Боли глава

Геноцид над цивилното население во Газа

Во минутите во кои ги пишувам овие редови се врши геноцид над цивилното население во Газа. За тоа време светот ги кити своите новогодишни елки. Екот на веселбата и еуфоријата на Божикните и новогодишните празници е, како и секогаш, побучен од лелекот на оние што умираат, на осакатените, на обездомените и ужалените. Сепак, празниците постојат за да носат среќа, радост и надеж, а некои геноциди застаруваат истовремено додека се вршат.

Среќна Нова година!

Мирослав Грчев, Слободен печат, 28.12.23.

нема
02.01 18:30
Апокалипсата би помислила дека веќе ни се случила

На 21 декември нема да се случи крај на светот. Без разлика што веќе дваесет години последователно сме во крајот на светот, убеденa сум дека на 21 декември годинава нема да се случи апокалипса. Без оглед што ние дваесет години сукцесивно го живееме крајот на светот, убедена сум дека на 21 декември нема да се случи крај на светот. Ние пропаѓаме како и сите други. Целата Земја е под влијание на неверојатни цунами, војни, урагани, поплави...

Ако случајно апокалипсата некогаш ја заобиколи Србија, таа би се збунила, не би знаела што да прави. А знаете зошто? Зашто и политичарите и сите други што можеле да уништат нешто, уништиле сè, па сме опустошени. Апокалипсата би помислила дека веќе ни се случила.

Клеопатра, српска пророчица; ТВ Хепи, 19.12.23.

нема
22.12 09:42
Елката бе!

Ако укуцаш у гулг CAPITAL OF KITSCH, ќе ти се појават милион текстови за Скопје. Еден пријател од странција вика: It's not kitsch, it's UBER-kitsch!

Aма елката била ружна.

Елката бе!

Костадин Шурбановски, Фејсбук, 19.12.23.

нема
19.12 21:58
„Кај Алумина ќе се гради фасцинантен комплекс со 80% зеленило“

Со нови современи објекти, како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија, Белград, Карпош ќе стане водечка општина во државата. (...) Станува збор за површина на која ќе доминира зеленилото, кое ќе опфаќа 80% проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје. (...) Противниците на проектот се запрепастени од квалитетот на проектот, од онаа убавина која многу граѓани ја поддржуваат да се изгради.

Стевче Јакимовски, на прес конференција; 12.12.23.

нема
16.12 12:13
Како бе нема можност за втор мандат за оние што одлично си ја бркаат работата?!

Неколку пати сум ја видел претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска НаТочак. Ми текна дека е една од ретките кај нас што ревносно и чесно си ја обавува својата ни малку лесна функција. За некој месец ѝ завршува мандатот, како и на целата комисија, без право на реизбор. Претпоставувам, со оглед на сите притисоци, закани и навреди со кои била соочена овие неколку години, дека не би се нафатила на уште еден мандат, дури и да ѝ го понудат.

Сепак, се прашувам: како бе така нема можност за втор мандат за оние што одлично си ја бркаат својата работа во државава, а истото тоа правило не важи за разноразни сомнителни партиски мрзливци и кримоси улежани со години по институциите? Како тоа антикорупционерите да немаат можност за продолжување на мандатот, а корупционерите да си тераат лабаво по два-три мандати?

Костадин Шурбановски, Фејсбук, 02.12.23.

нема
12.12 09:52
Палевски беше со претседателите на Левица и ДПМНЕ на протестите со гилотини и молотови коктели

Кој мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата која сакаше да влезе во зградата на Владата, при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беа и тој Палевски што го спомнувате. Се сеќавате дека таму беше и претседателот на Левица. Се сеќавате дека таму беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќавате дека таму беа и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие кои цела година тоа го организираа.

Димитар Ковачевски, 360 степени; 07.12.23.

нема
08.12 12:18
Просто е навредувачко ова припаѓање во несвест

Мислам дека доблесно е оние кои меѓусебно се факторизирале со осомничените да се воздржат од критики и загрижености, било да се политичари кои шурувале со нив или “новинари” кои добро знаеле кого и како промовираат и каква омраза сеат.

Просто е навредувачко ова припаѓање во несвест.

Подобро нека почекаат официјални информации, нека размислат за својата улога, па тогаш нека се обратат.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 03.12.23.

нема
04.12 12:32
„Ќе дојдеме полека и до правда за Грција, но и до правда за Македонија!“

Во право е Кирјакос Мицотакис и кога вели дека поставувањето на таканаречените „Елгинови“ столбови во Британскиот музеј е како да го пресечете лицето на Мона Лиза на два дела.

Има уште подобар пример кој што можел да го искористи грчкиот премиер. Поставувањето на таканаречените „Елгинови“ столбови во Британскиот музеј е како насилно да преименувате една земја во „Северна…“ против волјата на нејзиниот народ.

На „Елгиновите“ столбови местото им е во Атина, во прекрасниот Музеј на Акропол, исто како што нашето име е Република Македонија!

Ќе дојдеме полека и до правда за Грција, но и до правда за Македонија!

Ивица Боцевски, на веста дека Велика Британија не сака на Грција да ѝ ги врати скулптурите кои Британците во 19 век ги отклесале од фасадата на древниот грчки Партенон на ридот Акропол во Атина; Фејсбук, 27.11.23.

нема
29.11 09:11
„Во затворите речиси нема Македонци“

Бидејќи „Сашовци и Грујовци“ не знаат албански јазик, нема каде да ги сместиш во затворите пренаселени со македонски Албанци. Во овие затвори, каде што речиси нема Македонци и „жителите“ зборуваат само албански, тие нема да имаат со кого да разговараат на својот македонски јазик!

И дали некој е стварно толку наивен да се надева дека Албанците од македонските власти се таму за да ги спасат своите сонародници осудени на доживотен затвор преку монтирани судски процеси?!

Ким Мехмети, Shqipmedia, 08.11.23.

нема
22.11 11:09
Апсурдно е да се дебатира дали сме медиум

Апсурдно е воопшто и да се дебатира дали сме или не сме медиум. Вакви „дебати“ доликуваат во држави како Северна Кореја и Бахреин, а не во држава која се нарекува европска.

Сашка Цветковска, ИМА, 17.11.23.

нема
20.11 09:25
За самоубиство не се информира!

Колеги, крајно непочитување на професионалната етика е да се шпекулира самоубиство.

Не може да се напише „жена падна или скокна” без прво да знаете дали паднала или скокнала.

Ако скокнала - нема зошто да објавите.

Ако паднала и се отворат прашања за безбедноста на трговскиот центар - тоа е друга приказна.

За самоубиство не се информира!

Лекција број еден!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 15.11.23.

нема
15.11 15:41
Ова не може да помине

Скандалозни се наодите на судот со кои се сугерира дека на ИРЛ наводно им требало дозвола за да емитуваат истражувачка содржина. Уште поскандалозна е забелешката дека ИРЛ биле здружение на граѓани, но не биле здружение за објавување информации во средствата за јавно информирање.

Ова е преседан со кој суд од македонското правосудство укажува дека за некое здружение да може да објави став или наоди од истражување во јавноста, всушност му била потребна дозвола или посебна регистрација. 

Дали тоа значи дека неколкуте илјади граѓански здруженија и невладини организации од утре не треба да комуницираат со јавноста? Ова не е цензура, ова е судски диктат кој не може да помине.

Марјан Забрчанец, Фејсбук, 11.11.23.

нема
12.11 11:10
Во меѓународната политика нема гаранции за ништо

Она што знаеме со сигурност: во меѓународната политика нема гаранции за ништо. Сме се извлекле толку пати, можеби ќе се извлечеме пак, е ставот на противниците на промените на Уставот.

Лично сметам дека без напредок кон ЕУ, опстанокот на македонската држава е загрозен. Мислам дека ѓаволот ја однесе шегата и дека, ако повторно заглавиме, овојпат тешко ќе се извлечеме. Се случува нешто многу сериозно со македонското општество, нешто што сече преку границите на партиските поделби.

Денко Малески, Слободен печат, 06.11.23.

нема
08.11 11:59
Крајот на поезијата

Во смачканата Газа децата на дланките ги запишуваат своите имиња и чии се.

Со тоа човештвото напиша сè за што вредеше да се пишува.

Менсур Ќатиќ, Фејсбук, деновиве

нема
03.11 10:10

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото