Etnicks Streetball Freestyle и нивната уметност

28.07.2011 11:03
Etnicks Streetball Freestyle и нивната уметност

Со оглед на сите стереотипи и предрасуди што владеат кај нас, тврдоглавоста и ограниченоста на народот да заземе цврст став за една тематика и да не го промени своето мислење сè додека нешто огромно, без разлика дали во негативна или позитивна конотација, се случи е сè помала, не се намалува рапидно и значително, но сепак има прогрес и мило ми е што е така. Ова го пишувам со цел да нанесам уште еден удар од страна на урбаната култура кон вас, се разбира позитивен со тоа што сакам да го претставам единственото дуо во нашава република кое се труди да ги разбие бариерите на ограниченост и монотоноста, а воедно и да го рашири овој вид урбана уметност на исто ниво како што ги знаете и сите други субкултури и начини на живеење.

Етникс Стритбол Фристајл е дуо од Скопје, сочинето од Нино и Димитар кои веќе 2 години официјално под ова име вложуваат и се трудат за проширувањето на Streetball Freestyle-от во Македонија, додека неофицијално се занимаваат повеќе од 4 години. Нормално, сега би се запрашале што е тоа Streetball Freestyle, за што се работи, а нормално е и да нè прелистате и преминете на друга тема, нели? Streetball Freestyle (или Basketball Freestyle) би го окарактеризирал како создавање на трикови со баскет, трикови кои нема или ретко ќе ги видите во класичната школска кошарка поради тоа што се сметаат за несериозни и несоодветни за вметнување во еден кошаркарски натпревар кој условно значи титула. Кога тоа би било основната дефиниција на она што го работат Нино и Димитар, можеме да го додадеме и дека овој начин на креативност е над стандардните правила на кошарката, а се вклопува одлично во уличната кошарка што сите ја знаеме и поголемиот дел од нас и ја практикувале. За оваа креација се користат сите делови од телото неопходни за еден или повеќе трикови, бидејќи денес Streetball Freestyle-от е вид на шоу кое се презентира и на една одредена локација, сето тоа зачинето со музика која најчесто е од хип-хоп културата, каде Freestyler-от ја покажува својата креативност со баскет во претходно одреден временски интервал и ја препушта сцената на наредниот freestyler кој го прави истото, во исто ограничен временски период.

Оваа урбана уметност е прилично интересна за гледање, но доволно тешка за практикување бидејќи во движење се сите делови од телото и freestyler-от поминал прилично долго време учејќи само еден трик, а еден трик може да завземе и период од една година за да се совлада и секако, користи за настапи без грешка. Не сакам оваа уметност да ја претсавам како нешто невозможно и тешко, бидејќи секој може да го прави ова што Etnicks Streetball Freestyle го прават и да ужива во овој, за нас, нов вид на спорт. Впрочем, тоа е целта на ова дуо, што е можно повеќе деца да го прават ова и да уживаат во нешто поразлично наместо да седат пред своите компјутери не правејќи ништо корисно и нешто што ќе донесе здрав живот.

Etnicks Streetball Freestyle е произлезен од првиот streetball тим во Македонија – Etnicks, создаден 2008 година од страна на Нино и Мартин кој брои неколку настапи на нашите познати домашни streetball турнири и моментално е во фаза на мирување која се надеваме дека набрзо ќе се промени, но тоа не значи дека не работат на streetball-от во Македонија. Дуото го имаше својот прв официјален настап на Хип-хоп фестивалот во Битола минатата година, каде што си ја завршија својата работа доста солидно, како и неколку неофицијални настапи кои секако се од голема важност за еден неразвиен спорт како streetball freestyle-от.

Да не помешаме, streetball freestyle не е исто што и Streetball, бидејќи Streetball-от е воедно уличната кошарка која сите ја имаме и знаеме, иако можеби досега некој не знаел дека на Запад се вложува многу во уличната кошарка со тоа што се организираат летни лиги, додека freestyle делот во Streetball-от веќе го научивме. Etnicks S.F. соработуваат со познатиот прв паркур тим во земјава, „Бијонд“, кои имаат и еден краток клип со Нино од ова дуо (http://www.youtube.com/watch?v=g8HuTwQQ0Fg), но се очекува и повеќе. Следно на нивната агенда е freestyle видеото кое долго време е во подготовка и се надеваме дека на крајот од ова лето ќе можеме да го видиме на нивниот Facebook Fan Page (https://www.facebook.com/pages/Etnicks-StreetballFreestyle/159386944105177).

Исто така, најавени се и соло видеа од Нино и Димитар каде што одделно ќе ги покажат своите способности, така што има што да се очекува од ова дуо. На овој Fan Page можете слободно да исконтактирате со Etnicks Streetball Freestyle за сè што ве интересира за нив и за тоа што го работат, и секако, достапни се за ангажирање и промовирање на streetball-от во нашава држава и доколку сакате да ги повикате да настапат и за каква било друга соработка.

Настапот во Битола 2010

Your browser is not able to display this multimedia content.


Трик за октомври

Your browser is not able to display this multimedia content.

Трик за ноември

Your browser is not able to display this multimedia content.

Трик за декември

Your browser is not able to display this multimedia content.


ОкоБоли главаВицФото