Епидермалното его

06.04.2011 09:26
Епидермалното его

Во еден необичен психоаналитичарски текст најдов делумно објаснување за опседнатоста на водачот на преродбата со фасадите, со површното, со сликите и впечатоците. Како што велеше Пол Валери, суштината ја измислува кожата. Според францускиот психоаналитичар Дидие Анзју, мислата е епидермален процес. Според него, кожното или епидермалното его настанува како одговор на потребата од нарцистичка обвивка која на психичкиот апарат му дава чувство на целовитост и сигурност. Кожното его настанува во најраната фаза на формирањето на личноста, и негова битна одлика е двослојноста. Како и “внатрешното“ его, ова епидермално его е фантазмична формација, и за разлика од него, тоа е поделено со хранителската околина. Детето ја дели кожата со мајката, и низ неа ги прима сите најрани импулси. Просто, самата комуникација и јазикот се стекнуваат низ кожата. Со самото тоа функциите на епидермалното его се поклопуваат со функциите на кожата како физички орган: тоа ги воспоставува границите, дава заштита, овозможува заокруженост на личноста и ја регулира размената со околината овозможувајќи ги процесите на интеграција. Кожата носи лузни што доаѓаат однадвор, но ги покажува и патолошките промени што доаѓаат однатре. И токму тоа епидермално его го наведува човекот во сопствената инструментализација да ја пронајде сржта на своето постоење. Обвивката, којашто е формирана од нарцисоидниот стремеж, ја одржува илузијата дека околината непосредно и неизоставно реагира на секој импулс што доаѓа однатре. Епидермалното его е сфера на чист реципроцитет, и тоа и’ овозможува на психата да се опредмети во стварноста (Anzieu, The Skin-Ego, 1989).

Ми се чини, велам, дека овој концепт за епидермалното его (на водачот) делумно може да ја објасни патолошката халуцинација во која нашата нација живее веќе пет години. Фамозниот „идентитет“ под груевизмот се разбира како светната површина, токму некакво епидермално его, можеби со функција на блескав огледалски штит со којшто чудовиштето Медуза ги убивало своите непријатели... Нарцисоидниот груевизам, значи, ништо друго не прави освен што цело време, неуморно, произведува огледалски одсјаи, до изнемоштеност ја гланца површината и се обидува, како Џим Кери во филмот „Труман Шоу“, да се раскомоти среде сопствените Потемкинови села создадени од кулиси и слики.

Деновиве од печат излезе книгата „Скопски приказни од 2014“ од Пандалф Вулкански. Токму првиот краток расказ во книгата добро го долувува она што се обидувам да го објаснам:

Сон

Никола Груевски еднаш имал сон. Си лежел тој спокојно на скопскиот плоштад и броел облаци. Одеднаш небото се замрачило и пред Груевски се појавил Александар Македонски. „Тргни се, ми го попречуваш сонцето“, му рекол Никола Груевски на Александар Македонски.

***

Друг пат Никола Груевски на плоштадот сонил црква и од црквата слушнал глас: „Несвесното да се доведе до свеста - тоа е хероизам. А свесното да се потопи во несвесното - тоа е СК 014.“

По наглото будење, целиот облеан во пот, но необично исполнет како да доживеал трансцендентално искуство, Груевски веднаш го повикал Мартин Протоѓер да ја запише мислата за (не)свесното, за на тој начин, во времето, симболички да се обележи почетокот на проектот СК 014.

А можеби сепак, вообичаено, само си правам бајрам на умот, ловејќи аналогии, историски примери, психолошки проникнувања, или макар елегантни утехи... Можно е нашиот ПР диктатор, еманацијата на неспособноста на македонскиот дух (дури и во втората деценија на 21 век!) да организира цивилизирана заедница, многу попластично и попрецизно да ја опишал мајсторот за ориенталните карактери, Иво Андриќ, на едно место во „Крајпатните знаци“:

„Кај оние кои го познаваа слабо или никако тој важеше како вешт и снаодлив човек, лицемер и мудрица, а всушност беше изгубен и смотаница, кој застанува на секој чекор и се двоуми пред секоја одлука, а кога еднаш ќе се реши за нешто, обично го избира најлошото решение, и го изведува бавно и неспретно. Работата беше во тоа што тој пред луѓето се правеше ладнокрвен и остроумен, на ист начин како што навистина умните и решителни луѓе често се претставуваат како непрактични фантазери. Оној што ќе го видеше онака сосредоточен, мирен и замислен, ќе си помислеше дека тој сега студено и свесно го смислува најкусиот пат до целта, а всушност тој во таквите моменти обично мислеше на задоволувањето на своите груби сетилни барања или на ситните и саможиви амбиции и суети, а мошне често само за бесмисленоста и безвредноста на сите човечки цели и напори. Фриволен дух и слаб човек, кој не се познаваше ни себеси ни светот околу себе и кој органски беше неспособен за каков било напредок во таа смисла. Живееше во заблудата за себе и несвесно ги мамеше и изневеруваше сите оние кои би се обиделе да се потпрат на него. И тоа не поради некоја своја лажливост или злоба, туку зашто и самиот себе се лажеше. Беше доживотен роб на сексот и суетата, а се плашеше и срамеше од сето она што го преземаше за задоволување на своите страсти. Накусо, беше човек којшто мир не наоѓа додека е жив, туку можеби дури по смртта. Можеби. А тоа што често изгледаше поинаку, ја правеше работата само уште потешка и полоша и по него и по луѓето околу него.“

слики: Adhika Rahmani

„Глобус“, 05.04.11.

Коља толку e опседнат со

Коља толку e опседнат со Груевски, да прочита текст за парење на тетреби, пак ќе го поврзе со него.

Идиоте Посвршно, само мало

Идиоте Посвршно, само мало информација за тебе: ГРУЕВСКИ (т.е. неговата потесна Фамилија, и малку проширената партиска машинерија) троши околу две третини (66%) од целокупната вредност што се произведува во земјава! Буџетот на владата е отприлика пола од целокупниот бруто општествен производ, а јавните претпријатија контролираат дополнителни 10-15 од бруто производот.
Во оваа земја не само што не може никој да се вработи без амин од груевистите, туку дојдовме до тоа дереџе за обично мислење да мора да се консултира груевистички авторитет! Кај живееш, Посвршно?! На Фејсбук и со видео игри?! Во кулисите на груевизмот?! Го прочита ли денес Ден Дончев? За овие пет години Златниот-Црниот не’ задолжи нас (и нашите деца и внуци, се разбира) за 2.5 милијарди евра! Буџетот на Малиот-Големиот за четирите години беше над три милијарди евра поголем од оној на претходната влада! За Македонија, тие бројки се неверојатни, оти целокупниот годишен производ на земјата е 5-6 милијарди евра (сето она што сите ние го создаваме во текот на една година, а коешто, повторувам, го контролира еден човек и неговата фамилија). Опседнат, викаш, а?! Неверојатни сте, изродбеници! Апсолутно човечко дно! Бескрупулозна мафија! Напљачкана до лудило и збудалена од пљачкање и лажење!

Не се работи за опседнатост

Не се работи за опседнатост со Груевски, туку за опседнатост со многу поважното прашање: како беше можно Груевски да и’ се случи на Македонија?! На тоа прашање секој од нас должи одговор, зашто груевизмот длабоко ја поремети земјава.
Сам по себе Груевски е никој и ништо, сличен на Милошевиќ: партиски апартчик, економист-медиокритет, без посебна харизма, знаење, визии (така го доживеал и неговиот шеф, Љубчо Георгиевски). Опкружен е со дабетер медиокритети и кретени (Јанкуловска, Тодоров, Јанакиевски, Коњановски, Ставрески итн., бескраен е списокот и допира до последните општински и партиски комитети во Свирипичино и Припиздино). Груевски е големата несреќа за Македонија, она што беа (во поблиското минато во поблиската околина) Туѓман и Милошевиќ. Но, се разбира, историјата (т.е. нашата стварност!) е премногу комплицирана за прелесни сведувања; секое зло по некои чудни патишта може да биде и за добро. Заради тоа се скапоцени и напорите на Гелевски да ја разбере дијаболичноста на Златниот-Црниот за преку тоа да можеме да ги разбереме подлабоките мотивациски слоеви што ги движат луѓето и историјата.

За суштински слободните луѓе

За суштински слободните луѓе (како Гелевски) Груевски е историски феномен од највисок ред што заслужува проучување. За хордата робови „Груевски“ (груевизмот) е нешто како фатум, елементарна непогода (цунами во комбинација со радиоактивно зрачење, да речеме), нешто за што нема потреба да се збори, тоа е даденост, „судбината така сакала“. На таа граница отприлика лежи и границата исток-запад (предодреденоста и мрзата наспроти борбата и преземањето на работите во свои раце). Се разбира, Македонија е длабок ориент, сеуште, и триумфот на груевизмот тоа само сурово го оцртува. За среќа, во Македонија, во тешко малцинство (но бучно и видливо!) сеуште постои и западниот „елемент“ кој верува дека поинаков свет е можен.

Бучни и видливи коментатори

Бучни и видливи коментатори (со еден збор: Коља), кога сте спремни да се потпрете на психолошки и економски оценки на Љубчо Георгиевски и Ден Дончев (ликови од кои изворно се гадите), не ви е јасно дека всушност ја отсликувате својата комплетна дезориентираност и вредносен бучкуруш во кој 'суштински слободно' се валкате? Прашање за одртавени извидници: како на човек без политички компас да му се верува каде е Запад?

Коља...Ти си платеник на

Коља...Ти си платеник на СДСМ. Твоите размислувања се како разговори помеѓу партиски активисти од изборен штаб на СДСМ. Безначајно е тоа.

Ајде понеделник е денес, дај

Ајде понеделник е денес, дај нова колумна, оваа ти е тапа. Ајде биди малку креативен, доста со тиранијата, диктатурата и фашизмот..нели гледаш никој не те пердаши веќе што пишуваш, идиоте вуклански?!

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото