Кој сака да го смени идентитетот на Македонците во „Македоноиди“?

19.02.2012 16:15
Кој сака да ни го смени идентитетот?

Скандалот со расистичката „Македонска молитва“

Терминот „Македоноиди“ беше промовиран од секретарот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Ниче Димовски во неговата „Македонска Молитва“, кога лично Господ им се обраќа на Македонците: „Вашата мајка Земја со три раси ја населив: белата – Македоноиди; жолтата – Монголоиди; и црната – Негриди...“ Преку Ниче Димовски, Господ лично ни порача дека Македонците се „Македоноиди“: „Од вас Македонците, потомците на Македон, белата раса ја зачнав, и од кај вас започнато  е сè, до Јапонското море.“

Скандалот со „Македонска молитва“ не беше обичен, туку стана и дипломатски скандал. „Радио Илинден – Мелбурн“, осврнувајќи се на депешите на „Викиликс“, објави: „Амбасадорот Рикер на одвоени разговори со Милошоски и со Груевски го изразил и незадоволството поради расистичкиот спот „Божја молитва“ емитуван на МТВ во кој се тврди дека „Господ од Македонците ја зачнал белата раса и со нив го населил светот се до Јапонското море“. Милошоски и Груевски тврделе дека не знаат ништо за спотот, но шефот на кабинетот на македонскиот премиер, Мартин Протоѓер го оценил истиот како ’чист фашизам’ и рекол дека презел мерки за да се истражи случајот и да се казнат одговорните. Две години по тој разговор на Протоѓер со американските дипломати, видео-спотот ’Божја молитва’, годинава беше прикажан на прославата на Илинден на Мечкин Камен.“ Содржините на депешите од Викиликс не беа демантирани од засегнатите лица.

СМК дијагностицира и напаѓа повикувајќи се на Фројд

Откако дел од критичката јавност се спротистави на обидот за менување на идентитетот на Македонците во „Македоноиди“, претседателот на СМК Тодор Петров им постави дијагноза на противниците на „Македоноидите“: „Станува збор за болна перцепција на една мала група искомплексирани и исфрустрирани психопати, потврдени секако со дијагноза фројдовски пациенти, кои од своите неизживеани сексуални тауми во детството имаат проектирано задача за перверзија со целата нација.“ Според претседателот на СМК, „од нечија изјава, оваа мала група, која е добро оркестрирана, шири хистерија за сите Македонци како ’македоноиди’ во пежоративна смисла на зборот.“ Луѓето што се спротиставија на претворањето на Македонците во „Македоноиди“ Петров ги опиша како луѓе кои се „против Македонија и Македонците“, кои „креираат антимакедонизам за да нè снема“, кои сакаат да ги денационализираат Македонците – „од нив да скројат граѓаноиди, луѓе без национално чувство.“

Но, кој прави „перверзија со целата нација“ – бранителите на новоизмислениот расистички идентитет „Македоноиди“ или, пак, неговите критичари? Кои се „фројдовски пациенти“ - оние кои тврдат дека белата раса се „Македоноиди“ или оние кои им се спротиставуваат на таквите расистички тези? Кој „шири хистерија за сите Македонци како „македоноиди“ – авторите и подржувачите на расистичката „Македонска молитва“ или нејзините критичари? Кој сака да ги денационализира Македонците – оние коишто сакаат да ги претопат во расисти „Македоноиди“ или оние кои се спротиставуваат на новопечениот расистички идентитет?

Расистичките тези на „Македонскиот амбасадор“

Расисистичккиот термин „Македоноиди“ не е дело на никакви „соросоиди“, туку на луѓе блиски до Светскиот македонски конгрес. Расистичките ставови за „Македоноидите“ на секретарот на СМК Ниче Димовски во голема мерка се поклопуваат со ставовите на Ристо Поповски, кој ја истакнува титулата „Македонски амбасадор“ која му била доделена од Светскиот македонски конгрес. Во книгата „Митологија на Македонците“, кога зборува за „првите луѓе“, Ристо Поповски тврди дека „Првиот беше Македонец“, односно - „Македоноид“:

„Македонците се најстариот народ во денешна Европа. Погледнете во Библијата. Македонија е запишана 38 пати, додека сите други денешни држави ги нема, бидејќи се вештачки творби и политички опции на денешна Европа. На некогашната македонска почва, поточно на Македонскиот Полуостров, кај местото Камени Гумна во пештерата Црвени Стени (денес позната како Петралона) е пронајден череп на белец, Македонец, стар околу 600.000 години. Овој Македонец е првиот Македоноид пронајден во Македонија и на Македонскиот Полуостров, и сведочи за експанзијата со која се насели поголемиот дел на планетата Земја.“


И во поглавјето „Човечките раси“, Ристо Поповски ги поистоветува Македонците со „Македоноиди“: „Македоноидите, т.е. белата раса, веројатно етимолошки значи „Македон кој оди“. Македонецот, пред с
è, е со светла кожа, има руса, жолта, кафена или црна коса и прилично тркалезни очи. Македонците се народот на денешна Европа, Северна Африка и околу Јужното море.“ Во илустрациите за постојните раси „Македонската раса“ е поистоветена со „Македоноидот“ (Александар Македонски).

Но, не е само Александар Македонски претворен во „Македоноид“, туку и неговиот татко „Филип“: „ДНК на Македоноидите, од кои потекнува белата раса, е најдена и во коските на Филип" – тврдат Ристо Поповски и Ангелина Маркус во книгата „Филип Втори Македонецот“ (види Сè тргнува од Македонија).

Во книгата „Митологија на Македонците“ и Ахил е претставен како „македонски јунак“:‎ „Македонскиот јунак Ахил бил неповредлив (до убодот во петата), а исто и Супермен е неповредлив (самоеден мистериозен гас криптон може да го победи)“. Тројанската војна била граѓанска војна меѓу Македонците: ‎„Војната за Елена е граѓанска војна меѓу Македонците“. Се разбира, наши биле и сите богови и митски суштества од грчката митологија.

Според Македоноидот Ристо Поповски, Македонија „има најстаро ИМЕ на светот со ПАЛЕОЛИТСКИ КОНТИНУИТЕТ најмалку од околу 77.000 години“ и „без ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА нема ниту ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА.“

Внимавајте, сите што не се согласувате со ваквите расистички македоноидиотски тези ризикувате да бидете прогласени за „фројдовски пациенти“ од страна на претседателот на СМК, несудениот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ! А којзнае, можеби и ќе ви фрлат анатема затоа што ги хулите зборовите на Господ, дека од Македоноидите „започнато сè е, до Јапонското море“.

NAZI science. И Хитлер и

NAZI science. И Хитлер и Франко создавале вакви фабрикации - Ариевска раса, келт-ибериска раса и така натаму. И нормално нели сите кои не ги голтале овие срања биле прогласувани за пореметени предавници.

what d F do u know 'bout NAZI

what d F do u know 'bout NAZI science, huh? сте се фатиле за дедото Р Поповски, аман. Сајтов ви е чиста пропаганда, и иако ми беше мил, дури сега разбрав со кој си направил deal.

Се’ ќе му простам на

Се’ ќе му простам на Поповски, ама незнаењето околу Супермен нема да му го простам. Не е гас и не е Криптон.

(Е сега, кога така лесно проверлива информација си ја утнува без да трепне, можам да си замислам другово како си го клепал).

Ја разгледав книгата на

Ја разгледав книгата на Scribd преку линкот кој е поставен во текстов, и морам да кажам дека е крајно сомнителна и шарлатанска историска книга, за која не вреди ни да се трошат зборови. Кога со ваква книга би се појавиле пред научната јавност во некоја сериозна земја, авторот би бил силно исмејан и исвиркан. А кај нас вакви кловнови добиваат на значење и влијание. Мизерија, нема што!

Кај нас кловнови и како Жарко

Кај нас кловнови и како Жарко добиваат значење и влијание, па никому ништо.

Сами си даваат на значење, па

Сами си даваат на значење, па се самопрогласуваат за експерти како Жарко.

Мислам дека аргументите на

Мислам дека аргументите на Жарко барем се поиздржани, додека аргументите на „историчарот“ се крајно сомнителни и лабави, да не речам тресени од ракав. А тоа дека постојат три раси, Македоноиди, Монголоиди и Црноиди (?) е тешка глупост на ограничен ум. Ви препорачувам да ја разлистате книгата (има линк до неа во текстот на Жарко), и секој со основно познавање на општата култура и историја ќе сфати за што зборувам.

јака финта-наречи го Жарко

јака финта-наречи го Жарко самопрогласен експерт и така ќе го изедначиш со психопатскиот шупак Ристо Поповски. тапа жива сте вие штапски пацови!

наречи го некого штапски

наречи го некого штапски пацов и си завршил работа. Ебате тоа штапскиот штакор.

Прекрасно дело, ама ми фали

Прекрасно дело, ама ми фали нешто...кај се индијаноидите или црвеноиди, незнам како да ги речам. Го молам авторот под итно да се консултира со Мел Гибсон. А, да, и плус го замољавам ако може тоа последната фотка од неговиот сајт (ве ве ве ристопоповски точка цом) кај што е со Лименко Злоделковски да стаи уште една, ама голи да бидат, многу ме палат.

"Ne e tochno poznato koga za

"Ne e tochno poznato koga za prv pat Bog ja naselil Zemjata so luge.Ova prashanje, verojatno, nikogash nema nitu da bide odgovoreno.Po~etocite na lu|eto se zavitkani vo temnina i e mnogu te{ko voovaa temnina da se najde jasna linija i potporna to~ka za validni pret-postavki."

Kakva maestrlana glupost!

Ова е ко пропагандните

Ова е ко пропагандните списанија на Јеховините сведоци

Ako dobro razbiram,

Ako dobro razbiram, Makedonoidi se i Germancite i Francuzite i Italijanite, ama jas kako makedonski Makedonoid ne sum obicen pripadnik na rasata tuku sum rasata kako takva, maticna kletka na makedonoidizmot.Nikogas ne sum se cuvstvuvam tolku , kako bi rekol, vozviseno, stopleno, potentno. Kako qurac (Petar Lukovic) vo vagina

Нас, вистинските Македонски

Нас, вистинските Македонски Македоноиди, сакаат да не уништат немакедонските Македоноиди, затоа што патат од комплекс на помала вредност, што би рекол чичко Тодор Фројд. А Петралона се наоѓа близу Солун, па затоа македоноид(иот)ската раса сака да го освои Солунско поле, за повторно да влезе во Платоновата пештера на првиот Македоноид! Ништо не разбирате - „Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот“ - читајте македоноидска Википедија, се ќе ви се разјасни.

А бе дајте некоја теорија за

А бе дајте некоја теорија за македонските амеби...

Откако докажавме дека

Откако докажавме дека Македоноидот е постар од Неандерталецот, тоа е на ред да докажеме - дека Македоноидот има постар генетски код и од амебите.

Bravo Zharko! Kako samo

Bravo Zharko! Kako samo kulturno i intelektualno im go zalepi na makedonoidite, ama im svrshi vo lice. Da ne se zanesuvaat primitivcite deka mozhe nekazneto da peat nekakvi navivachki pesni i da se zaebavaat so nasheto kosmopolitsko drushtvo za otvoranje na opshtestvoto. Sleden chekor, ova da go kazhesh na nekoj grchka televizija, poshto Miro vekje ja pokri Bugarskata.

Samo taka, i samo napred! Ju-go-slavija, Ju-go-slavija, Ju-go-slavija!!!!

Кога ќе се појави некое

Кога ќе се појави некое партиско Македоноидче да коментира (ко firomancer), се забележува од Месечината.Секој што е противник на Македоноидот, е или Грк, или Бугар, или Југоносталгичар? Лудило. Па, теоријата за Македоноидите најмногу им одговара токму на радикалните национал-шовинисти во Грција и Бугарија. Не би се зачудил ни ако тие ја измислиле. А тоа што некои Македонци се палат на Македоноидиотизам, тоа е симптом колку малку си ја знаат сопствената историја на 20-от век.

abe i jas sum patrijot! ja

abe i jas sum patrijot! ja sakam ovaa zemja i sum svesen deka vo vrska so makedonskoto prasanje e napravena golema nepravda kako teritorijalna taka i vrz makedonskoto naselenie vo EGEJ I PIRIN! i sum NACIONALNO SVESEN koj sum , sto sum! A DA VI KAZAM PRAVO OVAA LUDOST E POGOLEME I OD GRCKATA (ZASTO TAMU UCAT NA SKOLO DEKA TIE SE NEPROMENET NAROD USTE PRED ALEKSANDAR DO DENESEN DEN), STO E SMESNO I APSURDNO! AMA OVAA SO RASATA "M A K E D O N I D" E POVECE OD SMESNO! I E RMNO NA DIJAGNOZA! NEMA TEORIA NITU EDEN OZBILEN NAUCNIK DA GO PRIFATI NI VOKABULAROT( SMESKA E) A ZA TEORIJATA DA NE ZBORUVAM... ZNACI SAMI SI PRAVIME SMESKA OD NAS SAMITE

a i ovoj kopiljot - skeptik

a i ovoj kopiljot - skeptik tezok, ne mi se dopagja sto lugjeto od negovio profil ja laat Makedonija vo sosedstvoto!

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото