Војна на ѕвездите во 3D во Скопје

24.02.2012 11:28
Војна на ѕвездите во 3D во Скопје

Порталот Окно доделува по три влезници за двајца и една маица со карактерите од филмот „Војна на ѕвездите: Фантомска закана“, чија премиера во 3Д технологија ќе се одржи утре (25 февруари) во скопското кино Милениум, во 20:00 часот.

Вашите податоци (име и презиме) можете да ни ги испратите на е-адресата redakcija_okno@yahoo.com, а добитниците ќе бидат објавени денес, во 14:30 часот, на Окно.

Напомена: влезниците и маиците можете да ги подигнете на касата на кино Милениум, 15 минути пред почетокот на проекцијата.

Кратка содржина на филмот

На мирољубивата планета со која владее младата, но мудра кралица Амидала (Натали Портман) ѝ се заканува корумпираната трговска федерација, со која управува злиот лорд Сит и неговиот застрашувачки ученик Дарт Мол. Наизглед добронамерниот сенатор Палпатин (Иан Мекдермин) е советник на кралицата, иако многумина се сомневаат во него. Витезите-џедаи Квај-Гон Џин (Лајам Мекдеминд) и Оби-Ван Кеноби (Јуан Мекрегор) се повикани да интервенираат во расправите за трговијата.

Во текот на преговорите нивен ученик станува младиот Анакин Скајвокер (Џејк Лојд). Освен тоа, тие го среќаваат Џар Џар Бинкс (Ахмед Бест), суштество со лик на гуштер, кое е протерано од својата татковина под водата поради неговата несмасност. Кога Трговската федерација ќе ја нападне планетата Набу, кралицата и нејзините советници мораат да се борат против толпата роботи, додека Квај-Гон и Оби-Ван се соочуваат со злиот Дарт Мол.

Режијата и сценариото се на Џорџ Лукас. Главните улоги ги толкуваат Јуан Мекрегор, Натали Портман, Ахмед Бест.

Жанр: акција, научна фантастика, авантура

Филмот трае 136 минути.

Your browser is not able to display this multimedia content.