Фиромакедониум: Дванаесетте величествени

25.11.2011 10:45
Фиромакедониум: Дванаесетте величествени

12. Унија на млади сил(еџи)и на ВФРО-ДПФНЕ

Претседателот на „УМС на ВМРО-ДПМНЕ“, на 20-годишнината на УМС се пофали дека „Унијата на млади сили ја водиме во вистински правец... бевме примени за полноправна членка на YEPP,  најмоќната младинска политичка организација во Европа.“ Заборави само да спомене дека „преродбеничињата“ на страницата на YEPP се (по)пишани како „UMS VMRO DPMNE“ од „FYROM“ – со грчкиот акроним во кој нема трага од зборот „Македонија“. Честита годишнина!
 
11. Двојната формула на Ѓорѓија – Џорџ
 
Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски – „шеф на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав“, заслужи место со личните заслуги за промоција на „двојната формула“ – „Ѓорѓија – Џорџ“ и категоричниот став - „Никој не може да ни го смени името“ (освен, разбира се, самите).
 
10. Успесите на Антонио
 
Антонио Милошоски – по неговите министерски посети на Бошковски и Тарчуловски во Хаг успеа да го одбрани македонското име, па во судската пресуда на Хашкиот трибунал грчкиот „некроним“ „FYROM“ се среќава само 181 пат!
 
9. Разумен космодиск е разумен космодиск!
 
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија не одбиваше честитки како претседател на „FYROM“ и промовираше „космодиск демократија“ (вежби за внимателно виткање на „кичмата“ со мантрата „разумен компромис е разумен компромис“).
 
8. „Прво Грција ни го даде името Македонци“
 
Јован Донев, направи неверојатен лупинг со апелот за прекин на преговорите. А еве што нè убедуваше: „Ние не сме Македонци затоа што сме живееле на територија на Античка Македонија... ние името не сме го добиле од нас самите. Тоа ни е име што ни го дадоа соседите, тоа ни го даде прво Грција ни го даде името Македонци, па после тоа, нели, и Европјаните почнаа да не нарекуваат Македонци затоа што живееме на просторите на географска Македонија, што не е исто, нели, што не е заедничко со Античка Македонија. Значи, ние можеме ако сакаме да го решиме тоа прашање да го решиме.“
 
7. Македонија до Индија
 
Тодор Петров, кај „пастирољубецот Томиќ, изјави: „Македонија – од империја до Индија, денес е република во актуелните граници меѓу Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Тоа е историски факт“. А што е проблемот? - „...во Грција е проблемот што има сè само Грци не, во Бугарија има сè, само Бугари не, во Србија има сè, само Срби не, во Албанија има сè, само Албанци не, во Турција има сè, само Турци не (06.20’)“.
 
6. Македонец до Табановце и Гевгелија
 
Драган Павловиќ - Латас, убеден дека сме „примени под ФИРОМ во обидените Нации“, им порача на „соросоидите“: „Да знаат: не ми смета, за надвор од овде, да имаме друго име. Но, во мојата куќа, да бидам свој. Македонец во Македонија, кој зборува македонски.“
 
5. Без Александар, нема Македонија и Македонец
 
Наум беше потписник на Нишкиот договор (со кој МПЦ се преименува во „Охридска Архиепископија“ и со кој титулата „Архиепископ македонски“ можеше да се користи само за „внатрешна употреба“ ). Но, владиката се просветли, па стана бранител на култот кон паганот Александар: „Името на Република Македонија како и македонскиот идентитет ... е нераскинливо поврзан со идејата за античка Македонија, а во тие рамки и со идејата за Александар Македонски... Ниту една друга идентификациска идеја не го оправдува името Р. Македонија и името Македонец.“ Амин.

4. „Македоноиди“ – до Јапонското море
 
Удри ровја и господ проговори во „Македонска молитва“ од Ниче Димовски: „Вашата мајка земја со три раси ја населив: белата – македоноиди, жолтата - монголоиди , и црната – негриди. Преостанатите се сите мулати. Од вас Македонците, потомците на Македон, белата раса ја зачнав, и од кај вас започнато сè е, до Јапонското море.“ (4.18)
 
3. Ристо „Вардарски“
 
Ристо Никовски, сега нè уверува дека токму Вашингтон го менаџира процесот на „програмирано разнебитување на македонскиот народ“, и дека „Грција веќе не го прекршува член 11 од Времената спогодба“, туку НАТО. А што велеше лани: „... дури и да го ставиме во Уставот ’Република Македонија (Вардар)’, де факто тоа ништо не менува, ништо апсолутно, само е една додавка од географија“.
 
2. Двојна формула (Мирка + Миленко) : „едно име имаме“, плус прекар!
 
Мирка „суштински“ докажуваше дека со прифаќање на „Република Македонија (Скопје)“, „Европска Република Македонија“, „Евроатланска Република Македонија“, не се менува името, туку се добива „прекар“. И Миленко тврдеше дека „Северна Република Македонија не е промена на име“, „Република Македонија (Скопје) не е промена на име“.
 
1. Името Македонија не им припаѓа на Словените
 
Според Паско Кузман, и Европјаните имаат проблем, затоа што презеле име кое им припаѓа на „старите антички луѓе“: „Името Македонија постои далеку пред Словените и ако тврдиме дека потекнуваме од 5 и 6 век, пишете му крст на името Македонија оти тоа им припаѓа на старите антички луѓе и не е словенско. Тоа име е далеку пред Словените и наш е проблем што тврдиме дека Словените се дел од нашата етногенеза“.
 
А зошто нашиот прв бранител на името и идентитетот не е на листата од „12 величествени“? Нели макотрпно работи 24/7 за да ја „оствари“ најавената пресметка со „една мафијашка структура, која држејќи во заложништво група новинари сакаше да ја скрши кичмата на Македонија“? Е, навистина нè работи. И тој не одбива честитки и победнички изјави како „Prime Minister FYROM“.

Читателите правилно го

Читателите правилно го детектирале текстов, па не се ни мачат да коментираат, но еве јас не можам да издржам да не кажам:

Текстов е истовремено бљуваница, пљуканица и куротресина.

Браво, Жаре, рушиш светски рекорди од долна страна!

ОкоБоли главаВицФото