Битанга без принцеза

05.09.2011 12:44
Битанга без принцеза

Да имаше каква било историска или морална правда, најголемите од тие битанги, велам, ќе требаше да ги натераме во јавен перформанс, на плоштад, со денови да испишуваат на специјално подготвените табли: Патриотизмот е последното прибежиште на битангите. На секој државен празник патриотските ништожници треба да се вадат од затворите (во некоја розова иднина која, се разбира, никогаш нема да стаса) и да се користат за сличен тип едукативни претстави за учениците и за воспитно-културно запуштениот народ. „Како успеав годишниот буџет за здравство да го потрошам на споменици?“; „Како успеав неколку годишни буџети за култура и спорт да потрошам за правење реклами?“; „Како успеав со ваши пари да станам најголемиот Македонец?“; „Како се владее со помош на идентитет?“ Итн.

Економистите постојано повторуваат: во економијата не постои бесплатен ручек. Убеден сум дека таа прозаична мудрост уште повеќе важи во политиката. Би сакал да верувам дека просто не е можно да не биде платена, еден ден, во некаква форма, тешко согледливата планина од „бесплатни ручеци“, планината од лаги и демагогии. Впрочем, еве го најблискиот и најопипливиот пример: Косово. Милошевиќ го изгуби мошне глупаво, водејќи катастрофална политика цели тринаесет години, 1987-2000. Збирниот резултат на неговата насилничка политика (цената за бесплатните сендвичи и за патриотското дивеење на битангите), меѓу другото, е самостојно Косово. И кој може денес на Србија да и’ го врати Косово? Весна Пешиќ кратко го опиша изборот пред кој денес се наоѓа нејзината земја: „Пред Србија стојат алтернативите - дали да влезе во ЕУ без Косово или не сака да влезе во ЕУ, исто така без Косово“.

Лудувањето и дивеењето на груевизмот кога-тогаш ќе дојдат на наплата. Од цената веќе денес боли глава. Цехот ќе биде застрашувачки и како сума, како економска категорија, но ќе биде страшен и во политичка смисла. Токму како во Србија, за која Светислав Басара некни во НИН вели: „Во држава втемелена врз главно негативни емоции, како Србија, емоциите се моќно орудие за манипулација; овде всушност немаме никаква рационална политика, овде сите државни и општествени работи се водат со примитивните техники на распирување и смирување на страстите. Лесно би можело да се постави прашањето: што ќе ни е воопшто таква држава, бидејќи државата по дефиниција е владеење на апстрактни закони со помош на кои, па и присилно, треба да се вообличи хаотичното самоволие на аморфните емоции? Но добро, суштинската смисла на српската држава и не е добробитта на нејзините граѓани, туку борбата против светската реалност, водењето одамна загубени битки и лагодниот живот на државниците и државните чиновници“.

Жарко Кораќ, министерот во владата на Ѓинѓиќ, деновиве напиша нешто слично: „Дилемата „Косово или ЕУ“ во стварноста не постои. Тоа е само маскирано отфрлање на европските интеграции. Таа Традиција во Србија постои мошне долго, создадена е одамна, пред идејата за обединета Европа. Треба само да се прочитаат текстовите на владиката Николај Велимировиќ кој зборува за „курвата Европа“, обземена со материјалните вредности, наместо со духовните, како светот на православието. Николај Велимировиќ дури смета дека нашиот духовен живот во суштина е инкопатибилен со европскиот“.

Угледниот правник Воин Димитриевиќ исто така се обидува да ги подразбуди во демагогии заспаните српски политичари: „Во последната деценија на 20 век Србија ги изгуби симпатиите кои несомнено ги имаше - да речеме, во Велика Британија, Франција, САД - и ги поттикна постарите антипатии, во Германија и Австрија (...). Десниот и јуродив дел од Русија тоа не може да го надокнади, а новата капиталистичка Русија има поважна работа (...). Кина е Кина - деловно мошне капиталистичка и пресметана, а идеолошки уште комунистичка, па не може да биде одушевена со земја на екстремен антикомунизам, во која во тоа име се отфрлаат и модернизацијата и антифашизмот...“

Дневниот весник „Данас“ потсетува дека од 2000 година навака од предпристапните фондови на ЕУ Србија добила 2,68 милијарди евра бесповратна помош. ЕУ во вкупната меѓународна помош за Србија учествува со 48,7%, додека двете големи источни сили, Кина и Русија, учествуваат со статистички безначајните 0,03% бесповратна помош. Многу слични се бројките и за Република Македонија.

***

Повторувам, значи, уште еднаш, дека во Никола Груевски ние ги добивме својот задоцнет изобличен хибрид помеѓу Туѓман (помпезноста, националниот кич) и Милошевиќ (крутоста и насилството). Битангите и шарлатаните, велам, и кај нас, како во Милошевиќевата Србија, денес се најголемите патриоти. Една недела ги откриваат внатрешните непријатели, следната недела надворешните, а за време на државните празници проповедаат сплотување пред непријателите.

Пропагандните ловци на Груевски (а особено дамата со тешката артилерија, женскиот пандан на „Мерачот на патлаци“) ме потсетуваат на озлогласената Поља Николаенко, „бестрашната поткажувачка од Киев“. Специјалноста на оваа морничава старица од времето на сталинизмот, одговорна за смртта на дури 8.000 луѓе, била да стане на јавен состанок и да извикува обвиненија. Хрушчов ја видел како покажува со прстот и креска: „Јас не го познавам човекон таму, но по изразот во очите гледам дека е народен непријател“. Единствен начин обвинението да се отфрли, сугерира Хрушчов, било брзо да се одговори: „Јас не ја познавам женава која штотуку ме обвинува, но по изразот во нејзините очи гледам дека е проститутка“.

Вдовицата на „народниот непријател“ Бухарин во еден од страшните Сталинови работни логори исто така го запознала тој налудничав дух на кодошење кога една заточеница во логорот ја пријавила за поседување книга под наслов „Опасни врски“, мислејќи дека тоа е опасен прирачник за шпионажа.

Гледајќи, значи, на крајот, како овдешниот водач со асистирана помош ги расчистува пред себе „непријателите“ (судии, политички противници, новинари, академици, угледни поединци, секој, впрочем, што не се поклонува пред дострелите на груевизмот), корисно е да се потсети, колку да се фати психологијата, на зборовите што Сталин доверливо му ги дошепнал на Камењев: „Најголемо задоволство е да го означиш непријателот, да подготвиш се’, темелно да се одмаздиш и да си заминеш на спиење.“

колажи: Dani Sanchis

Ме инспирира да се надоврзам

Ме инспирира да се надоврзам на следново. Има “систем во систем“ во државава. Менталитет(ски) е. На тоа треба да се работи, во спротивно - ова е ќе трае ужасно долго. Твоите укажувања ги расипуваат следниве пароли (или изјави - понекогаш мислам дека нема ништо друго во државава освен “денес изјави овој“, “вчера изјави оној“.): „Ги победивме клетите Грци“ или, „Утре, ако некој оди за Грчка, нека не оди“(демек страшни сме во баскет, - параван за ослободување на фрустрациите на нео-нацистички “орки“). И кога сето ова ќе се заврегла на колективно Себство, или на колективното Ние (ова го давам само како еден од многуте примери)..., страотилоците се претвораат во вукодлаци, бесконечно жедни за крв.
Алееееееееееее!-алеа!-алеа!-леееееееееееее!...

Shteta shto Mahatma Gandhi,

Shteta shto Mahatma Gandhi, Salvador Allende ili Nelson Mandela nemaa shansa da go chitaat Gelevski. Kutrite kje svatea kolku e podobro da bacish raka kaj shto treba namesto da bidesh "patriotska bitanga" i plakjash "zastrashuvachki cehovi".

Шо збориш бе Коља, нели ти се

Шо збориш бе Коља, нели ти се смачи да му се невиди...успокој се, додји си на 8-ми на плоштат, прослави со македонскиов народ, батали го тоа друштво лустрирани битанги со кои си, млад си ти...ах, коља, коља имаше шанси ти друже, те заведоа лустрираните лустери!

саркози лежеше на неговото

саркози лежеше на неговото носе и како да се кривеше малото еврејче, му се јави по телефон на неговиот по мал кур ем мек близнак брат, берлускони.

педеру, да идеме да ебеме нешто у македонија, а?
не ќе го ебеш грујоф, ајде уозбили се, абе ти знаеш дека тој сакаше да ми го накрши прошла година у ВалДиЗер? скијам ја и коа од нигде се појави мал црвест кур. ја лево, он по мене, ја десно, он тука, ја застанав, коа се појави ова..
добро, добро, а мене, бе? го викнав у палатата, ратататата, мататата, вапатата. и он мене ни две ни три, патлакот на маса, а тука разбираш јас со карла се лижеме, незгодно еј!
добро, добро.. шо да правиме?!
одиме на 8ми и му го закачуваме тврдо. ја ја земам ајфелица, а ти види, имаш тамо стари градби.
знаеш што, наказо?!, му се обрати идиотот, да ги собереме по пат, смрдените?!
па не знам, не ќе го делиме шупакот на александар на повеќе делови, дај ја и ти да му го закачиме?!
од парис, ја ја понесувам ајфеловата, закачена на мојот протетско екстенизиран кривулест нос. протетика, му се жалеше на наци-глупакот, кој од другата страна на телефонот додека го дркаше на носот на саркози, соблечен, гол, се пипа, пушта некои звукови у мачо стил рече дека сака да и се качи на мркелка, а од таму заедно тие тројцата да отрчаат до орбан, па надоле кој го прими го прими, кому иде.

може да одиме да се лижеме и со косор?!
ти знаеш бе, дека у рим ја преправав, од русо коса у косо руса? таа беше мушко па со хормонална обработка на нејзините гениталии е каква што е сега никава, ама му го бапнав пред операција. можеш да замислиш какви инстинкти има сега откога е оперирана, козата малтретира народ, суди, лаже..
ја тргам до елисејските полиња да си земам трофејот ти збори, ќе те слушам по пут, и продужуеме.

леташе протезата низ франција со газот на штакорското колпиле до милано, преку алпи и езера, низ пространства и шуми. идиотот се смееше со тоа негово разголено тело, како гмизавецот од лорд оф д рингс, лигав, смрдлив, психо-патетичен психо-монструозен и плус многу лигаф, растечен со мрсули и гол. за некои луѓе тоа беше магла која испарува со првите зраци, за други, ноќна мора, за берлускони тоа беше едно шило повеќе во неговиот шупак.

ќе го јавам, до унгарија, си рече на себе берлускони, а после ќе видиме, си рече ова говненце. може он ќе сака да ми се качи.

на потегот милано грујоленд, трк од рим, берлускони гол трчаше у стил на павијан на четири, и се качи на кулата од пиза, ја тропаше од горе, тропаше, кршеше, ја сруши и со заби ја презема и си ја закачи на грб. го чекам тоа суртучко чудо, а од таму, како од некој јура парк филм, ајфеловата кула се спушташе низ реката по, те прескакајки од една страна, па ќе се качи на некој рид, ту поблизу, ту подалеку.

саркози и берлускони, искривени, но на потегот на грбот, носовите, куровите и шупаците, се спојуваа во јато, да не биде НАТО, со објава дека доаќаат на поплавата на 8ми да му го зачукаат на грујоф и неговите педери.

ќе ги ебеме, рече гмизавец.
ќе ги шупчиме, рече штакор.
ќе ги дупчиме, рече наказа.
ќе ги грујваме, рече мрсул.

кој знае какви коски имаат овие идиоти, тоа ќе се дознае кај косор, таа искривената, покварената, змијата.

у тоа време, орбан, преку своите педерски служби, преку саше од македонија, дозна дека овие двајца смрдливи гниди си играат по пасиштата на ЕВРОПА и доаѓаат накај него.

леле, што ќе правам, леле како ќе ги ебам, се радуваше тоа гнасно фашистче.

у тоа време, грујоф отиде у џамија да ја види ракетата на која сакаше да се качи таип ердоган, да ти бил тој некој таен, смрдллиф покварен педер од нај олошоф тип.

Коља читаш ли нешто друго во

Коља читаш ли нешто друго во последно време освен српски интернет портали и весници???
Папочната врвца уште ти е врзана со Србија.

Обидот да се поистоветуваат работите со Србија и српската ситуација во деведесетите и после 5 октомври е во најмала рака спинување на ситуацијата ако веќе не сакаме да кажеме силување на реалноста.

Македонија во ниту еден сегмент не е и не може да биде иста со Србија, српските прилики а најмалку со српските политичари.

Но кога некој цел живот го гледал татко му како чита НИН, ПОЛИТИКА и сл. и тој по инерција продолжува со истото темпо.

Македонија има сосема други проблеми и други девијантни појави кои се карактеристични за секоја декадентна власт...имено секоја власт која е подолго на тронот не е имуна на декаденцијата. Но ни во најмала рака твојот поглед на нештатат може да се поистовети со декадентната реалност која ја живееме.

Што да ти каже друго човек искрено?

Едноставно толку ти се залутани ставовите и погледите да човек едноставно не добива желба да ги разобличи и разниша пежоративните коментари кои редовно ти се лепат, како мува на гомно и тоа само што ќе шкрапнеш една реченица.

Ако сакаш да ја критикуваш власта издржано, не го прави тоа салонски и не се базирај на срските критички пера. Таму ja нема и нема да ја најдеш вистината. Излези и придвижи се, помешај се помеѓу луѓето и ќе го видиш вистинското незадоволство, па седни и напиши тогаш нешто издржано.

Судбината на Македонија, за

Судбината на Македонија, за жал (иако многумина Македонци сметаат - за среќа), нераскинливо е поврзана со судбината на Србија, т.е. со волјата на властите во Белград, кои и да се тие. Еден од ретките што тоа не го укопча на време беше Љубчо Георгиевски. Неговиот ужасен наследник, еден од најмрачните гробари на македонството, Никола Груевски, не ја направи таа грешка и се врза со Белград поцврсто од најцврстите комунистички прегратки (оти полициско-разузнавачката прегратка е „загрљај“ од кој пукаат коски).
Значи, освен културата и економијата кои се тотално исповрзани, со децении МК и СРБ заеднички дејствуваат контра Албанците. Во поново време заеднички дејствуваат против „курвата Европа“, против „злосторничкиот НАТО сојуз“ и против „неразумните барања да се обезличиме, да го изгубиме идентитетот, името, светата територија“ итн.
Целата мк дипломатија, војска и полиција (комплет со разузнавањето, архивите итн.) е во преплет со српската (преплет е еуфемизам за : Скопје е под наполна контрола на Белград; наградно прашање: за кого работат најжолчните медиумски играчи на груевизмот, Латас и Керим?!).
Значи, ако Ахмети намерно и курнаски го поддржува деструктивецот Груевски (затоа што Груевски е гробар на МК, што им одговара на Албанците, но долгорочно, оти сеуште не се доволно јаки и за Косово и за дел од МК), истото го прават и круговите околу Груевски, полутајно врзувајќи се со радикалните српски кругови кои и понатаму работат на сотирање на Албанците. Ете, и тоа е дел од „љубовта“ меѓу просрпското ВМРО и бандитската ДУИ.
Како и да е, да завршиме, само политичко-културен идиот не гледа дека Македонија е под контрола на Србија, а дека груевизмот е нешто налик на мека („српска“) путинизација на Македонија.
Надежта, значи, е само дека Белград конечно доволно ќе се демократизира и европеизира за и нас за уши да не’ повлече кон цивилизацијата, сакале или нејќеле.

Би ја спуштил “топката“ малку

Би ја спуштил “топката“ малку подолу, би се обидел да ги подобјаснам човечките огледала, подолу, ви повторувам!, во кругот на дворот, во сокаците, или што би рекол М. Китон во филмот “The Company“ (Филм за “Студената војна“ во три мини серии- почеток на дејствието 50-ти, па, до самиот пад, во 89-тата): „кога светот беше 'црно-бел', можеа да се фатат перцепциите, а сега - изгубен сум во дивината од огледала.“
Имено, едем мој драг пријател од маргините (Македонија како маргина? во гео-мео-околности?) ми вели:
-Луѓево не препознаваат перцепции. Се гради, се градат и споменици, и токму тука е нивниот однос - „се гради“! и пролжува:
-Не' препознаваат дека тоа по дефиниција е лошо, или дека тоа има некаква лоша симболичка импликација. Тие не' сфаќаат дека спомениците ствараат толпа за јуришање, индуцирана маса која ја ограбуваш токму во моментот кога на мал народ, со големи проблеми му создаваш Големи митолошки претстави.

***

Една моја драга пријателка има само 24 год. Секојдневно кукумавчи. Има проблем во љубовта а заработува, токму во маргината, околу 30.000денари плата. Или што би рекол постмодерниот полу-граѓанин „песто еура се песто еура!“
Ја гледам, ја жалам. Се жалам и себеси. Што правам секој еден ебан ден: не правам ништо! Читам дневни весници како луд! - ми треба, човеку, Адреналинска инекција за да видам дали државава има некаква шанса да избори место на “клупата на светот“. Ја барам шансата дали може да се покренеме. Мојата драга пријателка од “30.000. денари“ продолжува да кукумавча, а ја сфаќам дека светов станува се покомлициран, та така, свесни за овој факт, ние, земја од Трет или Четврти свет, жолчно се трудиме да му приредиме спектакл на светот директно од нашите мали и провинциски животи. Спектакл! Слика! Тон! Бес! Лудило!
А гледачите како мене, маргиналните партиципиенти, секојдневно се прашуваат: „Кој ќе исчезне овој ден - јас или тие?“

***

Груевизмот створи “политика на хранење“. Кога ќе дојде време да се укине храната, стаорците најпрво ќе ги изедат сопствените деца, а потоа ќе почнат да се јадат едни со други. Во моментов на сите ни се укинува едниот од трите оброци: минатото, сегашноста и иднината. Иднината ни се случи. Се случи, затоа што, на свој начин, уште еднаш ни се случи минатото. А сегашноста, па пробајте се од почеток.

цитат од регионален

цитат од регионален аналитичар, "...се врза со Белград поцврсто од најцврстите комунистички прегратки (оти полициско-разузнавачката прегратка е „загрљај“ од кој пукаат коски)..."

Колку сликовито кажано, со што апсолутно се согласувам. Но зарем сметаш дека би било грешка ако се направи радикален прекин на тоа братство. Токму тука не се согласувам и со авторот на текстот кој бара компарација со Србија.

Веќе се чувствувам дека сите го прифаќаме тој факт како нешто судбинско или од бога предодредено кое не може да се промени.

Кога и критичарите на власта нуркаат во компарацијата со Србија тогаш дефинитивно сме отидени во „“’%‘&*.

Па зарем не е поедноставно да се критикува власта со тоа што ќе се рече...ДОСТА СО СРБИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА...отколку да се компарираат негативностите и да се глорифицира српскиот демократски отпор како решение за нашите проблеми.

Токму чекањето да се случи промена во Србија ја стонира Македонија 20 години.

Analiticarot, i toa ne bilo

Analiticarot, i toa ne bilo koj, ami regionalen, bratko moj, od grizata za sudbinata na Makedonija so koja po svoja namkorska volja se zaebavaat vlastite vo Srbija (ostroumniot regionalec seuste ne znae koj toa tamu vo beliot grad e na vlast, no ne se somnevam deka stom doznae, ke ne informira na vreme) izgleda denes zaboravil da go ispie lekot. Negovite horor halucinacii vo koi po ulicite na Skopje i okolijata setaat cetnici, do zabi vooruzeni so bolvi i voski, barajci zrtvi medju miroljubivite domicilni homo erektusi od albanska proveniencija na koi ke im prenesat vitaminski koktel od kolera, hepatitis ABC+E, sida i proliv, so krajno mracna cel da go sotrat nivniot son za hipi zaednistvo na Kosovo, del od FIROM, tri cetvrta Grcka (ako im e) i edna pravedna polovina od Srbija sose pesokliviot breg na Ada Ciganlija, od medicinska gledna tocka ima smisol. Kako i mentalnata gonoreja od koja e zabolena denesnata makedonska vlast. Ili pak blesavata virtuelna borba na oknasite protiv vemerovskiot monstrum. Ma, da se doktorira na seprisutnata budalastinata. No, da se tvrdi deka eden psiho isprdok, vo narodecot nas popoznat po super smesniot prekar Latas, e seriozen pretstavnik na bozem seuste semoknata srpska tajna sluzba (valjda UDBA, a?) e opasno cerebralno zaboluvanje pred koe i medicinata molci. Pa zar ne znaete deka koj kako ke stigne si igra kurtasak so glupaviot Latas. Ako e toj srpski Dzems Bond, ebati Srbija, ebati.

ОкоБоли главаВицФото