Контрасти

27.03.2012 12:54
Контрасти

Додека во центарот на Скопје масовно се гради и се создава лажен сјај (кој, по неколку години неодржување ќе избледе, како и сè останато), додека се трошат неверојатни суми за изградба на споменици и триумфални порти, на само два километри оттаму, во Клиничкиот центар (посебно Детската клиника) се соочуваме со вистинската и грда слика на нашата реалност.

Таа реалност ја живеат многу граѓани не само на овој град туку и на оваа земја. Овие слики се само уште една потврда дека народните пари залудно се фрлени за еден монструозен, неодржлив и залуден проект, додека оние установи, на кои им се најпотребни, оставени се самите на себе и, како исход на тоа, пропаѓаат.

Ниеден лажен сјај не може да ја замени реалната беда.

ОкоБоли главаВицФото