Злосторство во земјата на крвта и медот

23.02.2012 12:49
Злочин во земјата на крв и мед

Жртвите од војната во БиХ тврдат дека филмот на Ангелина Џоли, „Во земјата на крвта и медот“ (In the land of Blood and Honey) реално ги прикажува злосторстватае и тортурите низ кои поминаа многу млади жени во БиХ. Претседателката на Сојузот на логорашите во Кантонот Сараево, Ениса Салчиновиќ, смета дека Ангелина Џоли веродостојно ги прикажала воените случувања во БиХ, „особено сексуалните злоставувања на жените во логорите на Војската на Република Српска“.

„Зборувајќи од аголот на жртва, можам да речам дека филмот реално ја прикажа агресијата во БиХ, особено тоа што нам ни се случуваше во 1992 година“, вели Ениса Салчиновиќ.

Една од тие кои имаа прилика да го видат филмот пред премиерата, претседателката на босанскохерцеговинскиот огранок на „Здружението за загрозени народи“, Фадила Мемишевиќ, признава дека не очекувала Ангелина Џоли така верно да ја наслика болката на босанските жени. Вели дека преживеаните жртви по проекцијата биле „силно потресени и благодарни што американската режисерка ги извадила од заборав страшните злосторства“.

„Ракциите во БиХ и околината велат дека филмот и тоа како е реален. БиХ и Србија сè уште не доживеале катарза, сè уште се немаат соочено со минатото и токму затоа реакциите се така поделени“, вели Фадила Мемишевиќ.

Претседателката на здружението „Жени – жртви на војната“, Барика Хасечиќ немала прилика да го гледа филмот во декември 2011 година, кога тој бил прикажан на претставниците на единаесет  здруженија од БиХ. Во медиумите видела само инсерти врз чија основа тврди дека Ангелина Џоли „прилично добро ја прикажала агресијата и геноцидот во БиХ“. Меѓутоа, истакнува дека филмот има и спорни делови. „Сето тоа кое нам ни се случуваше не може да се пренесе на платно. Не можеше да има љубов меѓу воен злосторник и жртвата. Има сцени кои длабоко ги повредуваат жртвите“, вели Бакира Хасечиќ.

Центарот за постконфликтни истражувања е еден од организаторите на босанскохерцеговинската премиера на филмот „Во земјата на крвта и медот“, што се случи во Сараево. Директорката на Центарот, Велма Шариќ смета дека филмот е реален приказ на воените стравови во БиХ. „Мислам дека филмот на Ангелина Џоли реално го покажува тоа што им се случуваше на жените во БиХ за што сведочат и официјалните податоци на Обединетите народи“.

Според податоците на Обединетите нации, во БиХ во текот на војната биле силувани 50.000 жени.

Извор: dw.de