Жан Дижарден: Никогаш нема да бидам американски глумец

28.02.2012 13:35
Жан Дижарден

Добитникот на Оскар за најдобра машка улога, францускиот глумец Жан Дижарден, изјави дека ќе ги разгледа понудите од САД по успехот на црно-белиот нем филм „Уметникот“, но дека „никогаш нема да биде американски глумец“.

Дижарден, кој даде интервју за француските весници откако „Уметникот“ освои пет Оскари, вклучувајќи и награда за најдобар филм, режија и машка улога, изјави дека по победата се чувствува како да го напуштил сопственото тело за кратко.

Вели дека спиел во колата 20 минути пред доделувањето на Окарите. „Само што се разбудив и видов дека не е сон. Оскарот е овде и јас сум сереќен“, изјави тој за новинарите.

„Ви го претставувам. Се вика Оскар и тежи два килограми“, рече тој во холивудскиот хотел близу Кодак театарот, каде што францускиот филм постигна огромен успех. „Убав е, зарем не. Погледнете колку е згоден“, се шегуваше со новинарите.

„Се чувствувам како да го напуштив своето тело на три секунди. Се случи нешто чудно“, одговори тој на прашањето како се чувствува по добивањето на наградата.

Кога станува збор за кариерата во САД, Дижарден е прилично категоричен: „Ќе видиме дали ќе има некои проекти, ама никогаш нема да бидам американски глумец“.

Тој тврди дека Оскарот нема да промени ништо кај него.
„Тоа само значи дека ќе имам поголема слобода. Не сакам да го менувам својот инстинкт, своите избори, она што го сакам. Имам добар живот и не сакам да го менувам.“

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото