Сè повеќе хипстери користат dial-up

09.02.2012 16:21
Сè повеќе хипстери користат dial-up

Dial-up конекцијата, која се користеше за поврзување на Интернет пред појавата на ADSL-от, бележи голем пораст на популарност кај хипстерите во Македонија.

Показателите добиени од најновите истражувања сведочат за порастот на оваа застарена конекција, и тоа најмногу кај младите припадници на средната класа.

„Конекцијата над 56 kbps нè отуѓува од Интернетот и не може да ни го даде возбудувањето кое се појавува додека се чека отворањето на веб страна на стар модем. Возбудување кое на сите нам ни е добро познато. А да не го споменувам моментот на среќа кој го чувствувате што воопшто сте ја оствариле таа конекција или кога ќе успеете да сурфате повеќе од 20 минути“, вели 20-годишен концептуален уметник од Скопје, еден од десетиците млади кои се вратија на „исконскиот начин на сурфање низ Интернет.“

„За поврзување користам Rockwell 56kbps dial-up модем од 1998 година, кој денеска воопшто не може да се најде и кој го платив 200 евра. Размислував за побавни модели од 33 или дури 28.9 kbps, но ми се чини дека овие од 56 kbps создаваат многу подобар звук за време на конектирањето, што е многу важен дел од сесијата. Со овој модем можам да го направам истото што и останатите, само што треба малку подолго да чекам за да се наполни некое видео. Додека чекам, ги разлистувам моите омилени блогови. Верувајте, научив многу повеќе да ги ценам фотографиите и видеата на интернет користејќи го стариот добар модем“, продолжува уметникот.

Почитувачите на dial-up интернетот може да се најдат на следнава адреса www.geocities.com/dialupinternet, а исто така еднаш месечно dial-up корисниците се собираат на рандом покриви по зградите каде што слушаат грамофонски плочи, потсетувајќи се на времето на нивните родители.

Извор: njuz.net

Un svatlivo

Un svatlivo

Decko leci se :) fiber ftw

Decko leci se :) fiber ftw

Не го опишале моментот кога

Не го опишале моментот кога чекаш 10 минути линија по линија да ти се вчита една еротска фотка :)

pitchfork.com na dial-up

pitchfork.com na dial-up poubavo izgleda!