Шумски небодери во центарот на Милано

18.10.2011 12:34
Шумски небодери во центарот на Милано

Миланската канцеларија на архитекти и уредници на познатото списание Abitare на Стефано Боери, уште во 2007 г. започна со проектот наречен Bosco Verticale (Вертикална шума).

Се работи за проект на метрополитенско повторно пошумување кое придонесува за обнова на околината и урбана биоразличност, без да подразбира ширење на градската територија. Bosco Verticale претставува модел на вертикално згуснување на природната околина во рамки на градот, кој се обидува да воведе нови политики за создавање шуми во метрополитанските области (Metroboscо).

Новата стратегија на Metroboscо и Bosco Verticale се покажуваат како нужност за опстанок на околината во современите европски градови. Проектот на Боери се покажа како идеален начин на градење кој ги спојува природата и градот во рамки на градската територија – преку две станбени кули со височина од 110 и 76 метри, кои моментално се градат во центарот на Милано, во населбата Исола. Кулите ќе бидат дом на речиси 900 стебла и многу различни грмушки, што на хоризонтална површина би опфаќало околу 10 000 квадратни метри шума.

Системот Bosco Verticale не нуди само шума во градот туку и оптимизира, обновува и произведува енергија. Вертикалната шума помага во создавањето микроклима и филтрирање на честичките прашина кои се среќаваат во урбаната околина. Разновидноста на растенијата и нивните карактеристики произведуваат влажност, го впиваат јаглерод-диоксидот, создаваат кислород и штитат од радијација и загадување со бучава, зголемувајќи го квалитетот на животниот простор. Рециклираната вода од домаќинствата ќе се користи за наводнување на растенијата, а со одржувањето на флората ќе раководи градска служба.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото