1015 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Пет, 29.03.2024 01:48
Anonimus
Јас сум Anonimus
немам име
знам
само
да цртам точки .... .... .. . . .. ......... .. многу точки без каков и да е редослед
......... .. ........ . . . . . ...............
.......... ........
....... . . .. ........... . . .
. . ..... .
времето не ми е доволно
да те претворам во спомен
што никому не му е потребен
освен мене
просторот не ги собира моите зборови
................. ... ...........................
......... . . . . .. . . . . . . .............
. ...... . .............. ...
.. ...... .
.... ............... . . . ............. .... .... ...............
...... . .. . . ........ ........ . . . .
просторот во кој живеам
го цртам и заокружувам со точки
потоа
го претворам во мрак
во кој никој не треба да се сокрие
...
Еднаш,
многу оддамна,
успеав да нацртам мала кружница
со шестар.
(тогаш сфатив дека кружницата е само метафора за точка)
Иако кругот може да биде
е дна дебела
енорно проширена
целулитна точка
со многу отсуство на витамини .......
од тогаш
започнав да ја барам
мојата вистинска форма
во круговите што имаат име .......
Присутност
Навикнав на твоето присуство ....
Можно е понекогаш и да не те забележувам ...
Прочка
Денес е Прочка ..
Најдобро би било, најпрво да си простам себеси ...
(полека времето ги надминува нашите недостатоци) ...
Присутност
.... нас никој не нè слушаше ...
... нашите спомени никој не ги присвојуваше во своите дланки ...
... ние ги газевме прецизните бели линии исцртани по булеварите ...
... и тивко се доближувавме до стрелките на часовниците...
... за да ја споиме присутноста некаде на друго место ...
Фотографија: Бил Зелман
одлична поезија Драгана ~
Испратено на 05 август 2011 од kihuПотруодлична поезија Драгана ~
А, бе, ајде. Мизерија
Испратено на 05 август 2011 од Анонимен 666А, бе, ајде. Мизерија
Zatoa ja sakam
Испратено на 05 август 2011 од Анонимен2Zatoa ja sakam poezijata....mozes da se iznatreses gluposti i uste nekoj da ti kaze bravo za toa :)
Објективно гледано, поезијата
Испратено на 05 август 2011 од Млад писателОбјективно гледано, поезијата зрачи со своја топлина, и најмалку поради тоа е многу подобра од бројни други писанија кои излегле и секојдневно излегуваат кај нас.
Инаку, затоа ги сакам порталите... секојдневно можеш да јадеш трици и уште никој да не знае кој си.
Ми се допаѓа. :)
Испратено на 05 август 2011 од DanielaМи се допаѓа. :)
Мислам дека поезијата е
Испратено на 05 август 2011 од AnaМислам дека поезијата е најсубјективна и најнеобјаснива работа на чувствата (исто како хаику песните, на пример) како што рекол Лорка. Зборот мизерија не може да се употребува во тој контекст, неразумно е да се зборува на тој начин за поезијата. Само скептиците можат така да критикуваат!!!