Ем Голијат, ем Давид

27.04.2011 10:46
Ем Голијат, ем Давид

Запнале груевистите да покажат дека не ѝ се плашат на Радмила Шекеринска. Кого сакаат да го убедат дека СДСМ со Радмила не може да го порази ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, граѓаните или себеси? Чуму толку ја оцрнуваат, ако веруваат во интригата дека таа е само жртва на Црвенковски? Чуму истураат толку жолчка и толку пари во кампањата против „отпишаната“ Радмила? Каква ли јанѕа ги јаде, што не им дава да спијат, па во несоницата ни продаваат дека Радмила ем му е жртва, ем му е послушник на Бранко? „Ништо ново во СДСМ“, се обидуваат да звучат триумфалистички груевистите. Чуму толкава тревога за време на велигденските празници ако во СДСМ нема ништо ново и ако Бранко само ја жртвува Радмила која ја промовира за премиер на идната влада?

Го прелистувам празничниот троброј на некогаш најтиражниот весник во Македонија и неговиот неделен додаток, политичкиот магазин „Публика“. Во весникот, во својата колумна, Влатко Ѓорчев им прорекол пораз на СДСМ, Црвенковски и Шекеринска. Негово право. Но чуму тогаш вербалното меандрирање на Ѓорчев со кое сака да нè уплаши дека Шекеринска како премиер би била само извршител на волјата на Бранко? Чуму, доколку Ѓорчев навистина верува дека СДСМ со Радмила нема никакви шанси? Чуму неговата партија на две страни платени огласи во некогаш најтиражниот весник нè предупредува дека Радмила му била „слепо послушна“ на Бранко? Па нели до вчера ни тврдеа дека и Бранко ќе биде поразен? Колку врева за однапред „отпишаната“ послушничка на однапред „поразениот“ лидер?! Колку лажно душегрижништво за здравјето на најголемата опозициска партија! „Бранко пак ги жртвува Шекеринска и СДСМ“, порачува Ѓорчев на првата од петте страници на кои е распослано неговото интервју во додатокот што го добив заедно со празничниот троброј на некогаш најтиражниот весник. Колку зборови потрошил Ѓорчев за да ја отпише „отпишаната“ Радмила! Колку зборови за прикривање на јанѕата што го јаде дека 2011 сепак нема да биде реприза на 2006, 2008 и 2009 година. Кога велам сепак, мислам на малолетниците, стогодишниците, лопатите, асфалтот, ветувањата, вработувањата и сето друго, закитено со палмите кои во неделата рано на сабајле „изникнаа“ на плажата Коцева, директно под носот на театарот и музејот. Работат ли работат и за Велигден трудбениците на преродбата!

А ја има ли кандидатката за премиер на СДСМ Радмила Шекеринска во празничниот троброј на некогаш најтиражниот весник? Ја има. Нејзиното интервју е „распослано“ на нецела една страница. Скржаво од уредникот, би се рекло. Но затоа пуштил душа со насловите. Интервјуто на Радмила има дури два наслови. Првиот, во најавата на насловната, гласи: „Пукаат по мене со ќор-фишеци“, а вториот, над самото интервју, гласи: „Нема да ги обединуваме граѓаните против Груевски, туку за подобра иднина“. Кој ли е таткото на овој „изум“ во нашето новинарство? И колку главни уредници има некогаш најтиражниот весник?

„Ништо ново во СДСМ“, мантраат груевци, груевистите и нивните мегафони. До вчера, главниот „аргумент“ за тоа им беше „неоткажувањето“ на Бранко да биде кандидат за премиер. Од вчера, главниот „аргумент“ им е кандидирањето на Радмила за премиер. Апетитите на груевистите не познаваат граници. Малку им е владеењето со државата, тие би сакале да владеат и со опозицијата. Малку им е да бидат на позиција, тие би сакале да бидат и во опозиција. Опозицијата да ја напаѓаат од позиција на власт, а власта да си ја бранат од позиција на опозиција. Ем Голијат, ем Давид! Ем топузот кај нив, ем чаталот кај нив! Сета власт кај нив и за нив! Собранието, владата, претседателот, судовите, општините, агенциите, комисиите, банките и медиумите! И пак не му е доста на нашиот Голијат. Тој сака да биде и Давид, да ја владее и опозицијата. Посакува опозиција по свој терк. Да кажува кој може, а кој не може да биде лидер на СДСМ, да одобрува или да не одобрува кандидати за премиери и министри. Да оцрнува и зацрнува, а никој да не му враќа со рамна мера. Многу е „свилен“ нашиот Голијат. Кога се работи за него и за неговите интереси, за него и за неговата власт. За него и за неговите профити. А кога се работи за оние со кои владее, за нивниот опстанок и за нивните пари, тогаш „свилениот“ станува безмилосен и гази сè пред себе.

Немам ниту желба ниту право на груевци и груевистите да им објаснувам што е ново во СДСМ. Тоа тие го знаат подобро од мене. Но сакам да им порачам дека има многу ново во Македонија. И тоа веќе не е тајна. Ако само за малку ги сметнат розовите очила, ќе видат дека мнозинството веќе не им верува. Доцна е за нови лаги. Давид се разбуди и му се откина на узурпаторот Голијат. Сметката е направена, цртата е повлечена. Груевци ветуваа дека ќе го одбранат името. Не ја одбранија именката, ја изгубија придавката. Ветуваа дека ќе нè внесат во НАТО и ќе нè приближат до Европа. Во НАТО не нè внесоа, од Европа нè оддалечија. Наместо да ни донесат странски инвестиции, ни натоварија домашни и странски задолжувања. Ветуваа рај за земјоделците, полињата останаа непосеани, земјоделците излажани... Доцна е за нови ветувања, заканите се старите, поткупот не е тајна, трпението е потрошено. Давид нема да го преспие 5 јуни.

Слики: Adhika Rahmani

Сака Батко Ѓорѓија све да је

Сака Батко Ѓорѓија све да је његово што је видеја у село.

Слушам и’ се намерачил и на Лилјана од стечајците, односно сака да ја замени со свој ’стечаец’. Не сака да им се плаќа помош на стечајците, ама сака да ги контролира. Се пикна во синдикатот. А еве деновиве се пишуваше дека преку Хорхе сака и началник на војската да си именува. Гувернер на НБМ си избра. Бре, бре, дрчен човек. Изгледа добил еден аперкат отпојќе во минатата кариера.

Kolku slab tekst, duri

Kolku slab tekst, duri navreduvacki. Gruevskji so svojata "Zena na cesma retorika" site kako da gi oslobodi da go kontaminiraat javniot prostor so nekoi maloumni tekstovi, koi se vo najmala raka pateticni. Porano barem se trudevte da kopirate nekoj od svetskite analiticari, sekako nikogas ne bevte dorasnati, no obidot bese obid...sega...
RIP na kritickata misla. Se e samo partiska "stanca", odshtancana na koleno, na nekoja od vasite intimni sedenki!

Д., идиоте, коментаторска

Д., идиоте, коментаторска бруко дури и за најниските можни македонски стандарди, како ти, лебати, неспособен да составиш ни полуинтелигибилна реченица, не владеејќи го дури ни писмото на сопствениот јазик, збориш за „добар“ и „лош“ текст и за „копирање на светските аналитичари“?! Д., со својот профил на имбецил совршено го олицетворуваш современиот груевист, еталонот за сите мери во современа Македонија! Тотален кретен, без никакви вештини, гол, бос, вулгарен и брутален - но моќен и наакан (на пример, дели стилски совети, гради нов стар град итн.) само затоа што неговата партија ја има целата сила на светот (така си мисли имбецилот од типот на Д.). За жал, вашата мизерија груевизмот само ја стави на пиедестал, вие сте господарите на земјава, но и кога ќе ве симнат од таму вие ќе сведочите за реалната беда на овој запуштен народ.

Редно е веќе да си одат

Редно е веќе да си одат ...............

Мерките се прилагодуваат на

Мерките се прилагодуваат на потребата и на моментот. Од ГЕМ десетици пати јавно кажале дека се бават со политика за таа повеќе да не се бави со нив.

Впрочем каков е тој интелектуалец ако не е ангажиран и критичен? Да молчи ли? Таков изгледа милуваат дпмевците.

Инстиктивно ги мразат мислечките и чесните луѓе.

Кога еден стар комунист

Кога еден стар комунист користи библиски приказни за да напише колумна, тогаш значи нешто не е во ред. До 5 јуни очекувам и во црква да го видам Милчин...ама џабе!

Rodzer 1, Rodzer 1...

Rodzer 1, Rodzer 1... nisto... samo proverka...raboti be! Kanta po kanta ... dve kanti.

Do Gnidata, Koga bi mozelo da

Do Gnidata,

Koga bi mozelo da se indetifikuva koja budala komentira, gnida, bi trebalo da e hitno hospitalizirana. Koj naboj!!! Pod pritisokot na nedostigot na talent, sposobnost, nemanje na niedno postignuvanje vo svoeto CV, so edinstveno nelogicki svrzani peltecenja na sajtot na OKNO, mozes budalo da se lansiras na nekoja druga planeta ili da se samoraznesis.
Okno stana nekoj inkubator na gnidi.

Dlaboko socuvstvo za Gnida!

Дали Д-р Фројд некогаш

Дали Д-р Фројд некогаш слушнал за метафора?

Како не, како не. Само јас на

Како не, како не. Само јас на пример никогаш не користам метафори од текстови на Маркс.

ОкоБоли главаВицФото