Диктаторски snuff филм

23.10.2011 16:16
Диктаторски snuff филм

 

Диктаторот е мртов. Либијците слават. Народот покажа дека има право да одлучува за својата судбина, додаваат коментаторите. „Почнува нова ера во либијската историја“ гласат насловите во денешните медиуми кои известуваат за оваа извонредна случка, додека во позадина оди слика со раскрварениот труп на Гадафи и видеоснимка, снимена со мобилен телефон, која вчера цело попладне се вртеше на Ал Џезеира, CNN, BBC и сите други светски телевизии.

Не е чудо што Либијците почнаа да ја слават неговата смрт уште пред веста да биде потврдена. Неговото лице 42 години ги гледаше од плакатите и екраните. Пролетоска, кога на Блискиот Исток се кренаа бран бунтови, Гадафи во март се појави пред камерата на BBC: „Вие не разбирате“, му одговори на репортерот кого го интересираше дали сè уште ја држи контролата. „Мене мојот народ ме сака!“, по што додаде, самоуверено и надмено: „Моите луѓе се крај мене, уверени сме дека ќе победиме.“

Мечот на правдата и законот на линчот: Очигледно е дека неговиот народ не го сакал доволно, а тоа може да се види и од снимките на кои е забележана сцената на неговото умирање. Или, подобро речено, погубување. Во крупен кадар, матна, заснежена, а сепак доволно јасна за да може да се препознае лицето на омразениот диктатор, додека бунтовниците го влечат неговиот раскрвавен труп по земјата. Службени либијски извори изјавуваат дека е фатен во вкрстен оган, односно дека, откако го напуштил својот роден град Сирт, конвојот на Гадафи бил бомбардиран од страна на НАТО, а го нападнала и војската на бунтовниците. Сепак, според најновите вести, Гадафи бил усмртен со 9-милиметарски куршум во чело. Го убил 18-годишник, додека го извлекувале од дупката крај патот во која се сокрил. Потврдено е и дека бил претепан... Во секој случај, снимката е во најмала рака вознемирувачка, и гледачите за ова беа предупредени од ТВ-станиците. И повеќе од тоа. Иако во медиумите стои дека станува збор за снимка од историско значење, исто толку е точно и тоа дека целиот свет, додека ја следи таа запрепастувачка глетка, станува сведок на варварски чин во кој еден човек е убиен како пес и во кој борците за слобода се претвораат во џган.

Секако дека постојат објаснувања за ваквата смрт: војна е, а во ситуацијата во која се најде Гадафи, правната држава не доби шанса... Омар Ашур, директор на Студиите за Блискиот Исток на Универзитетот Ексетер, изјави за CNN: „Се поставува прашање околу човековите права и хуманитарниот закон, околу тоа дали е прифатливо да се прикаже слика на труп на земја, а да не е покриен – но многу Либијци кои трпеа под неговата долгогодишна диктатура ќе го доживеат ваквото прикажување на трупот како праведен крај... Ни самиот Гадафи не се воздржуваше од свирепост. Јавно бесеше луѓе на плоштади и по универзитети, така што многу борци и активисти за време на своите животи се изнагледаа такви сцени.“ Покрај тоа, фотографиите претставуваат удар врз моралот на неговите приврзаници, заклучува господин Ашур, на некој начин потврдувајќи дека на Либијците потребно им било да ја видат снимката, колку и да е таа шокантна. На крајот на краиштата, традицијата на изложување трупови или глави на заробени или погубени непријатели не е ништо ни ново, ни непознато – единствено човек би можел да помисли дека цивилизациски тоа е далеку зад нас.

Има ли праведен човек меѓу гледачите?: Но, ова е само една страна од приказната. Од другата страна е прашањето – што претставува таа за гледачите ширум светот? Зошто всушност беше потребно одново и одново да се прикажува повеќеминутната мачна сцена, макар умирал и омразениот диктатор? Тоа поскоро гледачите ги става во улога на уживатели на snuff филмови, изопачени луѓе кои се насладуваат со смртта. Секако, никој не ги присилува гледачите на тоа, не мораат да го гледаат крвавиот спектакл на линчот и убиството во живо, предупредени се дека следат експлицитни сцени, имаат можност за избор... Но сепак, оние кои се одлучуваат да гледаат – а сигурно мнозинството се такви – овие снимки нив ги претвораат во сведоци на груб обред на смртта. Додека ја гледаме оваа снимка, учествуваме во неа и така и самите стануваме варвари. Не многу различни од Римјаните во публиката на арената или од луѓето кои присуствуваат на каменувањето на прељубница во некоја арапска земја. Единствената разлика е во тоа што гладијаторските спектакли се одвиваат подалеку од нас. Затоа што, варварството на модерната цивилизација, со чиишто достигнувања и институции толку сакаме да се гордееме, се огледува токму во фактот што гледачите не си ги ги валкаат рацете со крв. Тие седат пред екранот и го гледаат спектаклот на смртта. Самиот факт што го гледаат – и со тоа, самата гледаност – е истиот оној палец кој старите Римјани го вртеле нагоре или надолу, со што ја одлучувале судбината на гладијаторот. Или, ако милувате, оној камен фрлен на прељубницата... Оние несреќници кои го заробија Гадафи, нешто можеби и ризикуваа. Технологијата, телевизијата и интернетот денес на модерниот гледач му го овозможуваат овој вид елегантно соучесништво. Нè прави ли тоа помалку варвари?

Извор: tportal.hr

мачедониа е уна фрута, уна

мачедониа е уна фрута, уна спермута, уна коза коме ил метало, рекол берлускони.

гадафи сакал да чуе уште.

еко ла мачедониа., берлускони продолжил, и покажувал кон шипките на кои се вртеле арапки и сицилијанки, мароканки, нигеријки и алжирки. мачедониа е популаре е коме форца амазона, груевски е ун идиото, нон коме гарибалди, рекол идиотот хим селф.

гадафи сакал да чуе уште.

форте фортисимо, кон тута ла форца посибиле, еко ла мачедониа, рекол берлускони и тргнал да го љуби гадафи.

гадафи отшол задуман у шаторот да размисли за мачедониа.

македонката му намигнала на гадафи спуштајки се на пинда од шипката, таков е митот за кој пишува госпоѓа отпушена во дневничко невиниот весник, а гадафи му наредил на син му ал ислам, да се контактира 'ун идиото' и да се побара шипка од македонија на која ќе се лизга метална пичка на дебела бушава македонка, со титаниумски кукови, суви цицки круфчиња, глава ко коза, со опасен исплазен јазик која што е способна да биде у неговата извидница.

ал ислам се допишува со ун идиото и договараат нафта за амазонка. пастир пушта нафта низ водовод и све е решено у македонија, кој ја ебе ај уо, кој го ебе најт оу. пастир реши све со еден потег.

одиме у либија. пастир одговори на барањето на гадафи, нафта за амазонки. од пастировиот арсенал новинарки беше испратена доброволно сејфединомерагич отпушова алиас свирка, со сертификати за: вештачко дишење, извидница, голтање ножеви, шофер и фајтер, јазик за скандали и глупирање, на гадафот му беше претставена како челикот од македонија.

гадафи пушти троа нафта у замена на дуралуминиумско титаниумманганово отпушовата компоненета, за која чу на секс партиите кај берлускони.

3 години по размената, сејфединомерагич пишува после нато тато интервенцијата.

натоклика, разврат, убиства и атентати врз гадафи, пишува како отписник од триполи и сирт:

дали ќе има граѓанската војна во либија? ни случајо. гадафи сите го лижат у шупак, а берлускони уште дрка на него. дали ваквото порно филмање на нато тато ќе ја промени реалноста на официјално 30000 идиоти убиени американски маринци од амазонките? дали ќе има избори? дали гадафи е диктатор? најмалку 7000 луѓе лично иам утепано и така натака и така навака, обама кој го ебе, да живее гарибалди, напиша таа.

пастир се израдува што челикот од македонија ја добива војната против нато тато и му прати букет педери на гадафи како знак на внимание. педерската екипа ја сочинуваат: писателот одраде силнолајно, реплика холограм на танге кензо за да му го промовира макеторококо град скуп 2014, плесателката обожиновска провалантина која се огенитали во муш, писателот данајило спорокоцев брзоски скопски патковски, писателот клети ефтимије, списатељ социјалист и грд началник ѓорчев мајоран и писателот млатко шорчев, плиткиот.

гадафи вознемирен што пастир не разбрал за што тој се интересира, имено за жени, и во дипломатска преписка преку берлусконивиевите претставници у фрута мачедониа бара од него, да прати фундаментални елементи од кои зависи опстанокот на космосот каков што го знаеме или ќе има проблеми.

Машко, е**ш ти нешто? Шо да

Машко, е**ш ти нешто? Шо да е, не бирај, кому иде, зашто ако почне тоа белото-соленото од очи да ти искача... ќе ти се стемни.

ОкоБоли главаВицФото