Боли глава

Во ВМРО ДПМНЕ се најголемите платеници на бугарските служби

Во 2014 година во време на владата на ВМРО ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија, објавува едиција PRO MAKEDONIJA во која во најмалку 70 книги пишува дека населението во Македонија е бугарско.Автори се војводи, комити, Илинденци и странски автори.

Паралелно со тоа Архивот на Македонија во време на ВМРО ДПМНЕ, додека е директор Зоран Тодоровски, објавува уште најмали 50 книги каде исто пишува дека населението во Македонија е бугарско.

Со овие документи, за жал, испаѓа дека во ВМРО ДПМНЕ се најголемите платеници на бугарските служби.

Љубчо Георгиевски, Фејсбук, 22.06.23.

нема
26.06 09:56
ВМРО не претставува никого

Никој не може да ме убеди дека непризнавањето на бугарско малцинство во земјава за сметка на полно ЕУ членство е цена што вреди да се плати и дека обичниот граѓанин се согласува со тоа.

ВМРО не претставува никого. Левица претставува млади кои оваа позиција ја гледаат како анти-империјалистичка; и во ЕУ има евроскептична радикална Левица. Затоа нив ги оставам на страна, барем некого автентично претставуваат. Мицковски не го претставува просечниот човек. Не ми ги цитирајте манипулативно изведените – а некои и апла фејк – анкети.

Конечно, секому и со IQ под 90 му е јасно дека признавањето на бугарско малцинство значи разлика од македонското мнозинство. Ова противење не е мотивирано од патриотизам туку заднински олигархиски интереси.

Катерина Колозова, Фејсбук, 14.06.23.

нема
23.06 18:39
Е нема посмешна вест од таа дека Судскиот совет ќе одел во струшкиот суд

Е нема посмешна вест од таа дека Судскиот совет ќе одел во струшкиот суд да видел дали Мерко влијаел врз судот. Ха, ха, зини да ти кажам.

Колку години се знае дека во еден ден судот ја деблокира сметката на општината, за да купат коли, и потоа пак ја блокира?!

Герман Филков, Фејсбук, 21.06.23.

нема
22.06 09:21
Проекцијата на иднина е привилегија на богатите хетеронормативни луѓе

Трн: За 10 години од сега каде се гледате, кои предизвици ви стојат?

Славчо Димитров: Проекцијата на иднина за 10 години е привилегија на богатите хетеронормативни луѓе, којашто не можам да си ја дозволам.

Славчо Димитров, trn.mk, 12.06.23.

нема
16.06 20:34
Да му дадеме шанса на некој друг

Да му дадеме шанса на некој друг, можеби професионалец исто така, кој можеби има шанси да биде подобар, нормално апроксимативно, можеби има шанса да биде и полош од Јовев.

Арбен Таравари, СДК, 14.06.23.

нема
14.06 11:04
Кој ќе го спроведува ветингот?!

Судски совет „се распадна” кога на дневен ред дојде да се дискутира за одговорност за апелациски судија кој развлекуваше постапка против политички моќник. Очигледен е партискиот отпечаток во работата на судскиот совет.

Ако партиите имаат значително влијание врз судството, како ветинг којшто тие ќе го пропишат може да го реши проблемот со судството?!

Напротив, оној што има дадено предлог закон за ветинг има намера да воспостави уште поголема контрола врз судството. Просто ко пасуљ.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 06.06.23.

нема
07.06 15:46
На секое раководно место мора да биде поставен поглуп од министерот

На секое раководно место мора да биде поставен поглуп, понеспособен и понепрофесионален кадар од министерот. Ова станува сè потешка задача зашто за министри доаѓаат најглупите, најнеспособните и најнепрофесионалните кадри кои може да се ископаат од тињата во државата.

Недостатокот ќе биде надоместен со кадри кои доаѓаат од свежо отворените факултети за штанцање дипломи.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 05.06.23.

нема
05.06 20:04
Адам од Говрлево

Нивото на цивилизациски развој на 95% од народов е = Адам од Говрлево.

Искра Спарк, Фејсбук, 01.06.23.

нема
02.06 19:12
Вести од Европскиот блок

Холандија замрзна проект со Судскиот совет, за нив тоа е „нелигитимно тело“.

Амбасадорот вели гледа корупција, клиентелизам, трговија со влијание, притисок врз невладиниот сектор…

Или, со други зборови, „само уште една тешка одлука и готово - ние сме Европа“.

Море, Европа и пол… Накај две.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 28.05.23.

нема
29.05 07:36
Знаете што е најголемиот пораз за оваа држава?

Знаете ли, бе, што е најголемиот пораз, срам и унижение за оваа држава, овој народ и цела една нација? Се крие во реченицата на универзитетскиот професор по политички студии од универзитетот Синсинати во САД, по баба кукушанецот, Бугаринот Иван Динев Иванов, кој на дебата на една национална телевизија со еден наш познат политички аналитичар му го кажа следниот статистички податок:

„По распадот на комунистичкиот лагер во цела Источна Европа, вие (Македонија) имавте 1,8:1 повисок бруто домашен производ по глава на жител во однос на нас (Бугарија). Денес ние (Бугарија), по повеќе од триесет години имаме двојно поголем (2:1) бруто домашен производ по глава на жител од вас (Македонија)“.

За три децении на општествениот, економскиот и животностандарниот развој, нашите мили источни соседи Бугарите, не само што нè престигнале, туку и нè претркале во развојот и сега, по сите официјални светски параметри,  се двојно побогати од нас како нација/граѓани.

Благојче Атанасоски, Слободен печат / Окно, 12.05.23.

нема
24.05 19:17
Изјавата на Ковачевски е добра но многу задоцнета

Драго ми е што премиерот Ковачевски конечно, пред европската јавност, изјави дека бугарскиот „дискурс кон е Македонија сличен на тој на Русија кон Украина“.

Кога познавачите на ЕУ пред една година тоа го говореа, беа обвинети дека се хистерични, анти Европа итн. Некои беа најдрско и со груевистички (да не речам сталинистички методи) избркани од работа, но на таа тема во друга прилика.

Изјавата на Ковачевски е добра но многу задоцнета. Да имаше храброст да ја изговори пред една година, да имаше храброст да и каже на ЕУ дека процесот на промена на Уставот не се прави по нарачка и на копче бидејќи Мк е демократска држава, да имаше капацитет да предвиди дека дефилето на ЕУ политичари и функционери низ Скопје е контрапродуктивно и да имаше храброст да тргне во вистинска дебата со буквално целото општество околу францускиот предлог, земјата немаше да биде во овој европски хаос од кој ретко кој гледа демократски излез.

Дојдовме до степен кога ни избори нема да ни помогнат.

Светлана Јовановска, Фејсбук, 18.05.23.

нема
22.05 19:28
Животот на трансродовите лица не е подеднакво вреден за заштита

Пораката од институциите до мене е јасна: мојот живот и животот на трансродовите лица не е подеднакво вреден за заштита. Со законот (за матична евиденција) се овозможува да се сменат личните документи кои го засегаат само лицето кое ги поседува и институциите пред кои ги приложува. Никој не ми бара лична карта за да влезам во женско веце. И сега со М во лична карта влегувам ви женско веце и ништо од тоа што го предвидуваат противниците не се случи, не се распадна семејството, не се распадна општеството.

Трансродовите луѓе во оваа земја менуваат документи, постапки кои се провизорни и можат да траат до 10 години. Со овој закон, наместо да ни се менуваат документите со одлука на Европскиот суд за човекови права, ќе се менуваат со одлука на Управата за матична евиденција. Наместо да се менуваат за една деценија, ќе се менуваат за еден месец. За трансродовите луѓе ова значи многу, значи дека нема да изгубиме 10 години од животот кои оставаат трајни последици; значи дека ќе можеме да си најдеме работа, да не бидеме социјални случаи, да не ни страда здравјето поради стравот и анксиозноста на секое одење во банка или на граница.

За разлика од нас, овие документи ништо не им значат на останатите граѓани. До сега околу 14 трансродови луѓе ја смениле ознаката за пол и матичниот број, па ете, не дојде до тој крај на светот како што предвидуваат противниците.

Лила Митиќ, во Собранието на РСМ, 17.05.23.

нема
18.05 11:20
Во Филхармонија треба сите да се отпуштат и да се воведе реаудиција

Искрено, филхармонија беше најсветското место во Златна Македонија, културна оаза со одлична програма и одлични гости и оркестар.

Ама толку ми ја огадија филармонијата баш истите тие музичари и нивното раководство со оваа одвратна малограѓанска несолидарност, лошотија и злоба кон колегите од џез оркестарот, што нема да стапнам таму веќе, па ако сака и јо-јо ма нека дојде.

Срам да им е на сите нив.

А срам да ни е и на сите нас што допуштаме злотвори да ни ја киднапираат културната баштина.

Заради рестарт и оправање треба сите да се отпуштат и да се воведе реаудиција за секое работно место сосе директорското. но министерството за култура очигледно не е кадарно за таков рестарт.

Марина Костова, Фејсбук, 12.05.23.

нема
15.05 11:06
Субвенции за одгледување кози во урбани средини

Шетам денес низ град и гледам колку сè е зараснато и непокосено, џбуновите и дрвата неискастрени...

Со вакви градоначалници/началнички едини спас ни е министерство за земјоделие да почне да дава субвенции за одгледување кози во урбани средини.

Никола Писарев, Фејсбук, 11.05.23.

нема
12.05 16:49

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото