Ликовите во овој Спејс шатли со име Тралаладонија, сами се одбраа за да ја претставуваат нашата вселенска мисија. Разликата помеѓу Идиократиј и Тралаладонија е од морфолошки карактер и без еволутивни влијанија.
Неверојатно е колку се запустил МКЦ за толку кратко време
Вчера бев на премиера во МКЦ кај што не сум бил неколку месеци и неверојатно е колку се запустил за толку кратко време. Надвор темно, неискосени тревници, паркинзи за точаци празни, шанковите затворени, внатре пусто, без луѓе… А, просторот околу Малиот принц и терасата на бифето е претворен во јавно ВЦ и смрди на мочка.