Patti Smith - Because The Night (Live at Exit 2009)

19.07.09 16:38

ТЕМА: Фестивалот EXIT
 
Пети Смит, легендарна американска пејачка, чие музичко и поетско творештво, низ кое често провејуваат социјални и политички теми, изврши силно влијание врз развојот на панкот, поради што таа е нарекувана и негова кума. Таа настапи на третата фестивалска вечер на овогодинешниот Exit, која се одржа на 11 јули, во придружба на Том Верлејн од Television. Во минатото, член на нејзиниот бенд беше и Иван Крал, бегалец по задушувањето на Прашката пролет, кој има работено со Блонди, Иги Поп, па дури и со Панкрти. Хитот "Because The Night", Пети Смит го има напишано заедно со славниот Брус Спрингстин, и тој беше изведен на нејзиниот настап во Нови Сад. На прес конференцијата одржана пред концертот, новинарите изразија желба да ја чујат "Frederick", која таа ја посвети на починатиот сопруг, Фред Соник Смит, некогашниот гитарист на protopunk легендите MC5. Со оглед дека Верлејн ја немал извежбано, наместо концертна изведба на истата, Смит ги почести новинарите со акапела отпејување на нејзината прва строфа.

Sorry, you need to install flash to see this content.

Слични содржини

Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото