Пандалф Вулкански - Скопски приказни од 2014 (2)

11.04.2011 10:32
Пандалф Вулкански - Скопски приказни од 2014 (2)

Коран
„Знаеш ли ти, Данило, дека во Коранот е запишано дека сите градови на светот ќе бидат срушени, а граѓаните ќе бидат претворени во мајмуни?“, го прашувал писателот Ким Мехмети својот колега Данило Коцевски.
„Сум слушнал за таква работа“, претпазливо одговарал градскиот хроничар.
„Значи, на Скопје преродбенички работите според Коранот!“, се подбивал Ким Мехмети, а Данило Коцевски брзо трчал кај Паско Кузман, да се пожали на уште еден - додуша двосмислен - исламистички атак врз епохалниот рисјански проект СК 014.

***

Друг пат Данило Коцевски му рекол на познатиот писател Ким Мехмети: „Знам каде се остатоците и камењата од градбата на Бурмали џамијата, но не кажувам“. Ким Мехмети многу се изнервирал и рекол: „Знаеш ли ти, ситен апологету на микроскопскиот провинциски фараон, дека од Скопје уште не е тргната клетвата на Исмаил Хаки паша, никогаш трговијата да не процвета во шугавиов град?!“
Данило Коцевски многу се тревожел од радикалниот Ким Мехмети, та брзо заминувал кај лековитиот извор Медах баба, во старата чаршија, да пивне малку од ајазмото и да се смири.



Исечени раце и глава од коњ
Познатиот македонски скулптор Александар Ивановски - Карадаре никако не сакал споменикот на Ченто да го гради во мермер. „Може да го правам, но само во бронза“, упорен бил Карадаре. Еден ден најпрвин ги исекле рацете на неговите железни шмизли во градскиот парк. Карадаре многу не се потресол и си останал на своето: „Ченто - бронза да, мермер јок“. Но, кога Карадаре во постелата нашол отсечена глава од коњ, тогаш дефинитивно морал да попушти.
За тоа време, за памет на тврдоглавиот Карадаре, Ченто веќе му го дале на младиот скулптор Димитар Филиповски наречен „Статика“.

***

Друг пат, исто така на скопскиот плоштад, им ги отсекле главите на познатите музичари на славниот македонски скулптор Благој Чушков.
„Негде во Македонијава сигурно има депо со сите отсечени споменички глави“, му рекол скулпторот Александар Ивановски - Карадаре (кому ги исекле рацете на железните шмизли) на својот пријател Чушков, колку да го утеши.
„Мислиш, постои како некаков рај за отсечените глави на партизаните и на сите други?!“, прашувал Чушков, но повеќе реторички, оти обајцата знаеле дека не постои никаков рај за отсечените глави.
Откако Карадаре набрзо потоа во својата постела се разбудил со отсечена глава на коњ, му се распрснале и последните илузии.



Динамит
Небојша Вилиќ, историчар на уметност, во една пригода во кафето Рома, седејќи на маса со Бранко Тричковски, новинар, му рекол на Вангел Божиновски, сценограф, кој седел на спротивната маса заедно со портпаролот Александар Бичиклиски, дека со динамит треба да се дигне не само куќата на Мајка Тереза, отспроти, туку и поголемиот дел од објектите од СК 014. Иако и Бранко Тричковски покажал ентузијазам околу идејата на Вилиќ (подигнувајќи го, патем, и средниот прст кон авторот на инкриминираната куќа), Вангел Божиновски на провокациите останал ладен како шприцер, продолжувајќи на младиот и неук Бичиклиски да му објаснува дека спомениците се најдобар лек како за душата, така и за нервите.

Скопски приказни од 2014 (1) - можете да ги прочитате тука
Колажи: Свирачиња

 

Доста се саморекламираш бре,

Доста се саморекламираш бре, Грујо еден!

Вечерва на Саемот за книги

Вечерва на Саемот за книги Никола Груевски и неколку члена од неговата делегација добија&купија неколку примероци од книгата на Вулкански. Лично бев таму, во својство на продавач, и прекршив пар збора со велечесниот, Златниот-Црниот. Ете мал ексклузивитет за Окно, вечерва:)

Ова пара вест или ? :)

Ова пара вест или ? :)

Грујо му направил реклама на

Грујо му направил реклама на Вулкански! Сега книгата станува хит, гарант! А преродбениците ќе ја читаат како лектира.

Колажите од Свирачиња пак се

Колажите од Свирачиња пак се брилијантни! Уживам да ги читам расказите на Вулкански и да ги гледам сликите на Свирачиња, ко терапија од страшната реалност во страшниот град...

Чим купил "книга" од коља...

Чим купил "книга" од коља... овој грујо стварно не знае на што троши пари.

Колку си само прост бре

Колку си само прост бре "Коља"...
ха ха ха
Не е ни чудо штом и Ким Мехмети ти изгледа нормален (а не тешка шовињарија и македономрзач, каков што си е)а Данило Коцевски ти бил за никаде. Од кога бре вие комуњари почнавте и Данило Коцевски да го мразите?

И кого бре манипулираш со ставот на скулпторот за тоа дали да биде Ченто од бронза или не ??? Не ти е срам бре манипулатору?..