Квиз: Пресудата од Хаг

09.12.2011 13:27
Квиз: Пресудата од Хаг

1. Судот во Хаг што на 5.12.2011 донесе пресуда во врска со случајот „THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA vs. GREECЕ“ се нарекува:

а) Меѓународен кривичен суд

б) Меѓународен суд на правдата

в) Хашки трибунал

г) Меѓународен суд за човекови права

2. Од поднесувањето на тужбата па до пресудата поминаа:

а) една година

б) две години

в) три години

г) четири години

3. Во текстот од пресудата придавката „македонски“ („Macedonian“) се среќава:

а) ниту еднаш

б) над 20 пати, во различни изрази

в) над 10 пати, во различни изрази

г) само еднаш, и тоа во изразот во наводници „Macedonian minority“

4. Според интерпретацијата на судот, Резолуциите на ОН од 1993 содржат дисктинкција помеѓу:

а) име за меѓународна употреба (name for international use) и име за внатрешна употреба (name for internal use)

б) дефинитивно име (definitive name) и провизорна ознака (provisional
designation)

в) привремена референца (temporary reference) и акроним (acronym)

г) привремено име (temporary name) и некроним (necronym)

5. Во пресудата пишува дека нашата земја го застапувала тврдењето:

а) Тужбата не е насочена кон однесувањето на Грција, на одлуката на НАТО, и на постапките на други земји членки на НАТО.

б) Тужбата е насочена кон однесувањето на Грција, на одлуката на НАТО, и на постапките на други земји членки на НАТО.

в) Тужбата е насочена само кон однесувањето на Грција и одлуката на НАТО, а не на постапките на други земји членки на НАТО.

г) Тужбата е насочена само кон однесувањето на Грција, а не на одлуката на НАТО или на постапките на други земји членки на НАТО.

6. Судот не го прифати тврдењето на Грција дека:

а) судскиот спор е во врска со однесувањето на НАТО, а не и на неговите земји членки.

б) судскиот спор е во врска со однесувањето на НАТО и на неговите земји членки.

в) судскиот спор не е во врска со однесувањето на НАТО.

г) судскиот спор не е во врска со однесувањето на земји членки на НАТО.

7. Судот утврди:

а) Грција е во право дека судската одлука не може да ја модификува одлуката на НАТО од самитот во Букурешт.

б) Убедлив е аргументот на Грција дека судската одлука не би имала никаков практичен ефект.

в) Грција не е во право дека судската одлука не може да ја модификува одлуката на НАТО од самитот во Букурешт.

г) Македонија е во право дека судската одлука може да ја модификува одлуката на НАТО од самитот во Букурешт.

8. Според судот:

а) не може да се прифати аргументот дека судската одлука ќе се вмеша во тековните дипломатски преговори под мандат на Советот за безбедност.

б) не може да се прифати аргументот дека судската одлука ќе се вмеша во тековните дипломатски разговори под мандат на Советот за безбедност.

в) може да се прифати аргументот дека судската одлука ќе се вмеша во тековните дипломатски преговори под мандат на Советот за безбедност.

г) може да се прифати аргументот дека судската одлука ќе се вмеша во тековните дипломатски разговори под мандат на Советот за безбедност.

9. Судот донесе заклучок дека:

а) Грција ги изразувала своите грижи за нашата апликација во НАТО.

б) Грција приговарала, спротиставувајќи се на нашата апликација во НАТО.

в) Грција давала забелешки за нашата апликација во НАТО.

г) Грција ставила вето на нашата апликација во НАТО.

10. Судот утврди дека „Привремената согласност“:

а) му налага на тужителот да ја користи привремената референца во односите со тужениот и во меѓународните организации.

б) му налага на тужителот да го користи привременото име во односите со тужениот, но не и и во меѓународните организации.

в) не му налага на тужителот да ја користи провизорната ознака во односите со тужениот и во меѓународните организации.

г) не му налага на тужителот да го користи акронимот во односите со тужениот и во меѓународните организации.

11. Судот заклучи дека „Привремената согласност“ не ѝ дава на Грција право:

а) да приговара за наш прием во меѓународна организација, затоа што во таквите организации ќе го користиме за себе уставното име.

б) да става вето за наш прием во меѓународна организација, затоа што во таквите организации ќе ја користиме за себе привремената референца.

в) да приговара за наш прием во меѓународна организација, затоа што во таквите организации ќе го користиме за себе привременото име.

г) да става вето за наш прием во меѓународна организација, затоа што во таквите организации ќе го користиме за себе уставното име.

12. Судот заклучи дека Грција:

а) успеала да ја исполни својата обврска од „Привремената согласност“, да не приговара на нашиот прием во ЕУ на самитот во Букурешт.

б) успеала да ја исполни својата обврска од „Привремената согласност“, да не става вето на нашиот приемот во НАТО на самитот во Букурешт.

в) не успеала да ја исполни својата обврска од „Привремената согласност“, да не приговара на нашиот прием во НАТО на самитот во Букурешт.

г) не успеала да ја исполни својата обврска од „Привремената согласност“, да не става вето на нашиот приемот во НАТО на самитот во Букурешт.

13. Во пресудата:

а) не се прифаќаат аргументите на тужителот дека покажал отвореност за компромис.

б) се прифаќаат аргументите на тужителот дека покажал отвореност за компромис.

в) се прифаќаат аргументите на тужителот дека разумен компромис е разумен компромис.

г) не се прифаќаат аргументите на тужителот дека разумен компромис е разумен компромис.

14. Судот:

а) ги прифати доказите за отвореност на тужителот кон предлози кои се разликуваат од единствена употреба на уставното име или „двојна формула“.

б) не ги прифати доказите за отвореност на тужителот кон предлози кои се разликуваат од „само едно име имаме“.

в) ги прифати доказите за отвореност на тужителот кон предлози кои се разликуваат од „само едно име имаме“.

г) не ги прифати доказите за отвореност на тужителот кон предлози кои се разликуваат од единствена употреба на уставното име или „двојна формула“.

15. Според доказите што ги ценел судот, во март 2008, медијаторот на ОН му предложил на тужителот:

а) да го усвои името “Republic of Macedonia (Vardarska)” за меѓународна употреба, а тужителот изразил подготвеност да го стави ова име на гласање во собранието.

б) да го усвои името “Republic of Macedonia (Skopje)” за меѓународна употреба, а тужителот изразил подготвеност да го стави ова име на референдум.

в) да го усвои името “Republic of Macedonia (Vardarska)” за сите цели, а тужителот изразил подготвеност да го стави ова име на гласање во собранието.

г) да го усвои името “Republic of Macedonia (Skopje)” за сите цели, а тужителот изразил подготвеност да го стави ова име на референдум.

16. Судот:

а) го прифати тврдењето на Грција дека нејзиното вето може да се оправда како противмерка на повредите на привремената согласност од наша страна.

б) го прифати тврдењето на Грција дека нејзиното приговарање може да се оправда како противмерка на повредите на привремената согласност од наша страна.

в) го отфрли тврдењето на Грција дека нејзиното вето може да се оправда како противмерка на повредите на привремената согласност од наша страна.

г) го отфрли тврдењето на Грција дека нејзиното приговарање може да се оправда како противмерка на повредите на привремената согласност од наша страна.

17. Судот смета:

а) решението дека Грција ја прекршила обврската од „Привремената согласност“ не е соодветно задоволување, па затоа и нареди на Грција да се воздржи од идно поведение со кое би ги прекршила нејзините обврски.

б) решението дека Грција ја прекршила обврската од „Привремената согласност“ е соодветно задоволување, па затоа и нареди на Грција да се воздржи од идно поведение со кое би ги прекршила нејзините обврски.

в) бидејќи нема разлог да се претпостави дека погрешниот акт или поведение ќе се повтори во иднина, не и нареди на Грција да се воздржи од идно поведение со кое би ги прекршила нејзините обврски.

г) бидејќи има разлог да се претпостави дека погрешниот акт или поведение ќе се повтори во иднина, и нареди на Грција да се воздржи од идно поведение со кое би ги прекршила нејзините обврски.

18. Според судот:

а) обврската да се разговара подразбира потрага по завршна согласност и имплицира „обврска за постигнување согласност“.

б) обврската да се разговара подразбира потрага по завршна согласност, но не имплицира „обврска за постигнување согласност“.

в) обврската да се преговара подразбира потрага по завршна согласност и имплицира „обврска за постигнување согласност“.

г) обврската да се преговара подразбира потрага по завршна согласност, но не имплицира „обврска за постигнување согласност“.

19. По објавувањето на пресудата, Генералниот секретар на НАТО порача:

а) пресудата против Грција ќе влијае врз одлуката на НАТО сојузниците на самитот во Букурешт, а поканата ќе ни биде упатена веднаш.

б) пресудата против Грција ќе влијае врз одлуката на НАТО сојузниците на самитот во Букурешт, а поканата ќе ни биде упатена на следниот самит

в) пресудата против Грција не влијае врз одлуката на НАТО сојузниците на самитот во Букурешт, и дека поканата ќе ни биде упатена штом се постигне заемно прифатливо решение за проблемот со името.

г) пресудата против Грција не влијае врз одлуката на НАТО сојузниците на самитот во Букурешт, и дека поканата ќе ни биде упатена штом се постигне заемно прифатливо решение за проблемот со меѓународното име.

20. Премиерот Никола Груевски, по одлуката на судот изјави:

а) По пресудата, ги прекинуваме преговорите за името додека Грција не го одблокира нашиот прием во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

б) По пресудата, ги прекинуваме разговорите за името додека Грција не го одблокира нашиот прием во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

в) И покрај пресудата, ние сме посветени на продолжување на преговорите за изнаоѓање на заеднички прифатливо, и одржливо решение за спорот со името.

г) И покрај пресудата, ние сме посветени на продолжување на разговорите за изнаоѓање на заеднички прифатливо, и одржливо решение за спорот со името.

Точни одговори: 1 - б; 2 - в; 3 - г; 4 - б; 5 - г; 6 - б; 7 - а; 8 - а; 9 - б; 10 - в; 11 - а; 12 - в; 13 - б; 14 - а; 15 - г; 16 - г; 17 - в; 18 - г; 19 - в; 20 - г.

Фотографии: Џим Коувен

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото