Уметникот

09.03.2012 14:36
Уметникот

Слатко-горчлива забава

Заслужен ли е успехот на филмот? Верувале или не – да. Самата помисла да се сними црно-бел филм и истата да им се предложи на финансиери, бара храбро да се стапи на вечно несигурното филмско тло, во време кога владее криза. Црно-белиот (лажно) нем филм успеа во речиси невозможното – да го оттргне вниманието од филмската уметност како таква, да нè разбуди од летаргијата и играњето на сигурни карти, за да ни покаже дека сè е можно. Парадоксално, сето тоа се провлекува и низ самиот филм. Тоа не е направено суптилно, може да се рече дека дури и по малку нападно се нагласува јавната симболика и играта со метафори, но сето тоа е надополнето со останатите аспекти на филмот кои навистина ве обземаат со надеж, предизвикувајќи кај вас желба филмот да трае долго, долго и да не ве пушти.

Толку големата возбуда понекогаш може да има и негативни последици. Можам да ги замислам гледачите кои оваа недела ќе појдат во кино да го гледаат и по стотата минута од францускиот филм, ќе речат: „Зарем ова е тоа? Зарем ова е најдобриот од сите филмови снимени оваа година?“ Звучните слоеви понекогаш го тераат гледачот да го гледа филмот со искривена диоптрија, која во случајов е подобро да се отфрли. Филмот на Азанависиус треба да се гледа во вистинското светло, како: фина, шармантна, интелигентна, но на моменти и слатко-горчлива забава.

Случувањата во „Уметникот“ започнуваат во Холивуд во 1927 година, непосредно пред појавата на звучниот филм, Големата депресија и првите Оскари. Двајцата јунаци на филмот се Џорџ Валентин (Жан Дужардин), авантуристичка ѕвезда на немиот филм од типот на Ерол Флин или Даглас Фербанкс, и Пепи Милер, млада работничка, која, најверојатно како и многу млади жени од тоа време, сонува за филмска кариера. Во текот на стотината минути судбините на двата лика драматично ќе се променат.

Тежок акцент

На врвот на својата кариера Валентин е уништен од звучниот филм, бидејќи има тежок француски акцент, а филмовите му се старомодни. Во исто време Милер, која на почетокот е потпомогната од Валентин, доживува ѕвезден успех во мјузиклот. Во мигот кога Валентин ќе ги отфрли сите освен стариот слуга (Џејмс Кромвел), Милер ќе се сети на него и ќе му ја возврати помошта. Она што најмногу го привлекува вниманието е начинот на кој режисерот Азанависиус го претставува стилот на немиот филм. Тој доста вешто ги имитира стилските фигури и конвенции на филмот од 1920-те; за филмот да изгледа постар прилагоден е дури и форматот на сликата и бројот на фрејмови во секунда. Во единствената сцена каде што филмот престанува да биде нем тоа е прикажано доста духовито, Валентин во сонот се наоѓа во „звучниот“ – за него застрашувачки – кошмарен свет. Голем дел од својот шарм „Уметникот“ им го должи на таквите метафилмски, но и цитатни, интертекстуални поигрувања.

Позната судбина

Во ова стилски освестена ретроманија има, меѓутоа, и една нишка која го прави „Уметникот“ современ, а која – ни се чини – мошне помогнала и за успехот на филмот. Денешниот свет и денешната филмска публика во голема мера се состојат од луѓе кои се престрашени од технолошките промени, промени кои ги исфрлаат од рутина, целосно ги преобразуваат нивните професии или се закануваат да ги укинат.

Неколку интересни факти за „Уметникот“:

1. Филмот „Уметникот“ е првиот црно-бел видео запис што добил Оскар за најдобар филм по половина век, кога победил филмот на Били Вајлдер, „Апартман“. Во говорот по примањето на наградата за најдобар филм, тимот од филмот „Уметникот“ му се заблагодарија на Вајлдер.

2. Улогата на кучето Џек ја делеле три кучиња. Истите се бојадисувани пред снимањето за да се зголеми сличноста, односно да се намалат разликите. Тоа се кучињата: Uggie, Dude, Dash, а најголема минутажа добил Uggie.

3. Куќата на Пепи во филмот е куќата на Мери Пикфорд, една од најзначајните филмски ѕвезди од ерата на немиот филм, а креветот каде што се буди Џорџ Валентин е исто така креветот на Мери Пикфорд.

4. Насловите кои се прикажани на постерите и надвор од кината најчесто го отсликуваат мотивот заговор. На пример, „The Thief of His Heart“ е видлив кога Пепи го пробува палтото на Џорџ. „The Lonely Star“ се појавува кога Џорџ тажно ја преминува улицата, и „Guardian Angel“ е филм на Пепи Милер кој е видлив веднаш по аукцијата.

5. Филмот е снимен во 1:33:1, „академски сооднос“, исто како и во деновите на немиот филм. Главниот сценарист Мишел Азанависиус смета дека тоа е „совршено за актерите“, бидејќи им дава „чувство на присутност, моќ и сила да го заземат целиот простор на екранот“.

Your browser is not able to display this multimedia content.

6. Филмот ја искористува љубовната тема на Бернард Херман од „Вртоглавица“ во неколку моменти. Ова не е првпат режисерот да позајмува нешто од Алфред Хичкок. Искористени се визуелни и музички моменти и од „Вртоглавица“, но и од „Север-северозапад“,како и неговиот „OSS 117: Lost in Rio“, каде што исто така се појавува и Жан Дижарден.

7. Во филмот не постои зум бидејќи технологијата за зумирање не постоела во времето во кое се одвива дејствието на филмот.

8. Мишел Азанависиус го напишал целосното сценарио за филмот во филмот, „A Russian Affair“, и истото е вклучено во сценариото за филмот.

9. Сликата во студиото (1:10, 01:15), каде што Пепи го уценува продуцентот, е копија на „Portrait de Madame Alan Bolt“ од Тамара де Лемпицка, 1930.

10. Појадокот во филмот, кој има за цел да ни го покаже распадот на еден брак, е на некој начин искажување почит кон речиси идентичниот дел во „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс.

Извори: e-novine, byka.com, vreme.com

“Црно-белиот (лажно) нем филм

“Црно-белиот (лажно) нем филм успеа во речиси невозможното – да го оттргне вниманието од филмската уметност како таква...“

Објаснете?

Се мисли на нем филм снимен

Се мисли на нем филм снимен во денешно време, кога звучната техника и технологијата на снимање е напредната. Значи, нем филм во време во кое постојат само звучни филмови.

Не е пристојно ко главен

Не е пристојно ко главен уредник јавно да полемизирам за одредени (не)проблематични реченици, но ај да направам исклучок и да го поддржам читателот: реченицата е сомнителна, особено зашто Артист на, според мене, чудесен начин баш ја слави филмската уметност (не го „отргнува вниманието од неа“). Можеби го отргнува вниманието од конвенционалната, предвидлива, искомерцијализирана филмска уметност - но тоа не го пишува во текстот. Башка, и кога тоа би го пишувало - и тоа не би било точно! Зашто Артист, меѓу другото, ја слави и комерцијалната, предвидливата, конвенционалната итн. филмска уметност! Ради тоа е и голем филм! Зашто на прв поглед е питок, лесен, crowd-pleaser ориентиран... Но зад тие слоеви има многу други! Тоа, додуша, понатаму во текстот го пишува...

Фала ти Коља, иако признавам,

Фала ти Коља, иако признавам, не го исчитав текстот до крај,ме изгубивте после “проблематичната“ сепак, ја сфаќаш поентата на моето прашање. Можеби навистина стануваме се поглупави, дали е тоа поради секојдневното најразлично с...е кое ни се сервира за читање, или ќе да е нешто друго...Во секој случај, задоволен сум од одговорот.Поздрав

јас мислам дека читателите

јас мислам дека читателите стануваат се поглупави (нека ми простат оние кои се исклучок) штом не можат да разберат обична реченица. не мислам на конкретниов случај, иако може и тој да се вклопи во општата слика. имало и пострашни примери. или па само се мрзливи и не сакаат да го вклучат мозокот.

да ме не сфатите погрешно, не

да ме не сфатите погрешно, не сакам никого да навредам. само сакам да укажам на одредени трендови и тенденции во интернет сферата

Морам да нагласам дека кога

Морам да нагласам дека кога веке зборувате за филмови од странско подрачје, барем пишувајте го името точно. Во овој случај името на филмот е АРТИСТ, а не УМЕТНИК(како што сте напишале) и не секогаш буквално се преведуват сите работи.

del od vas ste kako izgubeni

del od vas ste kako izgubeni vo prevodod, del od vas ludi, a filmot e sranje, sto go pravi tekstov totalna utka od prva do posledna recenica

Многу македонски интернет

Многу македонски интернет портали и страници го преведоа филмот како „Уметникот“.

http://www.google.com/search?hl=mk&client=firefox-a&hs=ikL&rls=org.mozilla%3Amk%3Aofficial&q=%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82+%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%80&btnG=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98

И ние се поведовме од истото.

А инаку, филмот е ремек-дело кое заслужено освои Оскар.

Но, за вкусовите не се расправа.

Конечно нешто да не

Конечно нешто да не подизвлечи од целото она клише шо се случува, конкретно во седмата уметност. Покрај сите оние специјални ефекти, преџвакани реплики и римејкови на римејковите...Во период кога се слават холивудските срања (чест на исклучоците), се појавува ова дело. Пријатно ме изненаде. Ми ги освеже спомените од филмовите со Чарли Чаплин, Лорел и Харди (Онлио и Стенлио)...
Од мене голем плус за храброста. Само се плашам да не стани сега во мода да се снимаат вакви филмови. Џорџ Лукас да не ги напрај Стар Ворс во овој стил...:D