1006 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 11:06
ТЕМА: Фестивалот EXIT
Легендарниот британски бенд Madness беше еден од хедлајнерите на овогодинешното издание на Exit. Формирани се во доцните 70-ти и припаѓаат на втората генерација Ska бендови, т.н. 2 Tone сцена, настаната во времето на првобитниот панк и новиот бран. Битна карактеристика во нивната музика и сценски настап е и присуството на старински водвиљ елементи. Публиката ја освоија и со шармантните спотови, во кои до израз дојде нивната откачена смисла за хумор. Madness настапија на Егзитовиот мејн стејџ на последната фестивалска вечер, одржана на 12 јули. Притоа, ги изведоа сите нивни класики, вклучително и "One Step Beyond", за која малкумина знаат дека е всушност преработка, и тоа од нивниот музички идол, јамајканецот Prince Buster. Токму во негова чест е именуван и нивниот прв сингл, "Prince". И денес, по 30 години од неговото објавување, групата и натаму успешно работи, таа скоро го издаде албумот "The Liberty of Norton Folgate".