Јавно обраќање до Иво Котевски

08.06.2011 10:32
Јавно обраќање до Иво Котевски

Господине Котевски,

ние знаеме дека Ве загрижува, дека Ве плаши оваа самоорганизирана група граѓани. Знаеме дека Ве плаши фактот што гледате дека граѓаните, конечно, на хоризонтален начин, ослободени од хиерархизираните модели на наредби и дисциплина се собираат и ја практикуваат демократијата. Знаеме дека оваа маса од енергија, од демократски флуид надвор од стандардните партиски митинзи и распрскани протести, надвор од методите на страв, ги растетерува темелите на Вашиот монопол и злоупотреба на сила. Знаеме дека тоа Ве вознемирува.

Но, господине Котевски, Ве молиме покажете барем трошка почит кон граѓаните на кои Вие треба да им служите, за кои Вие постоите, покажете почит кон нивната ожалостеност, кон нивната тага, кон нашиот гнев, нашиот револт.

Нашата тага е Вашето насилство, нашиот гнев е копнежот за демократија.

Господине Котевски, овде нема група насилници. Нити пред два дена, нити вчера, нити денес, нити утре, овде никој не повикува на насилство. Немојте нам да ни ја препишувате Вашата омилена стратегија. Барајте ги насилниците во Вашите редови, свртете се околу Вас, таму ќе ги пронајдете.

Господине Котевски, додека Вашите пријатели безобѕирно и игнорантно фрлаат лопати за темелници на виртуелни села, некој фрла лопати за гроб, за реална смрт која не може да ја прекрие и надмине никаков идеал на Вашиот национализам и изумрена историја.

Господине Котевски, придружете ни се, ние сме против насилството.

Да Ве потсетиме уште еднаш Господине Котевски, Вашата должност е да се грижите телата на овие граѓани да растат, да се развиваат и разменуваат во слобода, Вашата обврска е да креирате и одржувате услови во кои телата на овие луѓе ќе комуницираат, ќе се радуваат и сакаат, ќе креираат и градат заедно подобра иднина. Господине Котевски, да Ве потсетиме, Вие му служите на животот на овие граѓани.

Потклекнавте Господине Котевски пред основната ранливост на човечкото тело, пред копнежот на човечкиот дух и сила. Потклекнавте пред демократијата, пред ненасилството, пред слободата, пред правдата.

Нашата тага, Господине Котевски, е Вашето насилство, нашиот гнев е копнежот за демократија.

Славчо Текстот ми наликува на

Славчо

Текстот ми наликува на старата добра:

Ако неможеш по магарето, удри по самарот

Кој црни Котевски?

Тој е само гласноговорникот

Му кажале, ај сега искочи на бина и кажи што ти кажавме да кажеш

Денес Иво, утре Петко, задутре Станко

Тука Котевски нема благе везе со сета оваа циркузијада

Пишав на ФБ што мислам за оваа

Не се плаши Котевски, се плаши системот

Поздрав со една добра за Ајнштајн која можеби се вклопува со Котевски, а можеби и не

Не го прави онаа што се коси со твојата свест и морал, па дури и ако тоа државата го бара од тебе

Се сложувам, ама одговорноста

Се сложувам, ама одговорноста мора да се персонализира. Он излезе и во очи не’ лажеше сите, неколкукратно. Негова одговорност пред народот е да каже кој барал од него да ЛАЖЕ и тоа кога се работи за млад живот еј. И тоа Ајнштајн и те како се вклопува овде. Само, џабе очекуеме, од гомно дирек не бива, рекле старите.

Секако дека е системот. Ама

Секако дека е системот. Ама преку Котевски се појавува неговиот симптом. Само преку малоумните изјави на гласноговорникот можеме да видиме каква е клиничката состојба на системот.

Нов податок е дека убиецот

Нов податок е дека убиецот порано бил обезбедување на Груевски и кадар на „Лупус“.

И дека бил обезбедување на

И дека бил обезбедување на Љубчо, но работел и во времето на СДСМ кога министер беше Џанго, а убиецот бил дел од тимот кој го изрешетаа и „Поштарот“ без око да им трепне (под команда на Џанго). Наводно бил и член на СДСМ, ама ова не ми е потврдено.

Чисто да се знае, дека проблемите со овие работи не се партиски, туку натпартиски. Фала им на сите што не’ избрзуваат да фатат страна и политички да профитираат.

Поздрав.

Да бог да сите одговорни кои

Да бог да сите одговорни кои го криеја убиството, еден ден станат пациенти на Алексеј Дума.

ne ja razvodnuvajte rabotata.

ne ja razvodnuvajte rabotata. POlicaecot-ubiec ubi chovek za vreme na ovaa vlast!!!! Tochka! KOj e na vlast, toj ja snosi odgovornosta!

А да не го заборавиме

А да не го заборавиме копилето Ален Зекиров, тој што згази старец на партизанска. Ама овој убиец беше обезбедување на Мијалков и нормално ништо не му се случи. Ова гомно јуриша низ Скопје со неговиот посран Форд ГТ.

Многу е важно да се распуштат

Многу е важно да се распуштат Алфите. Како побуна против полициската бруталност која ја олицетворуваат и како прв чекор со кој ќе им се каже на луѓето кои не си вршат работата, дека доколку не ја направат правилно, ќе треба сносат последици за тоа и - дека ние, народот, јас, ти, вие нема да го прифатиме тоа, тоа половично, неефикасно и штетно решение. Не постои оправдување за постоењето на полициски единици кои се доволно неорганизирани да им се „случи“ тоа што се случи. И да, одговорноста е повеќе од индивидуална. Исто како што одговорот на полициската држава што ни се случува е колективен.

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Балкан / Теорија / Историја
Општество / Култура / Теорија

ОкоБоли главаВицФото