Боли глава

За Нова година на Стража во Куратица!

Се надевам искрено дека поголемиот дел од овие наши сограѓани кои сега го јадат стапот се гласачи на ДПМНЕ затоа што кога ние со години се буневме за фрлените милиони евра за фасади на МЕПСО и ЕВН наместо во инфраструктура, тие верните гласачи на ДПМНЕ доаѓаа во Скопје и се сликаа со спомениците и фасадите за на фб. Сега јадете го курот го заслуживте!
Но сите ние ќе го јадеме стапот со се урда. Во наредниот период се’ повеќе ќе пристигаат казните од лошите економско-инвестициски политики на оваа забегана власт. Овие денови државата ни заличи како Северна Кореја. Лидерот го гледаме на тв по сто пати да ден како не’ лаже колку ни е убаво и колку е тој паметен и колку се неговите политики исправни, додека во реалноста имаме десетици илјади отсечени граѓани без струја на -20 за време на празници!
Тоа е таа горчлива реалност која пропагандата сака да ја обои во розово! Колку само сакам некој да ги ставеше во автобус сите оние од списокот за поддршка на Грујо од УКИМ заедно со сите новинари, уредници и колумнисти од режимските медиуми и да ги остави на Стража два-три дена заглавени во снегот а потоа да ги прати еден месец во Куратица без струја да чекаат праници МАМЕТО ДА ИМ ГО ЕБАМ СКАПАНО РАСИПАНО ОДВРАТНО КУРВИНСКО!!!
Саше Ивановски, Мактел, 02.01.15.

нема
06.01 2015
Реалитизам

Дијагнозата за ваквите состојби ја дава синдромот „reality zam“, како што Маурицио Ферарис, еден од најзначајните и најпродуктивни современи италијански филозофи, го објаснува моделот кога фикцијата ја надминува стварноста и едноставно ја заменува. Целта е фикцијата да ја преработи стварноста и да ја направи поприфатлива за оној кому му е потребна „како таква“, па ја менува, ја дели како серија - во епизоди, ја шминка со специјални ефекти... Синдромот го нарекува реалитизам, бидејќи во неговата основа се наоѓаат збирови од разни reality, исконструирани во комедии со вистински ликови.
Тој реалитизам се крепи на три основни механизми. Првот е јукстапозиција. Тоа значи дека се залагате за квалитет на знаење кај студентите и за научни трудови со импакт-фактор кај професорите, а во исто време за наука одвојувате 0,2 отсто од БДП и дозволувате концептот да ви го бранат осомничени за плагијат. Вториот механизам е драматизација: се зема само еден стварен податок, а потоа тој се драматизира со помош на натуршчици - паралелен професорски пленум (некогаш и глумци) во кој тие ќе ја објаснуваат неопходноста од измените во високото образование до ниво на полуфикција. И покрај видливиот недостиг на аргументи, нивниот поход ќе продолжува до недоглед.
Третиот механизам е ониризација. Ќе се нудат „паралелни искуства“, на пример, реклами во кои студенти ќе објаснуваат во колку земји има државен испит, иако и начинот на негово воведување, и критериумите, и целата образовна политика во тие земји се инкомпатибилни со нашиот домашен концепт.
Катерина Блажевска; Призма, 02.01.15.

нема
05.01 2015
Споменици

Античкиот Дизниленд на Вардар е крајна консеквенца на сите балкански митологии и конструирани истории, проект кој можеше да биде фантастично-сатиричен концепт, да не беше многу сериозно промислен и реализиран. Се' во таа нова митологија, во надреалната мешавина на антика и барок, хеленизам и класицизам - со оние кафеански седачи крај Триумфалната капија без триумф, со псеудошпанските псеудогалии и монументални Потемкинови истористиски палати од картон и евтини гипс-плочи, со оној бронзен тип со заканувачки нож пред зградата на судот, со писатели, сликари и композитори на мостот кој води право во државното обвинителство и строгата зграда на обвинителството украсена со цитати на Мајка Тереза, како оној „Ако им судите на луѓето, немате време да ги сакате “ - се' е тоа една дивовска, разиграна заебанција на сите наши митологиски конструкции. Само што, за жал, не е.
Борис Дежуловиќ; Утрински весник, 31.12.14.

нема
03.01 2015
По ѓаволите со Новата година!

По ѓаволите со Алојзиј Лилиј и тој негов календар.

Проклети да се сите датуми и анаграфи, сите годишнини, слави и прослави. Проклета да е седмицата, проклета да е Новата година и човековите заблуди дека конвенциите нешто менуваат.

Проклета да е вашата празна, празнична еуфорија. Календарот е метафизички хорор произведен од страна на сметководителски реформатори.

По ѓаволите со сите религиозни календари и сите монденско -еклесијастички ритуали кои обидувајќи се „времето“ да го прогласат за свето, завршуваат во конформистички и евтини журки.

Мојата естетска персона ги отфрла Новата година, календарот и целата конвенција од која базди онтолошкиот смрад.

Сме мислеле ќе се најдеме, зад бројки, зад датуми, зад некаква меморија. Јас сакам овој народ да се загуби, само така можеби еден ден ќе се пронајде.

Токму овие денови во Македонија се раѓа ослободување, а календарот е како ѕид наспроти „невиноста на појавувањето и постанувањето нешто“.

Затоа, по ѓаволите со Новата Година!

Ивор Мицковски; Фејсбук статус, 30.12.14.

нема
31.12 2014
Државата и Универзитетот во Македонија се сијамски близначиња

Спротивно на вообичаеното убедување, последните рафали на взаемни обвинувања се само доказ дека државата и Универзитетот во Македонија се сијамски близначиња врз кои треба да се изврши операција на раздвојување. Универзитетот, имено, долго е дел од политичките сплетки и ја нема автономијата која, инаку, ја заслужуваат само чесни луѓе. Зашто кога би било поинаку, на обвинувањата од државата за слабото образование и за безвредните дипломи, еден независен Универзитет со критериуми и стандарди, во кој сѐ се врти околу науката и квалитетот на образованието, едноставно би ѝ одговорил на Владата дека тоа не е точно. И би го докажал тоа, ако треба. Зборувајќи од искуството на правните и политичките науки, кое нужно не мора да биде идентично со она на другите факултети, заклучувам дека е нарушен пактот за ненапаѓање, од кој имаа корист универзитетските власти и владата, но никаква корист немаа студентите. Пактот е нарушен од страна на една генерација политичари и нивни приврзаници која во изминатава декада, на лесен начин, од позиција на власт, зеде од Универзитетот сѐ што можеше да земе во форма на дипломи, титули и позиции, за, сега, да им го сврти грбот на оние кои им ги дадоа тие одличја. Чувствувајќи се изиграни, професорите им се придружија на студентите кои, логично, не сакаат уште еден испит, зашто сметаат дека верификација на нивното знаење е положениот испит пред професорите. Деканите, пак, не можат гласно да ѝ викнат на државата дека образованието е одлично и дека секоја диплома е заслужена, зашто знаат дека кај обвинителите се доказите дека тоа не е така. Во секое зло - добро. Можеби е ова време на отрезнување...
Денко Малески; Плусинфо, 29.12.14.

нема
29.12 2014
Грујо работи за себе, а не за иднината на Македонија?!

Вака сеа, Грујо не сфаќал зашто сегашниве студенти протестираат коа зааконот не ги фаќа нив, туку ги фаќа идните студенти. Од тоа заклучуваме дека он се’ што прави, прави за себе, а не за иднината на Македонија. Таа ли е логиката?
Урош Вељковиќ; Офф.нет / Мактел, 26.12.14.

нема
27.12 2014
Мојата куса, единствена реплика кон нив е оваа – марш, пичка ли ви лепа материна, ѓубриња едни!

Јас веќе не само што не сакам да негувам пријателство, туку одбивам и да разговарам со луѓе чија „морална“ позиција е „рацете ми се крвави, ама совеста ми е чиста“. Мојата куса, единствена реплика кон нив е оваа – марш, пичка ли ви лепа материна, ѓубриња едни! Тоа е таа демонстрацијата на мојата духовна надмоќ, единствената што сатрапите можат да ја разберат со нивните изопачени умови и што некако може да се слушне во кусите интервали на будност во оваа наша „заспана долина“.
Бранко Героски; Плусинфо, 22.12.14.

нема
25.12 2014
Ружна ви е владата!

Едно од најавтентичните, спонтани, соочувачки скандирања се случија на денешниот протест. граѓаните извикуваа: „Ружна ви е владата! Ружна ви е владата!“ Каква сублимност за бесрамното владеење на ДПМНЕ! Да, ружна е бидејќи е симбол на нивната кражба не само на пари туку и на вредности, на меморија, на континуитет, на референци за квалитет.Ружна е оти во неа е стечено варварството на ова владеење. Ако, нека тераат… ама и ние ќе тераме… па ќе видиме кој до каде ќе дотера… значи да повториме: Ружна ви е владата! Ама стварно ви е ружна, и однадвор и однатре…
Искра Гешоска; Фејсбук статус, 22.12.14.

нема
22.12 2014
Мудрост

Од проектите со Кина има корист на краток, среден и на долг рок.
Никола Груевски, на самитот во Белград меѓу Кина и 16 источноевропски земји; Фокус, 19.12.14.

нема
20.12 2014
Боцевски и Велиновска!

Боцевски и Велиновска! Секогаш сум го почитувала правото на поинакво мислење, затоа што без тоа нема култура на дијалог, нема напредок, нема демократија. Од друга страна, секогаш сум сметала дека има некои блескаво црвени линии на морал, пристојност, чест, достоинство и доблест, под кои не смее да се оди. Да застанете против своите деца кои протестираат заради вашите лоши мерки на воспитание и образование, значи дека сте невоспитани и необразовани. Да застанете против нив, значи дека застанувате и против нивната иднина. Како такви, не можам да ве сметам за идејни ривали и конкуренти во натпреварот на ставови, позиции и аргументи. Ве сметам за мои непријатели и непријатели на мојот народ. За предавници на сопствените деца, а тоа е непростлив грев.
Гордана Попсимонова, професор; Глобус / Окно, 19.12.14.

нема
19.12 2014
Хомосексуалците во другите земји никогаш не влегуваат во конфликт со нормалниот народ

Хомосексуалците во другите земји се популарни, ама они никогаш не влегуваат во конфликт со стрејт. Никогаш не влегуваат во конфликт со религијата, никогаш не влегуваат во конфликт со нормалниот, обичниот народ.

Јанко Илковски, Република ТВ, 17.12.2014.

нема
18.12 2014
Може сум бил на студентскиот марш, а може и не

Може сум бил на студентскиот марш, а може и не, јас не морам да ви одговарам, а вие ако сакате да дознаете погледнете ги снимките од протестите за да проверите.
Кирил Спировски, претседателот на Студентскиот парламент, одговара на новинарско прашање дали се појавил на еден од двата студентски протести против државниот испит во високото образование; Нова Тв, 15.12.14.

нема
16.12 2014
Македонија денес УВЕЗУВА 60% ПОВЕЌЕ струја отколку во 2006 година

Факт број 1: Македонија денес произведува 7,6% помалку струја отколку во 2006 година. Факт број 2: Македонија денес УВЕЗУВА 60% ПОВЕЌЕ струја отколку во 2006 година. Готово, не треба повеќе објаснување. Фамилијата на власт прави ОГРОМНИ суми од увоз на електрична енергија. Особено го сакаат овој бизнис бидејќи струјата ниту се копа, ниту се ора, ниту се товари на камион. Еден потпис и ете неколку милиони евра на сметките во Доминикана, Белизе, Швајцарија...
Дамјан Манчевски, функционер на СДСМ; Слободен печат, 15.12.14.

нема
15.12 2014
“Оваа ноќ ти вадиме четири години. Кога поминаа”

Беше тивка есенска ноќ на медиумските гробишта. Студена тишина, мрак, облачното небо не и дозволуваше на месечевата светлина да продре барем колку да го видиме ликот на оној што бавно чекореше кон еден од гробовите во Алејата на великаните. Најпосле стаса. Положи букет на гробот на “А1″ и тивко прошепоти: “Оваа ноќ ти вадиме четири години. Кога поминаа”. Повторно мртва тишина. А кога чудниот посетител во тивката морничава ноќ на медиумските гробишта тргна да си оди, од гробот како да се чу глас: “Ти барем си жив”. Се заврте. Стоеше кратко молчешкум, па гневно рече: “Да жив сум… А ќешки и јас да загинав како тебе… Мене сега секој ден ме силуваат”. Беше веќе појден по патот од кај што дојде кога месечината конечно пушти зрак низ магливиот воздух, доволен за да му го видиме ликот, осакатен, несреќен, прекриен со лузни и болка од оловната тежина на буквите на силувачите. Беше тоа “Дневник”, згужван во лицето, збрчкан како пари напикани во шише, кои одамна ја изгубиле својата вредност.
Сашо Кокаланов; Слободен печат, 13.12.14.

нема
14.12 2014

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото