκи Маκедончиња си κаснувал лепче и мевце до насита.
Огнен Чемерски, Фејсбук, 02.02.15.

нема
02.02 2015
Погодувате што сè ќе најдат во компјутерот на Заев

Погодувате што сè ќе најдат во компјутерот на Заев:
- секс со малолетен нилски коњ
- неверството на Марџ Симсон со помладиот комшија
- документирана аферата на Асанж со Швеџанке са бензиске пумпе
- провокативни снимки од оргијата на Буш со Осама Бин Ладен, во режија на Садам Хусеин
- доказ дека цицките на Тамара, од календарот од пелистерка се уствари од на Боки 13
- видео како Борко ја плескал втората принцеза на Емирот од Катар шеик Хамад бин Халифа ел-Тани пред утакмицата со Словенија
- цврст доказ дека седумнаесетиот фејсбук профил на Мелита, е всушност профилот на скриеното алтер его на Антонио Милошоски...
Рибаро, Фејсбук, 31.01.15.

нема
31.01 2015

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото