Прашалник за Кирчо Арсовски

26.03.2012 11:55
Кирчо Арсовски

 

1. Свирам за...

Затоа што ми е убаво додека свирам, а не е лошо ако некој и ти плати за тоа.

 

2. Првата песна на гитара?

Некоја од „Čobi & Pro Arte“ мислам деке беше „Lola“.

 

3. Омилен риф?

„Nest of the Cuckoo Bird“ од „The Cramps“.

 

4. Т.Б. Трачери не можат без...

Коњак, цигари и трачеви.

 

5. Како преживуваш во оваа нервозна џунгла?

Ми помагаат добри луѓе, а по малку и пишувам.

 

6. Најдобар македонски албум?

Клати и Тркалај.

 

7. Македонската музичка сцена...

...е езотерија, како и секогаш.

 

8. Стих кој често ти заглавува во глава?

Одамна не помнам стихови и не ми се мотаат по глава.

 

9. Каде би се телепортирал во мигов?

Телепортација мора да е страшен чин, но ако е баш безболен , тоа би било во некој стрип на Мики Маус.

 

10. Доколку се сними филм според твојот живот, на кој жанр би припаѓал?

Цртана комедија.

 

11. Кога би имал неограничена моќ, кои се првите три работи што би ги направил?

Стварно не знам. Појма немам. Мислам дека е стресно да имаш неограничена моќ, мора да е така, којзнае колку непријатели тогаш би имал. Овие што ги имам сега ми се доволни.

 

13. Последниот филм кој залудно ти го истроши времето?

„Darling Lili“ од Blake Edwards.

 

14. Дали можеме да очекуваме книга од колумните на Арсовски?

Да, тоа може да се случи за некое време. Сакам да излезе во формат на дневен весник, а не како книга и ќе ги соберам оние колумни за кои мислам дека се најдобри.

 

15. Би напишал роман?

Не би напишал роман, зошто да трошам енергија залудно кога знам дека ќе испадне лошо. Како вели Андриќ, дури и лош роман да напишеш е многу тешко.

 

16. На народот му треба повеќе...

Излегува дека многумина би се одлучиле за парите, тие изгледа ќе ги направат најсреќни. И да, би сакале да убиваат и да измачуваат, тоа исто би ги усреќило и тоа многу.

 

17. Што би променил во градот во кој живееш?

Да можам би побегнал, не би менувал ништо, не ни може нешто да се промени.

 

18. Која е моментално најдосадната работа на светот?

Типови како Louise Ciccone и Lady Gaga.

 

19. Македонија е...

Моја татковина која јас, и покрај сè, сè уште ја сакам.

Klati i trkalaj e stvarno

Klati i trkalaj e stvarno najdobriot mak rnr album na site vreminja!!! Obavezna muzicka lektira.

ОкоБоли главаВицФото