Умот на тиранинот

08.04.2011 16:48
Умот на тиранинот

При крајот на судирот во Либија најверојатно ќе се случи пресврт, во голем обем благодарение на инстинктите на полковникот Муамер Гадафи, а каков било увид во инстинктите на владетелите би бил исклучително значаен. Новинарите од анегдотите или од неговите поранешни потези создадоа сопствен впечаток, додека други се потпираа врз неговите последни говори. Но, најмалку една група се обиде да го изработи неговиот профил врз основа на научни методи. Заклучоците најверојатно ќе извршат значително влијание врз американскиот политички став.

Централната информативна служба (CIA) и Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави со децении собираат психолошки процени на насилните владетели како Муамер Гадафи, Ким Јонгил од Северна Кореја и венецуелскиот претседател Уго Чавез, како и нивните сојузници, можните наследници и угледните соработници. (Многу други земји исто така собираат вакви психолошки профили.)

Во својот профил на полковникот Гадафи за списанието Форин Полиси, доктор Џеролд Пост, психијатар кој е продекан на Катедрата за психологија на универзитетот Џорџ Вашингтон, како и основач на одделот на CIA кој се занимава со бихејвиористичка анализа, заклучува дека овој диктатор, иако обично рационален, под притисок е склон кон лудачко размислување, „а моментално е изложен на најголемото количество стрес откако е дојден на власт во Либија.“

Во основа полковникот Гадафи себеси се смета за исконски избраник, муслимански воин кој се бори против невозможното, тврди доктор Пост, па е „подготвен да изгори за своите убедувања“. Дипломатите, воените стратези и претседателите се потпираат врз ваквите и слични профили при донесувањето на одлуките, што понекогаш им е од корист, а понекогаш им штети. Политичкиот профил „можеби е најважен во случаите кога имате водач кој доминира во општеството, кој може да дејствува без речиси никаква задршка“, вели доктор Пост. „А токму тоа имаме во овој случај, со Либија и со Гадафи.“ Официјалните известувања се тајна. Но методите се добро познати.

Цивилните психолози развија многу техники, главно врз основа на јавно достапните податоци за владетелите: од нивните говори, преписки, биографски факти, набљудуваното однесување. Прогнозите кои произлегоа од тоа покажуваат дека „профилирањето на далечина“ сè уште повеќе личи на уметност отколку на наука. Затоа за време на криза, како оваа во Либија, клучно е да се познаваат потенцијалните вредности и ограничувања на наведените процени. „Секако, експертите се подобри во предвидувањата отколку шимпанзата со превез околу очите, но разликата не и е толку голема колку што се надеваме“, тврди Филип Тетлок, психолог на универзитетот Вартон во Пенсилванија. Најдолготрајниот метод се темели врз клинички примери, случаи на психобиографијата што терапевтите ја изработуваат за време на дијагностицирањето, наведувајќи ги влијанијата и факторите кои досегаат до детството на поединците.

Првата таква психобиографија, нарачаната на почетокот на 40-тите години на минатиот век од страна на Одделението за стратешки одлуки, се однесувала на Адолф Хитлер; во неа експертот за карактери од Харвард, Хенри А. Муреј, изнесувал претпоставки за „безграничната омраза на Хитлер кон себеси“, за „стравот од хомосексуалноста“ и за „едиповските тенденции“. Аналитичарите сè уште го користат наведениот пристап, но повеќе го втемелуваат врз биографски факти отколку врз фројдовски нагаѓања или врз лично мислење. Карактеризациите од овој тип во минатото беа од непроценлива важност, на пример, додека претседателот Џими Картер се подготвувал за мировните преговори меѓу Израел и Египет, CIA му ги доставила профилите на двајцата претседатели, на Бегин и на ал Садат. Меѓутоа, таквите процени исто така можат наведат во погрешна насока. Профилот на ирачкиот претседател Садам Хусеин кој кружеше во почетокот на 90-тите тврдеше дека тој е прагматичар кој ќе попушти пред притисокот.

Американската влада порано изнајмувала експерти за карактери за да се изработи профил на личноста на Хитлер, а денес CIA извршува слична работа. Софтверот кој го има развиено Маргарет Херман, научник од њујоршкиот универзитет Сиракјуз, ја проценува релативната зачестеност на одредена категорија зборови (како „јас“, „мене“, „мое“) во разговорите и говорите, па добиените резултати ги поврзува со особините поврзани со водството.

Техниката што ја користи Дејвид Џ. Винтер, професор по психологија на универзитетот во Мичиген, ги користи сличните извори за процена на мотивите на одреден владетел, неговата потреба за моќ и чувството на постигнување и припадност. Реченицата: „Секако дека можеме да ги победиме“, одразува висок степен на насоченост кон моќта, додека реченицата „По вечерата добро си поприкажавме и добро се насмеавме“, одразува припадност“.

Кога постојат комбинации од висок степен на моќ и висок степен на припадност, личноста најверојатно ќе побара помош, но моќта и нискиот степен на чувството за припадност укажуваат на потенцијално агресивно однесување“, објасни доктор Винтер. „Тоа е суштината на оваа техника, но ништо не можеме да предвидиме со апсолутна сигурност.“

Најмалку една група експерти кои прават политички профили ја вклучи токму оваа маана, несигурноста, во своите предвидувања. Научниците ја споредија комуникацијата која доведе до избувнувањето на Првата светска војна и војната во Кореја со дискурсот кој резултираше со мирно разрешување на ситуацијата при кубанската криза. Петер Сјудфелт, психолог од универзитетот Британска Колумбија, ни рече дека дошле до заклучок дека веројатноста вербалниот судир да заврши со војна е помала колку што е поголем процентот на препознаената несигурност. Уште го немаат анализирано дискурсот на Гадафи, но не морате да бидете експерт за да забележите дека либискиот владетел звучи многу сигурно, иако не секогаш доследно.

Извор: Њујорк тајмс

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото