Груевски: Идиотска е тезата дека „Соросоиди“ стојат зад протестите

11.03.2012 18:10
Премиерот, загрижен за својата безбедност, ангажираше дополнително обезбедување

Идиотски и непродуктивни, вака премиерот Никола Груевски остро ги демантираше тезите дека „Соросоиди“ се виновни за инцидентите кои се случија во изминативе неколку дена.

„Слушнав дека се вртат такви тези, особено на некои од провладините портали, а и на МТВ слушнав дека ’соросоиди’ креирале тензии. Сакам да кажам дека бев вчудоневиден од таквите размислувања на поединци. Мислам дека ваква поидиотска теза не сум слушнал досега, односно дека ’Соросоидите’ ангажирале тепачи од македонска и од албанска етничка припадност да се тепаат за да не нè примеле во НАТО“, рече денеска Груевски, кој присуствуваше на стартот на градежните активности за проширување на улицата Првомајска.

„Сакам да ја демантирам таа теза, иако за мене личеше дека е теза која не треба да се демантира бидејќи сама по себе е толку неприродна. Но, очигледно дека голем број луѓе се обидуваат на некој начин да ја прошират таа теза“, вели премиерот.

Груевски жестоко нагласи дека Владата ќе продолжи да соработува со Фондацијата на Сорос и дека секој кој ќе згреши пред законот ќе биде казнет, и порача до сите оние кои стојат зад предизвикувањето насилство и тензии „да не си играат“.

И од Кабинетото на

И од Кабинетото на претседателот Иванов (поранешен „соросоид“) ја демантираа идиотската теза :)

ZZ-top sikret agentura ja

ZZ-top sikret agentura ja razbiva Makedonija :)

PRDESHLAANA

PRDESHLAANA