Контроверзи во собата за играње

28.04.2011 11:38
Контроверзи во собата за играње

„Проектот „In the Playroom“ е метафора за невозможниот безбеден простор кој е заштитен од погледот на современите медиуми. Загадочната диспозиција на децата и продорната природа на медиумите се симболично прикажани во моите фотографии низ живо репродуцирање на истите настани или случки кои возрасните сакаат да ги задржат надвор од светот на децата.“

„Исто како кога децата си играат (се преправаат дека се) возрасни, како еден начин да се подготват да станат тоа подоцна во животот, така и сега ги истражуваат нештата што ги гледаат или слушаат, без оглед на тоа дали целосно ги разбираат импликациите и последиците од она што си го играат“, вели Џонатан Хобин за својот проект.

Нам ни преостанува да го разгледаме изборот фотографии (насловот на секоја од нив е прикажан под самата фотографија) и да ѕирнеме во тој страшен, но сепак реален свет.

(фотографијата горе: 39 трепки)

Извор: zaludnica.com

ОкоБоли главаВицФото