Мало чело, големо начело

18.10.2011 11:41
Мало чело, големо начело

„Мало чело се напиња да смисли големо начело“ – вака, мошне духовито, кратко и прецизно опишувајќи го владеењето на груевизмот, еден пријател започна со мене мала имејл преписка.

И продолжи: Ова во Македонија не е политика туку мешавина на црна магија и панаѓурски илузионизам. А тоа значи дека нема алтернатива за шармантниот микс меѓу балканскиот анимизам, сибирскиот шаманизам и локалните бабини деветини, микс кој овде се нарекува политика (за да не се досетат Власите, т.е. клетите западњаци); а тоа значи, фала богу, дека во ЕУ ќе влеземе со сопствениот идентитет, за едно 150 години. Прикладно облечени во додолски кожи, со венци од лук околу вратот, со столчени крилја од лилјак во џебовите и со левото око на крокодил во умот. А тоа значи, џабе ти е сè – резигнирано ме советува пријателот – бесполезно ти е секое пишување, секој граѓански ангажман, оти со нас владеат анимисти и магионичари потпомогнати со исти такви луди свештеници; разумот овде одамна прогласил фајронт.

Очите на некои видови птици имаат маса поголема од нивниот мозок, посредно му одговорив на пријателот. Освен тоа, како што знаеме, во стравот очите се поголеми. И дојде такво време, мозокот на луѓето од страв се стуткал на големина на орев, а очите зјапнале, избезумено се ококориле за да ја предупредат опасноста.

Но – почнав да мудрувам пред пријателот – глупоста на луѓето најчесто не е природен дефект, туку напротив, во одредени ситуации луѓето стануваат глупави, односно дозволуваат да изгледаат глупаво. Се повикав на експертот за глупост, Дитрих Бонхефер, кој вели дека глупоста помалку е психолошки, а повеќе социолошки проблем: „Таа е посебна форма на дејствување на историските ситуации кај човекот, психолошка нуспојава на одредени надворешни прилики. Просто речено, моќта на едните има потреба од глупоста на другите. Тоа што глупакот често е тврдоглав, не смее да нè наведе на помислата дека тој е самостоен. Токму во разговорот чувствуваме дека воопшто немаме работа со него лично, туку со фразите и паролите кои завладееле со него. Тој е во некое прогонство, тој е заслепен, злоставуван во неговото сопствено суштество. Така станувајќи безволен инструмент, глупакот ќе биде способен за зло и во исто време неспособен да го препознае злото. Тука лежи опасноста од ѓаволската злоупотреба. Така луѓето засекогаш ќе можат да бидат осудувани на пропаст.“

А дали цинизмот со кој владее режимот (опозицијата, на пример, бара одговорност за неуспешниот попис, а груевистите им велат: „вие нас всушност нè сакате и затоа не поставувајте глупави прашања“) е искрен, нешто во што тие веруваат, или е дијаболичен, сосема деструктивен, или е нешто трето, доследно спроведување на маркетиншки концепт, проста технологија на власта? – ме прашува пријателот.

Без разлика дали станува збор за една застрашувачки бесрамна технологија на владеење на политичкиот цинизам или, од друга страна, за тешко сфатлива интелектуална и морална изгубеност на самите владетели, факт е дека оние што ги донесуваат одлуките што ги менуваат нашите животи често не знаат што прават. А не знаат зашто немаат соодветна основа врз чиишто темели би можеле да ги предвидат последиците од своите одлуки. Општеството, за жал, веќе не нуди услуги од тој тип. И се случува за мошне деликатни работи да одлучуваат умно, морално и емотивно заостанати личности. Со кои, трагедијата да биде поголема, се идентификува голем дел од населението, зашто и самото е попречено во својот цивилизациски (умен, емотивен, морален...) развој. Со нас владеат луѓе кои можат да сфатат само еден аспект на ситуацијата и се држат до него докажувајќи им на противниците дека тие се фалични во разбирањето. Класика. Ера на владеење на опасните комедијанти.

Знаеш што заклучувам, вели мојот пријател: материјалната сиромаштија не е најголемиот проблем на Македонија. Да, таа е највидлив дел од проблемот, но она што во моментов најмногу плаши е сиромаштијата на потребите, на визиите, на чувството за одговорност и спротиставување... Тесноградоста, кусогледоста, омразата, глупоста, фрустрациите, колективизмот втемелен во медиокритетското и племенското... – сето тоа се општествени закани исто толку важни и опасни како материјалната сиромаштија... Во крајна линија, во такво општество нема ни потреба од политика. Политичките настани се плитки, кавгаџиски на прва топка, без јасни правила, и предизвикуваат здодевност и чувство да се побегне. Површината навидум е подвижна и разбранета, но во длабочината владеат неподвижноста и мртвилото.

Крајот на мојот пријател беше исто толку атрактивен како и почетокот: П. Т. Барнум, милионерот, познат и како таткото на циркусот, еднаш изјавил: „Никој никогаш не банкротирал на потценувањето на интелигенцијата на американскиот народ.“ Што значи тоа? Дека, ако сакаш да го победиш груевизмот треба да го потцениш македонскиот народ дабетер од што го потценува Златниот-Црниот, т.е. Малиот-Големиот?! А можно ли е тоа?! Да истураме кофи гомна врз главите на поданиците, директ од Воинот на коњ?! Можеби тогаш ќе им дојде памет?! Не знам, стварно...

Николае Грујабе вели (не само

Николае Грујабе вели (не само што вели, тоа е клучната точка на целата негова идеологија и технологија на владеење), дека западњаците (ЕУ, НАТО, САД) го (т.е. нè) малтретираат исклучиво за тој (т.е. ние) да попуштиме пред лудачките барања за промена на името. И вели пастирот дека тој води совршени реформски политики, а сето друго само му го пакуваат злите предавници, слугите на Грција, шиткачите на идентитетот итн.
Но, би рекол, СОСЕМА Е ОБРАТНО! Грујабе три години по ред добива релативно позитивни извештаи исклучиво зашто се обидуваат да го смилостават во однос на правењето компромис со Грција. За тоа време малиот талентиран Грујабе (славниот наш Златен-Црн, т.е. Мал-Голем) направи пичвајс од целава земја, т.е. целата земја ја претвори во негова партија. Ако ти се свиѓа неговата партија - океј, моеш да дишеш. Ако не - одјеби, кој ти е крив коа не моеш да направиш правилен избор.
Повторувам: западњаците се екстремно толерантни кон Грујабе (му го простуваат евидентно недемократското владеење, плус криминалите на Фамилијата) само за пастирот да нема аргументи дека е потлачен! Без разлика на тоа, дури и со умерените аргументи дека земјава е нејцрниот вилает во Европа, пастирот пак цмиздри и ни најавува уште потешки времиња оти, јебига, сакаат да ни го земат идентитетот, а он нема го дае, макар морал да владее уште сто години.
Ало, Македонци! До тој степен ли сте идиоти за на ваков начин да си игра пипиревка (т.е. дрндупка) со вас еден забеган манипулатор и демагог кому баш и не му се сите овци на број?!

Гелевски, незнам како повеќе

Гелевски, незнам како повеќе да се потцени македонскиот народ. Навистина незнам.
Влезени сме во вртлогот на популистичката беспредметност и политичката апатија.
Министерството за пропаганда на владеачката партија работи бескрупулозно и неуморно, веројатно единствено тие работат нешто како што треба.
Парадоксалноста на губењето на идентитетот додека истовремено се утепавме да го зачуваме не е толку парадоксален кога ќе се стави во контекст на „анимизмот и илузионизмот“. Народот е нокаутиран од популистичкиот варваризам и историскиот кич.
Веќе е невозможно да се води конструктивна дебата во земјава. Ниту еден факт не удира во целта, туку се распаѓа од здивот на на соговорникот. Ниту една критика нема ефект, притисната од културниот деструктивизам на шаманскиот популизам.
Опозицијата спие, интелекталците (со чест на исклучоците) стравуваат, а народот нема надеж дека може нешто да промени.
Демократијата е претворена во гротеска, а политиката е единствено подредена на популизмот.
Ниту кофите гомна нема да ја погодат целта, ќе се претворат во конфети пред да удрат по толпата.

Malo celo golemo nacelo e

Malo celo golemo nacelo e izreka koja ja koristi hrvatskiot advokat Zvonimir Hodak.

Коља, интересни размисли.

Коља, интересни размисли. Гледам дека се обидуваш да бидеш концизен и да понудиш некој нов аспект на разгледување на веќе одвратно нараснатата апатија и полтронство. Најмногу разочара килавата опозиција, на која и се бендиса да дроби попара од пратеничките клупи и да писка од смешните прес конференции. Со ваква опозиција нашиот народ не треба да се грижи за својата иднина, да го парафразирам ЈБТ (или кој веќе беше)!

Впрочем, на што се сведе

Впрочем, на што се сведе „преродбата“?
- Јарболи, бекатони, тротоари, коњаници, бронза, лопати, ледини, коцки, екрани, билборди, плажи, доручек, водоскоци, фонтани, колци, наколни куќи, цркви, сонце, Аце, ископини, сали, зони, паркинзи, клупи, амбиентално светло, разгласи, соопштенија, шалтери, конгреси, партии, - долгови, кредити, позајмици, емисии на обрзници, записи, буџети, баланси, дебаланси - името, знамето, идентитетот, членството, даваме/не даваме, - се очекува, ќе биде, само што не е.

Да бевте волку агилни и

Да бевте волку агилни и жестоки во критикувањето на власта, кога се шетаа министри во тренерки од министерството за „Ќенеди и Хруштов“ по Битола, Николае Груеску никогаш немаше да наследи волку со глупост наѓубрена плодна нива, на која сега сади криви краставици. Им дозволивте на чаушите до петто колено да се врзат ко црева во секоја институција, па сега кукате зошто овие правеле институционална фамилија. Танте за кукурику, муфљузчиња мои безрбетни, Грујо не го измисли непотизмот, имаше стари црвени диносауруси од кои го научи занаетот и го крена на повисоко ниво во 21-от век. Тогаш луѓето беа уште поглупи, ви гарантирам, се беше не таласај и кради си оти сите крадат. Уште еднаш ќе повторам, Грујо наследи земја со морони, не ги клонираше набрзинка.Сега е касно,возот тргна надоле по националниот пат на Србија, па вие видете колку време ќе треба да се прележи оваа болест и да се излезе од овие зомби гомна.

А ти, Геополитичар, што

А ти, Геополитичар, што праеше и што праиш за да се спротиставиш на заглупувањето и уништувањето на народот?! Начелно се согласувам со тебе, груевизмот е чисто продолжение на тутучкиот социјализам (всушност, на најлошите аспекти на социјализмот, иако голем дел од народот мисли и дека Грујо чат-пат е олицетворение и на добриот социјализам - гради, помага, се грижи за народот, кобајаги, низ неговата пропаганда... Али народ не сфаќа, на чуден начин Грујо ги потсеќа на „рајскиот“ социјализам кога не мораа многу да мислат, а некоја пара капеше, главно незаслужено, на кредит).
Значи. Геополитичар, кај си ти?! И кои се тие што треба да бидат „цело време агилни во критикувањето на власта“?! Колку што памтам (од некогашниот Форум или од Маргина) Гелевски отсекогаш бил критичар на власта, која и да е. Пожесток е кон оваа, колку што контам, зашто Црни Грујо досега е убедливо најзабеганиот политичар во Македонија. Дури и да е тоа само субјективна и пристрасна позиција на Гелевски - тој си има право на сопствено мислење и на јавно ангажирање. А ти, Геополитичар?! Ти си „жртва на системот“?! Еден од многуте јадници кој стои од страна, чкрта со забите, прди во прашина и пцуе во мрак?! Машала, машко! Тек со такви ќе прогледа слепиот народ!

Абе мочко,ја колку имам

Абе мочко,ја колку имам направено, ти за два живота нема да направиш. Фала ти на грижата, ја прдам кај стигнам,пцујам на отворено и кур не ми чуе. Ти стварно ли мислиш дека ако пратиш едно тролско гомнетарче тука на окно, ќе ги опраиш работиве?? Преку стојко ми е од такви лиготежи ко тебе кои одма ги прозиваат другите „а ти кај си бе“. Смешен си бе, ко лик од брајаново житие што се спрема да ја урне римската империја, исфрустрирано, на сите страни бараш непријатели и не може у тимбето да ти влезе дека со тоа ги храниш и едните и другите глаучи. Ќе проба уште еднаш да ти објаснам: НЕМА ние и тие, НЕМА наши и ваши, ИМА САМО СИСТЕМ и ние кои сме ПРОТИВ СИСТЕМОТ. За мене нема помалку или повеќе забегана власт, за мене секоја власт е лоша, ако ти сакаш да ја смениш оваа со друга зашто ти била многу забегана, крши глава, ја у тоа не ти помагам. Единствено признавам духовно силни поединци кои би можеле да влијаат на тие околу себе во градењето на силен, критички дух, ама не ко тебе преку вриштење ко пичица дека ништо не чини и дека ако не си со мене,тогаш си против мене, туку преку вониституционално образување и продуховување и најважно од се ЗДРАВ ХУМОР. Власта и војничињата, можеш да ги победиш само ако не им се плашиш и ги сотреш со исмевање. Ти вака ко Рамбо од интернет, место мене да ми дробиш, иди смисли нешто паметно и дај им идеа на тие околу тебе како може да биде подобро, а не да прдиш у цевче.Гревче...

Да си ебеш векот, Стратег,

Да си ебеш векот, Стратег, толку си духовит што еве „до јаја“ се смеам на твоите бистри шали. И не само тоа, толку си храбро „антисистемски“ (па до јаја) што смеењето ми е проследено со стахопоштовање, разбираш.
Единствена фалинка во твоето самозадоволство е што истиот светоглед го делат мнозинството припити лузери-херои од пред гранап (више-мање истиот примитивен хумор, тупата бистрина и медиокритетската - вечно незрела и нереализирана антисистем филозофија).

За среќа ти си тука, па се ќе

За среќа ти си тука, па се ќе опраиш, успешен стратегу. Оди сокче напи се на Ленинова или Македонија, незнам што обичаш поише и дрви го како ќе го рушите Грујо, кај да е некоја клетва ќе ви фати, па ќе може да се фалиш после како со твоите геополитички стратешки клетви ја спаси државата.

Но колку и да ги иронизираме,

Но колку и да ги иронизираме, омаловажуваме или да ги обвинуваме за лоша причина за протест, организаторите и учесниците на демонстрациите одржани деновиве во три босански града, сепак држи фактот дека тие нешто направиле (или се обиделе да направат), додека сите ние, секој поради своја причина, покажавме рамнодушност, мрзливост и глупост. Не рамнодушност кон американските демонстранти (кој ги ебе, впрочем – капитализмот не стана чудовиште од плакарот од вчера; се бунат сега, кога кризата им дојде до гуша, а со десетлетија мирно го игнорираа умирањето на милиони деца и луѓе од глад, и неоколонијалистичкото силеџиство и злосторничко однесување на своите влади и компании), туку рамнодушност кон сопствените животи и нивното уништување од страна на нашата (и само патемно „меѓународната“) политичка и бирократска багра.
http://okno.mk/node/14296

дечки, не наседнувајте на

дечки, не наседнувајте на провокациите на про-соросоидите од Окно. пола коментари се напишани од еден ист човек кој (мизерно и провидно) се крие зад разни крајно неинвентивни псевдонимчиња. ако забележавте, што и да се објави, истиот тој цело време се труди да го сврти муабетот накај грујо (малиот-златниот, црниот-големиот, николае грујабе и слични глупости)и само да се плука по секоја цена врз актуалната власт, а притоа не нуди барем дел од некакво решение или излез од ситуацијава. лесно е да се регистрираат лошите страни на секое владеење, и тоа го може речиси секој, ама кога доаѓа време да се каже ’што ќе правиме понатаму’, тука замолчуваат сите т.н. критичари. не сум груевист, ама мразам кога некој ја потценува мојата интелигенција.

а и коментариве почнаа да се

а и коментариве почнаа да се користат за вербално/текстуално празнење на личните фрустрации, а не за некаква дискусија или дијалог

Добри текстови што го

Добри текстови што го анализираат лудирањето (удирањето) на пастирот деновиве:

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1A5B8F280B8E8C45A774421CB3B52E9C

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7B2E476E8BD5C14A9E2C50070BF05979

 

За што Груевски ги обвини Филе и ЕУ

п Вршење притисок врз македонската Влада

п Вршење притисок врз Груевски како премиер

п Намерно девалвирање на Груевски

п Закани дека ќе вршат негово компромитирање

п Обвини и дека само македонската страна е под притисок, а не и грчката

п Барање решение за името по секоја цена

п Манипулации со соопштенијата кои ги издава по средбите со државниот врв

п Нанесување неправди на Македонија во последните 20 години

п Дека за меѓународната заедница Македонија е несакано дете

п Намерно потценување на достигнувањата на Македонија во последната година

п Режирање ситуација за одземање на препораката идната година

п Фаворизирање на Грција за миленик на Европа, а потценување на Македонија

п Намерно посочување на Македонија како неспособна со цел Брисел да си најде алиби за неуспехот со името и да си ја чува сопствената комоција

п Фаворизирање на Хрватска, Србија и Црна Гора, а намерно отфрлање на Македонија со изговор дека има застој во реформите и не е решено името

Погледај ги коментарите, драг

Погледај ги коментарите, драг Колја, а знам дека ги гледаш и пораките на Груевски: полни се со тага и некаква бесмисла. „Европа не не сака!“ и слични лудачки повторувања, притужби и закани. Тоа значи дека груевистичкото “малцинство“ се откажало од се', од Европа, од светот... политиката ја сфаќаат како заебанција, како фатва. Они знаат ("Они“, мислам на разните подземни и секогаш! - ама секогаш анонимни, локални фашисти) дека со било каква промена се станува “политички мртов“ и тераат на таквиот талас. А овие свештеници преточени во коментатори, не се ништо друго освен “попови од нашето сокаче“.

Ново на пазарот! Дпмне

Ново на пазарот! Дпмне Филтер! Кога од вашата фотеља удобно го следите собранискиот пренос, во моментот на појавување на пратеник од власта ви иде да го искршите телевизорот. Имаме решение за вашите проблеми! Овој генијален уред, кој многу едноставно се вградува, по желба го смалува тонот, менува друг канал, или пушта видео спот. По завршување на говорникот од власта повторно ве префрла на собранискиот канал. Разубавете си го животот и направете нешто за вашето здравје!

Грујо не цвеќчка за мирисање

Грујо не цвеќчка за мирисање ама Ако дојде Бране мислите ќе биде подобро ?
вака само личите на телетабисни соросоидни лапачи на „Бурек“

Они ЗАЕДНО СО БРАНКО ќе го

Они ЗАЕДНО СО БРАНКО ќе го мењаваат народот. Народот не им чини.

ОкоБоли главаВицФото