Копање по контејнери

09.03.2012 12:34
Копање по контејнери

„Dumpster diving“ или „Нуркање по контејнери“ е практика на вовлекување во комерцијални или станбени контејнери со цел да се најдат корисни предмети кои се фрлени од страна на нивните сопственици. „Храна, не војна!“ е слоганот на овие необични нуркачи, и ако вам ви изгледа смешно, тогаш запрашајте се уште еднаш: Колку корисни работи фрлате во текот на денот?

Во продолжение приложуваме дел од водичот за нуркачи по контејнери.

Сакате да копате по контејнери? Тоа значи дека веќе сте на половина пат до целта и дека вам, всушност, и не ви треба наша помош, туку само храброст да започнете и одлучност да истраете ако не ви успее од прва рака. Но, бидејќи секогаш ни стигнува е-пошта со молби за помош и совети, одлучивме да го скратиме насобраното знаење и искуство во краток текст. Баш фино од нас, нели?

Контејнерското однесување и етика

Кога пристапувате до контејнер, правете го тоа одмерено: немојте да се криете во сенка, но не се однесувајте и како да сте шеф. Ако чекорите самоуверено и одлучно ќе бидете невидливи за сите (освен за трговците, што не е неважно), додека со прикрадување и криење во мрак ќе предизвикате повеќе сомнеж отколку што заслужувате (ако ве забележат). Не сакате да изгледате како провалник или крадец на автомобил, бидејќи тогаш и така ќе се однесуваат кон вас. Не треба премногу да се грижите поради другите луѓе бидејќи поголемиот дел нема да се грижат за вас, но внимавајте на локалните жители кои можеби нема да го одобрат вашето однесување. Научивме нешто за луѓето кои се закануваат дека ќе викнат полиција (полицијата никогаш не стигнува), а најлошото е што вашата активност можат да ја пријават како незаконска трговија.

Малку суптилност се исплатува многу, па додека пребарувате по контејнерот правете го тоа што е можно потивко. Иако тој совет е саморазбирлив и делува покровителски, прилично е важен. Колку пати само случајно нагло сме го отвориле капакот на контејнерот – а тоа не е пријатен звук. Содржината на контејнерот исто така може да биде гласна, па затоа внимавајте додека ги претресувате нештата како што се стаклените шишиња, да не ви паднат на дното. Инаку – тресок.

Внимавајте добро да прочепкате, бидејќи храната секогаш се наоѓа на врвот на ѓубрето, па не се грижете да извадите цели кеси ако тоа е потребно. Но, ако направите неред, тогаш исчистете го. Тоа е за ваше добро и за доброто на кутрите вработени кои ќе мора да го исчистат тој неред, немојте никому да давате повод да ја прекине вашата контејнерска лудост. Бидејќи тие тоа сигурно ќе го направат. Често мора да ги искинеме најлонските кеси, но тоа избегнувајте го ако е можно бидејќи така оставате непобитен доказ дека сте биле таму. Ако ве интересираат поголеми количини, тогаш можеби вреди да ја земете целата кеса за ѓубре бидејќи со мало искуство може лесно да ја напипате храната. Тоа е особено добар трик кај пекарниците, бидејќи тие понекогаш фрлаат вреќи кои содржат исклучиво свеж леб. Но, сетете се дека храната треба да ја делите. И внимавајте да не земате храна на сметка на некој друг; на пример, не го празнете контејнерот штом ќе го пронајдете. Ако постојано наоѓате полн контејнер, и тоа во секое време од ноќта, ќе ви простат ако го земете она кое мислите дека ќе пропадне, а сите знаеме дека е оправдано да се земе нешто што и онака ќе пропадне.
Благороден контејнер (Што и да очекувате).

Понекогаш се прашуваме дали супермаркетите го фрлаат сето она што останува на полиците кога ќе им донесат нова стока. Понекогаш нема друго објаснување за фрлањето сосема здрави брокули или банани. Можеби некои луѓе не ја разликуваат презреаната храна од незрелата или можеби не сакаат зеленчук. Не знаеме. Подолу се обидовме да го опишеме и објасниме сето она што може да се најде во еден контејнер.

Еднаш некој гениј за маркетинг заклучил дека луѓето купуваат повеќе зеленчук кога тој се пакува заедно. Наместо да купи една пиперка, колку што му треба, потрошувачот ќе купи шарено пакување од три. Кога една од тие пиперки ќе се расипе на полицата, настапуваме ние. Често се фрла целата кеса поради едно расипано јаболко, иако остатокот е свеж.

Слична е ситуацијата и со јајцата, па често во контејнерот наоѓаме цело пакување јајца само зашто едно се скршило. За несреќа, благодарение на чудесните интриги на индустриското одгледување, морате да внимавате на расипаните јајца. Но, за јајцата подробно ќе зборуваме на друго место.

Многу продавници го немаат тој „проблем“ со пакување и обично работите ги фрлаат во ѓубре дури откако ќе почнат да се расипуваат, па често можете да најдете овошје и зеленчук со оштетувања или дамки. Понекогаш тоа може да се „поправи“ со вешто порабување со нож. Таквите продавници исто така имаат посебни контејнери наменети за органски отпад, што може да биде добро бидејќи не мора да се занимавате со ѓубре, но исто така и лошо бидејќи пристојната храна на тој начин доаѓа во допир со расипаната.

Млечните производи често можат да се пронајдат благодарение на прекумерното почитување на роковите на траење. Тие се воведени во 1979 година, а доктор Слим Динсдејл (особено не би му верувал на човек кој се вика така, а тој е наводно специјалист за судења поврзани со храна) признава дека тие се воведени пред сè поради „спречување на жалбите на потрошувачите“, а не поради наша сигурност. Мислам дека сите кои копаат по контејнери тоа веќе го знаат. Најдоброто од сѐ е што органската храна има пократок рок (со реална причина), поради која и често може да се најде. Што се однесува на роковите за употреба на храната, тие се бесмислени и би требало да се забранат. Ако не можете да процените дали вашата храна е сè уште добра, тогаш таа воопшто не заслужува да биде купена.

Ако најдете разумна количина млеко во тетрапак, прилично лесно е да проверите дали тоа е добро за конзумирање – само отворете едно. Но, внимавајте да не го пролеете по целиот контејнер, зашто расипаното млеко е гадно нешто. Многу млека се фрлаат бидејќи тетрапакот попушта, па затоа подобро не го ставајте во иста кеса во која се наоѓа нешто што потоа нема да може да го исчистите, а најдобро е да го ставите на дното на кесата (која не е продупчена). Лете е најдобро во целост да го избегнувате млекото. Млекото лете е секогаш расипано. Исто важи и за сирењето. Не заборавајте дека мувлата може да се отстрани од сирењето, ама не и од лебот.

Лебот, како основна намирница, секогаш може да се најде. Всушност, човек се прашува зашто луѓето воопшто го плаќаат (тој би требало да биде основна намирница.) Но, луѓето не плаќаат за леб кој не е свеж. Многу пекарници печат свеж леб цел ден кој на крајот од работното време го фрлаат. Кај слободните пекарници (кои не се поврзани со супермаркетите) исто така е помалку веројатно дека ќе се соочите со сигурносни мерки против копање по контејнери. Бесплатен леб за сите.

Ако барате совет за месо, тогаш сте на погрешно место и можеби треба да пробате да го најдете на meat.org.

Ако пронајдете еден производ во големи количини, обично за тоа постои добра причина, особено ако не му изминал рокот на траење. Можеби го повлекле тој производ, можеби се случила некоја незгода и слично. Иако можете да паднете во искушение, подобро да не го земете ако не е очигледно зошто толку голема количина лежи покрај контејнер. Барем не за прехрана, зашто постојат и други забавни нешта кои може да ги правите со пакување јајца, на пример.

И не секогаш сѐ оди според планот; понекогаш контејнерите го возвраќаат ударот. Злобните сопственици на продавниците понекогаш фрлаат големи количини средства за чистење во своите канти, прекривајќи ја храната со детергент, белило или отров за глувци. Благодарение на прехрамбените навики на стаорците, отровот не делува на нив. Бидејќи се хранат со отпад, тие најпрвин јадат мала количина од храната која ја наоѓаат и потоа чекаат да видат дали ќе им наштети пред да ја изедат цела. Тоа значи дека отровот за глувци мора да е или многу силен или има одложено дејствување. Исто така е без мирис и вкус, па изгледа како брашно. Но, тоа не е нешто за кое ќе се грижиме и не знаеме ниеден случај на отруен копач по контејнер. Сепак, тоа не е причина да не бидете прв.

Други опасности вклучуваат искршено стакло (поради што би требало да имате добри ракавици) и талог од кафе, кој го мразиме од дното на душата. Нема да ни наштети, но секогаш е насекаде и одвратен е. Ни наликува налик на мокра леплива земја која смрди!

Извор: Zarez

Корисен линк: http://www.emoware.org/dumpster-diving/