Од SOPA се спасивме, запознајте ја ACTA

24.01.2012 12:22
Од SOPA се спасивме, запознајте ја ACTA

Веројатно секој, кој барем малку се интересира и има познавања поврзани со технологијата и интернетот, досега слушнал за SOPA, фамозниот закон кој треба да биде усвоен во Американскиот конгрес, а кој се однесува на интернет пиратеријата и заштита на авторските права на интернет.

Накратко, овој закон практично би овозможил воведување на цензура во интернетот, под изговор дека се врши заштита на авторски права. Многу се пишуваше и се дискутираше на оваа тема последниве недели, и јас пишував во неколку наврати уште пред повеќе од 2 месеца.

Изгледа се спасивме од SOPA, барем засега. Најверојатно законот ја губи подршката во Конгресот, но како и да, е претседателот Обама го има последниот збор. Може без никакво образложение да не го потпише овој закон и најверојатно тоа ќе се случи. Ако претходно Конгресот воопшто го прифати овој предлог закон, со оглед на огромниот притисок на големите играчи во интернет бизнисот, кои би биле најмногу погодени од овој закон.

Но… сите знаемe за SOPA, а дали сте слушнале за ACTA?

Е, да… Американците ја имаат SOPA, а ЕУ ја има ACTA. Anti-counterfeiting Trade Agreement (ACTA) е договор кој ЕУ ќе го ратифицира наскоро, веројатно за неколку месеци. Досега овој договор го потпишале САД, Јапонија, Австралија, Канада, Сингапур, Јужна Кореја и Мароко. Наскоро и сите земји членки на ЕУ, како и Мексико и Швајцарија, се очекува да го потпишат овој договор.

Основа на овој договор е заштита на интелектуалните и авторските права од фалсификување, пред сè, во текстилната, прехранбената, фармацевтската и слични индустрии. Но фактот дека преговорите околу ACTA, и најважните акти и документи се кријат од јавноста, па дури и од парламентите на некои земји, предизвика интерес и загриженост во јавноста. Сепак, дел од преговарачките документи „протекоа“ и од нив се добија индиции дека големите корпорации, иматели на интелектуални и авторски права бараат во законските норми „интернет сервис провајдерите да се поттикнат да соработуваат со имателите на права во заштита на истите“, како и имплементирање на кривични мерки во тој правец. Иако се работи само за договор, кој нема тежина на закон, сепак тој овозможува рамка во која ќе влезат законските одредби на секоја од земјите од ЕУ.

ACTA и не мора да значи цензура на интернетот или кршење на личните слободи, но дава можност на секоја земја потписничка да донесува закони кои би биле во рамките на овој договор. Значи, законодавецот може да донесе закон кој би наметнал ограничување на слободата на интернет и санкции во тој правец, сè додека законодавецот истите ги смета за „разумни“. А кој утврдува што е разумно?

Реакции веќе има. За некој ден Полска треба да го ратифицира договорот ACTA. Полската Википедија најави гаснење на својот сајт, исто како што реагираше матичната Википедија во случајот SOPA. Полските хакери ги нападна и ги срушија интернет страниците на полскиот парламент и премиер.

 

П.С. Дали оваа приказна со ACTA значи дека дуваме на јогурт затоа што сме се изгореле на млеко (SOPA), или, сепак, каде што има чад има и оган. Времето ќе покаже.

Извор: avganturamk.wordpress.com

Советот на министри на ЕУ ја

Советот на министри на ЕУ ја ратификуваше ACTA уште лани (http://www.techdirt.com/articles/20111219/02385917123/eu-council-quietly...)

Па ете Полска уште не

Па ете Полска уште не ратификувала. А што е со Македонија?

Се очекува како земја која се

Се очекува како земја која се стреми кон Евроатланските интеграции да го воведеме и ние овој закон, исто како што се воведоа многу други закони кои ги ограничија правата и слободите на народот (да не ги наведувам кои се, сите знаете кои се). Масовната контрола зема се поголем замав под капата на корпорациите. Free thinkers are dangerous во денешно време... за жал.

ОкоБоли главаВицФото