„Му го земавме стравот“

26.04.2011 10:56
„Му го земавме стравот“

Еден ден (а се надеваме дека тој ден ќе изгрее мошне брзо) со смеа ќе се присетуваме на мрачните години на груевизмот кои како тешки облаци од гладни скакулци ја навјасаа земјава.

Се разбира, ќе се смеат и ќе се шегуваат оние што со релативно мали оштетувања го преживеале походот на скакулците. Ќе си викаме: секое зло за некое добро (или: премногу арно не е за арно:). Ќе ја вадиме (како доказ за чудните човекови склоности кон заборав или помнење) убавата мала приказна од „Хазарскиот речник“, за младата Цинцарка и нејзиното момче, кои романтично шетале крај Дунав. Во еден момент девојката во реката го фрлила својот златен прстен. Зошто? Зашто непријатните работи многу подолго се помнат, та така таа прекрасниот момент се обидела да го зачини со непријатност, за подобро да го сочува во сеќавањето.

Денешниот ден, низ колумнава, ќе се обидеме да го запомниме со помош на парадоксалните зборови.

***

На неодамнешниот Саем на книги вообичаено купив дваесетина нови наслови од македонските издавачи. Деновиве уживам во книгата „Тие имаат збор за тоа“ од Хауард Реинголд. Книгата е составена од приказни за неколку стотици зборови од разни јазици, кои еднозначно тешко се преведуваат но означуваат важни и типични човечки состојби. Лично, многу ми се допадна јапонскиот збор ваби кој означува одреден вид убавина. „Зборот значи многу нешта, но најголемиот број Јапонци знаат што е ваби кога ќе го видат“, вели Џереми Тарчер во книгата. „Генерално, зборот означува вид груба спонтаност, онаква каква што може да се види во еден рустичен раку сад или некаква минималистичка калиграфија на стар мајстор.“ Ми се чини дека ваби истовремено е и убавина и негација на убавината како канон. Нешто како невидлива убавина.

***

За потребите на колумнава од книгата на Реинголд издвоив уште три такви необични збора кои, ми се чини, добро опишуваат некои аспекти на овдешните состојби и карактери. Целиот груевизам, на пример, лесно се опишува со едноставниот француски збор gachis (се изговара: гаши). Gachis е именка која означува хаос заради некомпетентност, или „уништување значајни можности преку чиста дезорганизација и површно размислување“. Французите, се разбира, имаат одделни зборови за неред, неуредност и глупост, но гаши е збор кој ги обединува сите тие карактеристики означувајќи ја состојбата кога деструктивната некомпетеност добива зачудувачки големини.

А зошто груевистите го прават ова гаши?! Од немукает?! Евреите би рекле, од штам. Хебрејскиот збор „штам“ грубо може да се преведе како „без никаква причина“, или „затоа што е тука“, или „го правам тоа зашто така функционира космосот“. Пример, обична улична сцена од Ерусалим: „Јоси, зошто мочаш на тротоарот?“ „Штам, мамо.“ Соодветен македонски превод на „штам“ можеби е: онака. „Онака, мамо.“

Кон штам може да се придодаде еден друг непреводлив хебрејски збор: давка. Зборот давка приближно вели: „сè е во заговор против мене“. Ако првиот ден по купувањето на нов автомобил ви се случила сообраќајка - тоа е давка.

Ари Давидов објаснува дека заедничко за двата збора е одбивањето да се даде објаснување. Нештата просто се случуваат. Луѓето живеат во непредвидлив и непријателски универзум, а да бидеш Евреин значи дека не мораш да си објаснуваш (штам) и дека треба да го очекуваш најлошото (давка).

***

Во Фразеолошкиот речник на македонскиот јазик налетав на интересно објаснување на фразата „му го зема стравот“: 1. почнува многу да се плаши од некого; 2. престанува да се плаши од некого. Мошне ми се допадна двојноста на објаснувањето, оти ми се чини дека токму таа амбивалентност фаќа нешто суштинско во нашите карактери: и страв и нестрав во еден израз (во македонскиот имаме и други такви слични ваби изрази: страв-нестрав, срам-несрам, не/мукает итн.). И ми се чини дека токму фразата „му го зема стравот“ добро го опишува комплексниот однос на Македонецот спрема груевизмот. Значаен дел од Македонците значајно долго време се плашеа од груевизмот (кој е некаква осовремената форма на вмроизмот); за среќа, значаен број Македонци од ден на ден сè повеќе „му го земаат стравот“ на груевизмот и полека се ослободуваат.

***

„Му го зема стравот“ ме потсетува на германското un/heimlich. На тој германски збор Фројд му посветил обемна расправа, тргнувајќи од еден расказ на Хофман: unheimlich значи несродно, далечно, туѓо, вознемирувачко... Зборот е парадоксален и личи на сопствената сенка, на антонимот со спротивно значење: heimlich. Меѓу многуте нијанси на значења, heimlich ја содржи и онаа што се поклопува со спротивниот збор, unheimlich. Она што ни било блиско, кон што сме трчале со симпатии, се преобразува во обеспокојувачко, потресно - пишува Фројд во својата расправа. Помеѓу heimlich и unheimlich нема голема разлика; un- е симптомски знак од несвесното кој битно учествува во создавањето на она што сме. Накусо, според Фројд, unheimlich е несвесното и потиснатото.

слики: Lydia Wong

Извор: Глобус, 27.04.11.

Коља учи нови зборчиња,

Коља учи нови зборчиња, надевајќи се дека еден ден Груевски ќе падне од власта и ќе може да работи сериозна работа (у министерство за култура).

Среднист како Коља, може само

Среднист како Коља, може само да дига рампа на паркингот од министерство!

И како што реков јас Фројд ти

И како што реков јас Фројд ти Коља си unheimlich тоталитарец.

Уште еден збор

Уште еден збор Gleichschaltung. Тоа е наци термин за доведување во чекор, на дисциплинирање на општеството. За среќа локал верзијата на дмпневскиот фашизам е далеку од германската ефикасност. Обичен прдеж.

Пријателе Никола, кажи зошто

Пријателе Никола, кажи зошто би гласал за СДСМ? (бидејќи со колегата Милчин неколкупати спомнавте дека само тие можат да ги сменат досегашниве). Бидејќи толку многу ги почитуваш објасни како ќе ни го подобрат животот новите што ќе дојдат откога ќе си отиде фашистот Грујо со неговата фамилија. Инсистирам тоа да биде со употреба на Француско-германски-јапонски зборови.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото