Разлики

09.03.2011 15:10
Разлики

Фотографот Саша Голдберг ја употреби својата баба Мамика и уште еден модел Тереза за да ја покаже разликата меѓу две прилично различни возрасни групи. Tие позираат на истиот начин и во истите простории, со една разлика – годините.

Не само што тие изгледаат различно, туку и се однесуваат различно – старата жена во себе го носи проживеаното и многуте стекнати искуства кои се забележуваат преку нејзиниот став, додека помладиот модел има понаивни пози и не може да ја сокрие својата младешка енергија која блика од секоја нејзина пора.

Во секој случај станува збор за еден многу интересен фотографски проект чија цел воопшто не е да покаже како ќе изгледа еден модел во својата старост, туку да предизвика многу прашања во врска со искуството и проживеаното.

Извор: awesomenator.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото