Се воведува нов државен празник – Ден на Античките Македонци

27.12.2011 12:14
Се воведува нов државен празник – Ден на Античките Македонци

Се појавија нови иницијативи за празници. Покрај Албанците, Србите, Ромите, Власите, сега и Црногорците и Египќаните бараат да ги слават своите национални празници. Но и Античките Македонци побараа воведување нов државен празник – Денот на Античките Македонци, кој ќе се слави на 22 јули, роденденот на Александар Македонски.

Припадниците на овие етникуми до Собранието доставиле иницијативи во кои предлагаат конкретни датуми за свои празници и бараат да се измени постојниот Закон за празници.

Ако се прифатат новите барања, во земјава вкупно десет етнички заедници ќе слават празници. Црногорците, Египќаните и Античките Македонци, иако не се споменуваат во Уставот, се повикуваат токму на уставните начела за почитување на правата на заедниците.

Македонија, со вкупно 27 празници кои се слават на државно ниво или како верски или етнички празници, е можеби лидер во регионов кога е во прашање празнувањето. Би можеле да се споредиме и со Босна и Херцеговина, каде што, иако официјално нема закон за празници, секој може да го слави својот верски или национален датум со кој се идентификува. Таму се сложиле заеднички да слават само два празника – Нова година и Први мај.

Заедницата на Античките Македонци во Македонија до Собранието поднела иницијатива Законот на празниците да се дополни со 22 јули, роденденот на Александар Македонски, кој меѓу народот е познат и како „Воинот на коњ“, кој би го празнувале припадниците на античкомакедонската заедница. Оваа одлука Античките Македонци во Македонија ја донеле на своето шесто редовно годишно собрание.

„Од повеќето важни датуми од античката историја на Македонија, членовите на античкомакедонската заедница одлучија за свој празник во Македонија да го предложат Денот на Античките Македонци – 22 јули“, се објаснува во иницијативата поднесена до Собранието.

Барање за дополнување на листата на празници на етникумите стигна и од Заедницата на Црногорците во Македонија и Сојузот на балканските Египќани, од кои првите бараат да се воведе 13 јули, денот на државноста на Црна Гора, да се воведе како национален празник, додека вторите бараат 24 јуни, Денот на балканските Египќани, да влезе во списокот на празници.

Од владата веднаш стигна одговор во вид на соопштение во кое се наведува дека уште утре, на редовна седница, 22 јули, т.е. Денот на Античките Македонци ќе биде прогласен за државен празник, додека во наредните пет до десет години ќе се разгледуваат и иницијативите на Заедницата на Црногорците во Македонија и Сојузот на балканските Египќани.

Kako 22 juli, toa e znakot na

Kako 22 juli, toa e znakot na Rak, a Aleksandar e LAV bre, covek vojskovodza vprocem kako i site makedonski vladeteli! Ve molam datumot da se promeni na 22 avgust, takvi greski se nedopustivi!