Киро Глигоров – симбол на АСНОМ-ска и самостојна Македонија (2)

09.01.2012 12:01
Киро Глигоров

„Да бидеме свои на своето. Да бидеме широко отворени кон светот, како целосно независен, рамноправен и творечки субјект.“

Од инаугуралното претседателско обраќање, 27.01.1991

„...треба да се донесе што побрзо новиот Устав за што јас дадов иницијатива до Собранието, со еден збор да ја престроиме македонската држава и да ја оспособиме да мине низ овие тешки времиња и да биде способен партнер на кој може да се смета, на кој може да му се верува, во кој може да се вложува, да се ризикува, а не да стоиме на периферијата на сите овие настани.“

09.05.1991

„Мислам дека со мирна совест можеме да заклучиме дека ниедна Република во Југославија не може ништо да ни забележи дека сме направиле некој потег, да сме сториле нешто што е на нивна штета. Ние ништо друго не бараме, освен во иднина сите други републики да се однесуваат кон позицијата на Македонија и кон нашите цели за кои ќе расправаме на таа маса на таа мировна конференција да се однесуваат со исто почитување и внимание кон сите наши барања.“

Обраќање во Собранието на 02.09.1991

„Ние не сме створени во некоја реторта од некоја коминтерновска, алхемиска работилница и по тој начин создадена некаква нација.... Ние сме тоа што сме со сета наша историја, со сè она што се белези на еден народ кој опстојува со векови, кој денес претставува пример на една модерна нација, и од никого не бараме да тоа да мора да го признае.“

Обраќање во Собранието на 02.09.1991

„Одделните оспорувања можат да направат само штета и ништо повеќе, но тоа може да биде привремено. За жал, место да ги зацврсти пријателските и добрососедските односи, ќе ги забави и ќе ги отежне. Но, тоа е нашата реалност. На овие просторни уште се присутни сеништата на историјата, траумите одминатото и недовербата...“

10.01.1992

„Република Македонија не може да прифати промена на името со која во него нема да се содржи зборот Македонија... Не се откажуваме од името Македонија. Никој нема право, ниту претседателот на Републиката, ниту Владата, ниту Парламентот да се откажат од името Македонија. За тоа не постои ниту уставна основа ниту политичко или морално право. Последиците од таквата одлука би биле закана за идентитетот на македонскиот народ, за стабилноста на државата и нејзиниот опстанок во реалното опкружување.“

Од претседателското обраќање, 09.12.1992

„...во било која солуција името Република Македонија си останува. Не се менува уставот. Во случај да нè признае Заедницата, што значи тоа признавање да биде од страна на 12-те членови во тој случај и само за надворешна употреба после името Република Македонија во заграда би следела додавката (Скопје). Тоа е отстапката која, во тој случај, би можела да се направи за разрешувањето не само на проблемот на непосредното признавање, брзото и непосредно признавање на нашата држава, туку и за трајни добрососедски односи и соработка со Република Грција.“ 

Од претседателското обраќање, 09.12.1992

„Република Македонија продуцира стабилност во регионот.“

Од претседателското обраќање, 19.12.1998

„Поучени од историското искуство и антиципирајќи ги големодржавните претензии и национални стратегии на соседите било за освојување и за политичко влијание за просторот на кој денес е Република Македонија, се определивме за политика на еквидистанца кон соседите.“

19.12.1998

„Голем дел од проблемите во регионот се резултат на историски хипотеки. Република Македонија се залага за откажување од големодржавните аспирации, со почитување на европските стандарди, особено во областа на човековите права и правата на националните малцинства.“

19.12.1998

„Владата на Република Македонија со одлуката од 8 февруари го потврди она што го означив како нелегален и нелегитимен чин воспоставување на дипломатски односи со Тајван... Демократијата не е самоволие и анархија... Донесено е решение со кое се откажавме од еден докажан пријател, како што е Народна Република Кина, која во најтешките моменти во нашето меѓународно оспорување, во ниеден момент не го доведе во прашање ни нашето суверено право да имаме држава, нација име и идентитет. Влетавме во неизвесност... Си дозволувам да изнесам оценка: во овој момент во Република Македонија институциите на системот не функионираат така како што треба а нивните меѓусебни односи се нарушени. Затоа беше мојата констатација во јавноста дека во Република Македонија е извршен ’мал државен удар’. Настаните што следеа, само го потврдија тоа.“ 

Вонредно претседателско обраќање на 23.02.1999

„Република Македонија може да биде горда што се издигна на балканскиот синдром да создава држави со крвта на своите деца.“ 

Од претседателското обраќање, 15.04.1999

„Планираниот и изведен масовен егзодус на Албанците беше со цел да се дестабилизира Република Македонија.“

Од претседателското обраќање, 15.04.1999

„Почитуван претседателе Глигоров, вие нè водевте по патот по кој Република Македонија ги избегна ужасните конфликти, човечките страдања и разрушувања во поранешна Југославија. Вие, господине Глигоров, ни помогнавте за да го зачуваме мирот и спокојството на нашите домови и затоа, уште еднаш ви благодарам во името на сите граѓани на Република Македонија.“

Борис Трајковски, Од претседателското обраќање, 15.12.1999

За првиот дел, кликнете овде.

ОкоБоли главаВицФото