Понижувачкиот говор на Обама во ОН

26.09.2011 11:49
Понижувачкиот говор на Обама во ОН

Махмуд Абас вчера требаше да го доживее најсветлиот момент во својот живот. Дури и Њујорк Тајмс објави дека „сивиот човек во сиво одело и сериозни чевли би можел да излезе од сопствената сенка“. Но тоа е бесмислица. На безбојниот водач на палестинските власти, кој напиша книга од 600 страници за судирот на својот народ со Израел без ниту еднаш да го спомене зборот „окупација“, не му беше тешко да го надмине патетичниот, понижувачки говор на Обама во ОН во средата, во кој американската политика на Блискиот исток ѝ ја препушти на превртливата израелска влада.

Како и обично, Ханан Ашрави, единствената елоквентна Палестинка чиј глас се слуша во јавноста, беше во право. „Не можев да им верувам на своите уши“, изјави таа за Хаарец (Haaretz), најугледниот израелски весник. „Звучеше небаре Палестинците го окупирале Израел. Немаше ниту збор сочувство за Палестинците. Зборуваше само за израелските проблеми...“ Премногу е во право. И како и обично, најприсебната израелска новинарка, во својата отворена осуда кон Обама, докажа дека кремот на американското новинарство се кукавици. „Бледиот, некреативен говор кој американскиот претседател Барак Обама го одржа пред ОН... ја одразува беспомошноста на американскиот претседател пред реалноста на Блискиот исток“, пишува Јаел Стернхел.

И кога, со тек на време, ќе откриеме дека Палестинците ќе одговорат на лигавата приказна на Обама со трета интифада или кревање раменици, помирени со сознанието дека отсекогаш било така, фактите ќе продолжат да докажуваат оти американската администрација останува инструмент во рацете на Израел кога се работи за израелското одбивање да им се даде држава на Палестинците. Како може, ајде да се прашаме, американскиот амбасадор во Израел, Ден Шапиро, од одлета од Тел Авив во Њујорк на дебата за државноста со личниот авион на израелскиот премиер Нетанјаху? Како може Нетанјаху да биде премногу зафатен со муабетење со колумбискиот претседател за да го слуша говорот на Обама? Тој само фрли поглед кон оној дел од текстот за Палестинците кога беше лице в лице со американскиот претседател. Тоа не беше дрскост. Тоа беше навреда, чиста и едноставна.

А Обама го заслужи тоа. Откако ја пофали арапската пролет/лето/есен, што и да е, набројувајќи ги сите поединечни храбри дела на арапските Тунижани и Еѓипќани, небаре цело време го поддржуваше арапското будење, се осуди да им даде 10 минути од своето време на Палестинците, залепувајќи им шлаканица што се осмелиле да бараат државност од ОН. Дури Обама – и тоа беше најсмешниот дел од срамотниот говор во ОН – сугерираше на тоа дека Палестинците и Израелците се рамноправни страни во судирот.

Кога некој Марсовец би го слушал овој говор, тој би помислил, како што забележа госпоѓата Ашрави, дека Палестинците го окупирале Израел, а не обратно. Ни споменување на израелската окупација, или споменување на бегалците, или правото на враќање, или за кражбата на арапската палестинска земја од страна на израелската влада, што е против сите меѓународни закони. Но беше силно ламентирањето над опколениот народ на Израел, ракетите кои се стрелани врз нивните куќи, бомашите-самоубијци – се разбира, палестински гревови, но без споменување на крвопролевањата во Газа, огромниот број мртви Палестинци – па дури и на историскиот прогон на Евреите во Холокаустот.

Прогонот на Евреите е историски факт. Исто и Холокаустот. Но тоа не го сториле Палестинците, туку Европејците, чија помош за негирање на палестинската државност сега ја бара Обама. Па, потоа стигнавме до приказната за рамноправните страни, за тоа како израелските окупатори и окупираните Палестинци се еднакви противници.

Медлин Олбрајт исто така знаеше да ја каже оваа гнасна лага. „Одговорноста е на обете страни“, би рекла таа, миејќи раце, како Пилат, од целата работа во мигот кога Израел се закани дека ќе ги повика своите поддржувачи во САД. Само господ знае дали Махмуд Абас денес е способен да одржи говор како оној од 1940 г. во ОН. Но барем сите знаеме кој е кукавица.

Извор: Independent

ОкоБоли главаВицФото