Лош сон

31.03.2011 11:14
Лош сон

Колумнава ја пишувам во понеделникот доцна вечерта, по промоцијата на книгата кратки раскази „Скопски приказни од 2014“ од Пандалф Вулкански, во издание на Темплум.

Во Клубот на Граѓаните за европска Македонија беше одбележана двегодишнината од погромот на скопскиот плоштад, кога на 28 март 2009 година беа натепани и набркани студентите од Првата архибригада. Потоа беше опструирана иницијативата за референдум за/против изградба на верски објекти на плоштадот што ја покренаа Плоштад Слобода и ГЕМ. А потоа почна вртоглавиот грабеж наречен „Скопје 2014“, оргија на кич и провинцијализам, „антиквизација“ која денес се разоткрива како хеленизација. Тоа не може да го затскрие ни лавиринтот од тараби низ кои се провираат сè помалку граѓани. Врхушката на власт продолжува да го празни државниот буџет така што претура во касата на општина „Центар“. Од општинската каса парите се претураат во приватни џебови. Груевски наредува, Тодоровиќ потпишува. Леснотија без преседан во македонската историја. Бесрамност која се граничи со лудило.

Никола Груевски еднаш имал сон. Си лежел тој спокојно на скопскиот плоштад и броел облаци. Одеднаш небото се замрачило и пред Груевски се појавил Александар Македонски. „Тргни се, ми го попречуваш сонцето,“ му рекол Никола Груевски на Александар Македонски.

***

Друг пат Никола Груевски на плоштадот сонил црква и од црквата слушнал глас: „Несвесното да се доведе до свеста – тоа е хероизам. А свесното да се потопи во несвесното – тоа е СК 014.“ По наглото будење, целиот облеан во пот, но необично исполнет како да доживеал трансцедентално искуство, Груевски веднаш го повикал Мартин Протоѓер да ја запише мислата за (не)свесното, за на тој начин, во времето, симболички да се обележи почетокот на проектот СК 014.

„Сон“ е првата прозна минијатура во книгата на Пандалф Вулкански, кој се надоврзува на минијатурите на Данил Хармс, Бертолт Брехт и великанот на австриското книжевно кабаре, Карл Краус.

Овде триумфална бетон капија, онде втора плажа на која ќе биде забрането капењето. А над плажата, на калето кое е затворено за посетители, виснало железното црковно скеле. За него се кршеа глави и се пушташе крв, православна и муслиманска. Со камења и со стапови, муслимански и православни. Десет години по крајот на војната.

Македонија тоне во долгови, груевци продолжуваат да ја задолжуваат. Македонија гладува, груевци пет пари не даваат, ни од своите ни од народните кои си ги присвоиле. Македонија боледува, груевци се луксузираат. Македонија умира, груевци ѝ подготвуваат закоп. Не штедат. Се множат анекси на јавните набавки. Метрополата забрзано ја претвораат во некропола. Најголема на Балканот, најголема во Европа. Гробницата на Александар не се знае каде е, но затоа гробница на Македонците ќе биде Скопје, нивниот главен град! Ако по ништо друго, Македонците ќе бидат запаметени по тоа дека заради недофатливото минато се откажале од дофатливата иднина. Истражувањата алармираат дека младите не гледаат иднина, мечтаат за бегство од татковината. А груевци? Пет пари не даваат, два пати неделно бесплатно ги развезуваат скопските пензионери со автобусите на ЈСП.

Првата жртва на груевци, пред две години на плоштадот, беше здравиот разум на стотина млади граѓани. Оттогаш до денес, секојдневно, ширум Република Македонија, жртва на груевци е здравиот разум на стотици илјади нејзини граѓани, млади и стари. Тие што веруваа дека Груевски не го дава името, тие што садеа тутун, чуваа крави, садеа лозја, се радуваа на зголемените плати и пензии. И тие што денес јавно ги фрлаат книшките. И тие што веруваа дека Груевски ќе донесе инвестиции и ќе отвори нови работни места. И тие што ја „фризираа“ статистиката. И тие што лажеа и тие што ги премолчуваа лагите. И тие што беа „пеглани“, па денес мораат да го голтнат она што го кажале вчера. И тие што одлежаа робија во притвор. И тие што затвораа очи за да не видат. И тие што не му веруваа ни на сонот ни на јавето, кошмарни и едното и другото. Зар треба да редам уште за да ги набројам стотиците илјади измамени, сите прелажани од грстот измамници кои нè јавнаа. Нивната „преродба“ се претвори во бреме кое се заканува грбникот да ни го претвори во пластелинска врвца.

Но, телевизијата А1 сè уште емитува. Ја има поддршката од над 660.000 граѓани. Весниците „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“ сè уште стигнуваат до своите читатели на рацете од новинарите. Гемовци патуваат низ Македонија и разговараат со граѓаните кои во сè поголем број ги посетуваат дебатите. Ѕидниот весник на Првата архибригада во саботата осамна на тарабите на плоштадот. Отпорот не е задушен. По Скопје сè помалку се молчи. Медиумите кои се пореваат под притисокот на груевци не можат да ја премолчат сета забеганост на власта, која гази и граба што може. Дури и медиумите кои се под контрола на груевци не можат да ги затнат сите дупки низ кои протекува гнасотилакот на груевистичките недела на кои засега не им се гледа крајот. „Сакаме избори“, повторуваат излажаните и ограбените, „мора да му се стави крај на разнебитувањето на Македонија!“

Можат ли оние 220 милиони евра да го спречат будењето на Македонија од лошиот сон на „преродбата“, така гласи прашањето на денот со кое Македонија ќе се соочи во јуни.

Слики: Raquel Aparicio

Одличен памфлет * Сонот

Одличен памфлет
* Сонот продолжува ... Милчин сонува,
СДСМ победува на избори со 61 пратеник , Бранко го вика *Владе* , и сеа шо ?!
ајде сега пиши нешто да те видам !!! ШО Ќе Праите ??

Мене ако ме прашуваш: ќе ги

Мене ако ме прашуваш: ќе ги национализирам имотите на преродбениците (на сличен начин на којшто тие ги „национализираа“ колите на Шпиц и Време). Второ, ќе направам компромис со Грција. Трето, ќе ја демократизирам земјава (доста више диктатура и аздисаност! Македонија треба да биде реално плурална, а не феуд на партии-гангови и етнички племиња).

Благодарение на ваквите

Благодарение на ваквите колумни и ставови и серењето иде полесно, благодарам особено за оние умови како што е преродбеник од следните и сличните загари

Ти и твојата партија НАЈМАЛКУ

Ти и твојата партија НАЈМАЛКУ можете да зборувате за сиромаштија и за глад. Во ваше време моите родители останаа без работа бидејќи беа брутално избркани бидејќи им се приватизираа фирмите без никакви правила и закони. Како не ви е срам. За лошата ситуација во Македонија може да зборува било кој само не Вие и партијата во која имавте висока позиција. Како не ви е срам!!!??

Г-не Милчин секогаш со

Г-не Милчин секогаш со внимание ги читам вашите колумни. Да се надеваме дека по изборите не ќе има потреба од нив, барем не во ваков вид. Кога конечно и преродбеничкиве загари ќе станат непријатно минато. Честитки за граѓанската свест и совест што ја демонстрирате.

И јас се надевам дека после

И јас се надевам дека после изборите не ќе има потреба од вашите колумни и ќе бидете принудени да се пензионирате затоа што Сорос нема веќе да вложува во вас ептен сте истрошени и прочитани.

Да забележиме еден неспорен

Да забележиме еден неспорен триумф. Милчин го стави Миленко, колку што е голем, во шише. 100:0 на противнички терен! Додуша, не можеше да се очекува ништо помалку во дуелот на еден универзитетски професор наспроти поранешен спортски новинар. Убедливо, јасно, аргументирано! Значајна победа во предизборието. Мал чекор за Владе Милчин, голем чекор за слободата и достоинството на Македонија.

ОкоБоли главаВицФото