Мажите се врвни или бедни, а жените се средни?

13.02.2012 11:22
Мажите се врвни или бедни, а жените се средни?

...Беше паметен во техниката, трговијата и науката, но вон овие жаришта на својата енергија беше тивок и лажлив како мочуриште.
Роберт Музил, Човек без особини

 

Широката еманципација што, од своето западно средиште, засилено се одвива последниве педесетина години речиси низ целиот свет, нè научи дека човечките општества се под доминација на мажите. Особено феминизмот се трудеше да докаже (и сè уште тоа го докажува!) дека жените по многу нешта се второрангирани во однос на мажите и дека нивната општествена позиција е потценета.

Последниве дваесетина години мошне нагласено, значи, трае процесот на јавно жигосување на машката надмоќ и паралелниот процес на поголема женска застапеност во распоредот на моќта. Тој процес треба да се поздрави, се разбира, и да се поддржат сите придвижувања што реално придонесуваат за порамноправен однос меѓу половите.

Но, денес нема да зборуваме за рамноправноста тука за разликите меѓу мажите и жените низ призмата на еволуционата психологија. Станува збор за една релативно нова научна гранка која се обидува да го разбере човечкото дејствување и односот на културата (сфатена најшироко) спрема човечкото однесување, а во светлина на најновите истражувања за еволуцијата.

Во поглед на нашата тема последниве децении светот драматично се промени: сè до шеесеттите години општеството ги прифаќаше мажите како норма, а жените како малкуцка инфериорна варијанта. Седумдесеттите ја прокламираа рамноправноста, но веќе од осумдесеттите, особено на Западот, низ стереотипите почнува да преовладува мислењето дека жените се подобри од мажите.

Предизвикувачкиот американски психолог Рој Ф. Баумајстер се обиде да се фати во костец со современите стереотипи за мажите и жените. Една од основните тези на Баумајстер е дека природата многу повеќе се коцка со мажите отколку со жените. „Сакате да мислите дека мажите се подобри од жените? Тогаш погледнете го општествениот врв – хероите, пронаоѓачите, филантропите итн. Сакате да мислите дека жените се подобри од мажите? Тогаш погледнете кон дното – кон злосторниците, наркоманите, губитниците. Во една важна смисла мажите се навистина многу подобри, но и многу полоши од жените.“

Баумајстер, проучувајќи ги половите, конечно го сврте малку погледот од врвот (кајшто, знаеме, се мажите) кон дното; а на дното речиси нема жени! Осудениците на смрт, бездомниците, злосторниците, најлошо платените или најризичните работници... речиси по правило се мажи! Меѓу загинатите на работа во САД 93% се мажи. Меѓу загинатите војници во Ирак има само 62 жени во однос на над 3000 загинати американски мажи (иако војската на САД последниве децении направи многу за жените да ги вклучи во воените редови).

Тоа е еден важен податок за тоа како културата се користи со мажите. Сите култури имаат потреба од високоризични потфати и за тоа се спремни да понудат високи општествени награди. Повеќето култури за тие ризични потфати ги користат мажите, заштитувајќи ги жените. Според Баумајстер, културата ги оспособува групите да бидат повеќе од прост збир на членови. Културата може да се смета и за биолошка стратегија. Дваесет луѓе кои во шума работат заедно, во еден културен систем, делејќи ги информациите и распределувајќи си задачи, ќе живеат подобро (ќе опстојат и подобро ќе се репродуцираат) отколку ако истите дваесет луѓе во истата шума работат секој за себе, индивидуално.

Но, да се вратиме на она што ги разликува мажите од жените: тоа е мотивацијата, вели Баумајстер, а не способноста. Едно поново истражување при кое се користеше анализа на ДНК, дава многу интересен податок: денешните луѓе на планетата потекнуваат од гените на два пати повеќе жени отколку мажи! Во текот на историјата имало 80% жени и само 40% мажи кои успеале да се репродуцираат. Повеќето мажи што кога било живееле, значи, немале наследници кои денес се живи. Затоа, заклучува Баумајстер, било нужно мажите да ризикуваат, да истражуваат нови можности, да бидат креативни... Природата и културата ги поттикнале мажите на авантури, а жените на сигурност. Животот на едно место гради онолку за колку што на друго место скршил доволно камења.

Резимето е следно: во термините на биолошкиот натпревар мажите ги надминале жените, и меѓу губитниците и меѓу добитниците (фактот дека меѓу нашите предци имало само 40% мажи укажува на тоа дека некои од тие мажи имале навистина многу деца, можеби по неколку стотици). Културата ги користи мажите со цел општествата да можат да се справат со разните типови несигурност: социјална, егзистенцијална, биолошка. Како што вели Баумајстер, „во улогата на мажот е вградена опасноста дека нема да биде доволно добар за да биде прифатен и почитуван, па дури и опасноста дека нема да биде толку добар за да создаде наследник“.

Таквата несигурност, се разбира, уништува многу мажи, ги крши и ги фрла на општественото дно. Но, едновремено таа несигурност ги стимулира мажите и од аспект на културниот систем таа е корисна.

 

Ете, тоа е едно од можните објаснувања зошто мажите се многу позастапени во политиката, уметноста, религијата, науката, технологијата, военото дејствување, трговијата, медицината... Се разбира, постојат и многу други причини, биолошки и културни, кои придонесуваат за разликите меѓу мажите и жените... За дел од тие други причини, но и за важните напнатости меѓу природата и културата, кои управуваат со нашите животи, ќе се зборува во вториот дел на текстов, кој следи утре.

Слики: Свирачиња

За вториот дел, кликнете овде.

„Но, денес нема да зборуваме

„Но, денес нема да зборуваме за рамноправноста тука за разликите меѓу мажите и жените низ призмата на еволуционата психологија.“
И така Никола Геелвски, врвен и признат експерт за еволуционата психологија се осврна на последните научни достигнувања во оваа област, нудејќи го своето теориско-научно стојалиште.
Типичен текст за тоа како функционира „мислата“ (мислата, хм...) на Гелевски: земање текст од некоја автор, негово прераскажување, многу цитати, тука и таму по некој коментар... и ете ти текст.
Од еволуциона психологија, микробиологија, современа и класична политикологија, теорија на фашизам... сеедно... изберете област...
Гелевски смета дека е доволно да се прочита нечиј текст, потоа текстот да се коментира... и ете ти колумна... И тоа за нсловна. Каков аматеризам.

Па што не прочиташ ти нешто,

Па што не прочиташ ти нешто, на темава (или која било друга тема), па да кажеш нешто бистро? Пишувањето е читање, тоа е прастара мудрост.
А која е твојата мисла, Безимени? Ја нема. Има само пелтечење и омраза. За тебе дури и огледалото е опасно. Заради тоа и не можеш да разбереш дека читањето е пишување. Јадник од дувлото, расте на гној, прди во прашина, пцуе во мрак. Типично јадно груевистичко дете.

Господине Гелевски -

Господине Гелевски - оној-со-многуте-имиња,
аргументот дека јас не сум кажал или напишал (или зошто не сум го сторил тоа) нешто бистро на темава е исто како кога критикувате политичар за своето дејствување, тој да ви каже: А, зошто ти не направиш нешто подобро од мене. Или, како кога критикувате спортист, тој да ви одговори: А зошто ти не ја земеш топкава за да играш подобро од мене. Или кога критикувате министер за економија, тој да ви реплицира со: А зошто ти не седнеш во моето министерство место и направиш нешто.
Со други зборови, аргументот а што ти не правиш нешто или подобро сосема не одговара на јавната сфера, чиј составен дел сте вие - како колумнист или уредник на портал. Како што не одговара единствениот аргумент да ви биде дека оној што ве критикува веднаш е „Јадник од дувлото, расте на гној, прди во прашина, пцуе во мрак.“
Тоа што на секоја разумна критика, одговарате со омраза, навреди и пцости кажува, од една страна, колкав е вашиот демократски капацитет (еднаков на нула, се’ што е критично настроено е бедно, расте на гној и е груевистички следбеник), а од друга страна дека сте целосно неспособен да водите медиум, бидејќи немате никаква одговорност кон јавноста - се однесувате како во кафеанска расправија - веднаш сеете омраза и гнев (некој вам критика, вие се фаќате за нож), наместо да се обидете колку толку разумно да одговорите.
И тоа е жално, не само за нас, како читатели на порталов, не за јавноста (со вашето скандалозно однесување), туку пред се’ за вас.
Како и да е, останува тоа дека сте многу лош кога се обидувате да зборувате за нешто (а често го правите тоа) за кое имате многу малку познавања. А морам да признаам, дека често се соочуваме со вашата некомпетентност за одредена област.

Анонимен, би рекла дека

Анонимен, би рекла дека грешите. Упаѓате во истата стапица што му ја поставувате на Гелевски: од кај ви е вам правото да зборувате (за туѓите компетенции) за „еволуционата психологија“, машко-женските односи итн.? Зарем вашата критика во старт не е сосема дискредитирана со самиот факт (а вие инсистирате на тој факт; за мене тоа е знак на крут и стеснет ум) дека самите немате поим за она за што пишува Гелевски? Дополнително, пак, ве дискредитира позицијата на анонимус, и тоа анонимус со кусок аргументи и знаење, а вишок емотивност и со ништо непоткрепени судови. За разлика од вас, Анонимен, го следам пишувањето (а богами и уредувањето) на Гелевски многу подолго и повнимателно, така што темава кај него баш и не ми е нова (текстот на Баумајстер, на пример, беше интегрално објавен во една од последните Маргини). Од трета страна, еволуционата психологија е релативно нова и во светот, како гранка постои 20-30 години и ми се чини дека во Македонија никој не се занимава посериозно со тој тип знаење. И што значи тоа, Анонимен, според вашата логика? Дека темата не смее да се отвара дури и низ медиумите, зашто нема „стручни луѓе“? (а големо и прастаро прашање во Македонија е и колку „стручните луѓе“, луѓето со дипломи и позиции, навистина си ја знаат работата).
Така што, Анонимен, вашите позиции се едноставно неодржливи. Од нив блика, за нас неупатените читатели, само несфатливата омраза кон Гелевски, за која најлогично ми е да кажам дека е од политичка природа. Но, можеби грешам, барем кога станува збор за мотивите на вашата омраза...

Луна, сосема се согласувам со

Луна, сосема се согласувам со вас! Сакам да додадам уште две прашања: дали, на пример, математичар кој има големи познавања од историјата (да речеме, чита барем 50 книги годишно, за историјата) е „понекомпетентен“ за историјата од дипломиран историчар (кој годишно чита, да речеме, 5 книги од неговата област)? И второто прашање: зошто не би имал право на суд и став дури и човек кој прочитал, на пример, само една книга од „еволуционата психологија“ или историјата? Во некои случаи, точно е, човекот кој прочитал 50 книги на темата е многу покомпетентен од некој кој прочитал 5 книги, но се случува големи продори во областа понекогаш да направат луѓе кои не се „квантитативно компетентни“.
Во секој случај, Гелевски, поради мошне видливата широка култура, знае што пишува и ми се чини дека повеќе-помалку е сеедно дали на темата еволуциона психологија прочитал 5 или 50 книги.

И Луна и Медиолог се истото

И Луна и Медиолог се истото лице - Никола Гелевски. Тоа е толку очигледно што е веќе навистина тажно што овој човек прави од себе на порталов.

Еве што Гелевски пишува за Гелевски: „Гелевски, поради мошне видливата широка култура, знае што пишува.“

И повторно Никола Гелевски изјавува: „Од нив блика, за нас неупатените читатели, само несфатливата омраза кон Гелевски, за која најлогично ми е да кажам дека е од политичка природа.“

Особено е фино она, „за нас неупатените читатели“.

Но, тоа не беше мојата пирчина зошто се вклучив.
Никој не го нападна Гелевски ад хоминем, туку клучот треба да биде во следново: „Типичен текст за тоа како функционира „мислата“ (мислата, хм...) на Гелевски: земање текст од некој автор, негово прераскажување, многу цитати, тука и таму по некој коментар... и ете ти текст.“
Ова е мошне прецизен опис.

п.с. Драга Луна, го обвинувате „Анонимен8998989“ и го дискредитирате на следниов начин: „Дополнително, пак, ве дискредитира позицијата на анонимус, и тоа анонимус со кусок аргументи и знаење.“

Па и вие сте „анонимус“ Колку Анонимен8998989 е анонимус толку сте и вие Луна. Па дали тоа треба да ве спречува да коментирате.

Ама готово е, си одам јас од тука, нека продолжи Никола Гелевски да комуницира со Никола Гелевски на порталов, тоа е речиси единственото што му рпеостана.

А освен тоа покажува и

А освен тоа покажува и огромна неписменост...
Да почнеме од насловот - „жените се средни“. Не може жените да се средни. Тоа ништо не значи. Може да се просечни. Ако веќе не знаеш да составиш рима која е соодветна, немој да создаваш некоја која само ти ја нагласува неписменоста, ти „среден“ колумнисту.

Доаѓаме до тоа еден збор да

Доаѓаме до тоа еден збор да замениме со друг: "комуникацијата" со "медијацијата". Веројатно ќе речете дека тоа е прилично безвреден резултат по петнаесет години работа. Но преминот од филозофијата на комуникацијата во филозофијата на медијацијата значи промена на елементите. "Медијаторот го заменува гласникот": не ли е тоа формулата на христијанскиот пресврт? Парчињата од Меркуровата скулптура расфрлени пред распнатиот Христ?

Посредникот го создава законот. Медијацијата ја одредува природата на пораката, односот има предност над битието. Со други зборови, телата мислат, а не умот. Присилата на инкорпорација ги создава корпорациите - тие посреднички тела и установи на знаењето, нормирани и нормативни, кои ги нарекуваме училишта, цркви, партии, задруги, друштва итн.

Симболичките производи на општеството во даден момент не можат да се објаснат независно од технологиите на помнење {то ги користиме во истиот даден момент. Тоа значи дека динамиката на мислите не е одвоива од физиката на трагите.

Со помош на околината се храни и расте медиумот, при што тој може но не мора да искажува барања. Недвосмислено, би можеле врз првата рачна преса и длабокиот печат да ја примениме забелешката што Давид Ландес ја примени за механичкиот часовник: "Часовникот не ја придвижи желбата да се мери времето; туку таа желба водеше кон изумување на часовникот."

Бидејќи, наместо да го бележи она што може да се документира, како историчар, медиологот сонува за тоа да го пренесе умот во стварите, покажувајќи ја скелетната структура под месото, она што некој би можел да го нарече "крутото на мекото".
Режис Дебре, Медиологија

Дали на челото треба да си

Дали на челото треба да си тетовираме срце? Целиот свет тогаш ќе види: срцето му се качило в глава. Па бидејќи тоа ќе биде едно мастилавосино, смртносино, агониско срце, би можело исто така да се каже: смртта му се качила в глава. Треба само да напишеме до која длабочина сме ужаснати.

Тетовирањето првобитно било хиератична уметност. Кога поетите би морале во сопственото месо да ги засечат своите стихови или барем своите праслики, сигурно помалку би се произведувало. Од друга страна, помалку би можеле да ја заобиколиме првобитната смисла на публикацијата како форма на раскривање.
(Хуго Бал, Дневник)

Петнаесет вмровци во еден

Петнаесет вмровци во еден гуштер

Еден ден видов гуштер на работ на полето; мачно се влечеше. Голем како рака, оставаше бразда од приближно пол метро длабочина, како да тежеше не неколку ливри туку најмалку еден тон.
Се зачудив. "Внатре ги има најмалку петнаесетмина", ми рече другарот. "Петнаесет што? Гуштери?" - "Ма не, вели тој, "туку луѓе, а јас баш би сакал да знам колку точно", и брзо отрча кај околните соседи за да се распраша за отсутните. Кој? Само тоа го интересираше и околу таа работа никогаш не дознав нешто повеќе. Со помош на какво волшепство и заради која неверојатна цел луѓето така се натиснале во малото тело на гуштерот, ете го предметот на моето чудење којшто, за него, не заслужуваше некое прашање, ниту одговор.
(Анри Мишо, Во Земјата на магијата)

Вие од „Окно“ може да го

Вие од „Окно“ може да го дрвите за се: за политика,за Грујо, за Бранко, за црква, за НВО, за Сорос, ама баш за се, освен за мажите и жените.
Остајте го тоа на тие што знаат од каде мочат.
Вие сте асексуални суштества.

„Воочи“ на македонски значи

„Воочи“ на македонски значи „да увиди“, а не значи „пред“, како прилог се време, иако некои луѓе сметаат дека е директен превод односно калка од српското „уочи“.

Просечен превод, со просечна

Просечен превод, со просечна анализа, патем неписмен, нереализиран, емоционално нестабилен и сексуално изгубен, необразован автор..

перфех и послесно се брише

перфех и послесно се брише

Слични содржини

Никола Гелевски
Општество / Психологија / Живот / Теорија
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија
Психологија / Теорија
Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото