Чудотворството на „Свети Никола“

18.04.2012 08:00
Чудотворството на „Свети Никола“

Еден пијан свештеник бил запрен од полицаец поради пребрзо возење. Откако помирисал алкохол во џипот и здогледал едно отворено шише вино, полицаецот прашал: „Оче, знам дека е слава, ама да не сте се напиле малку повеќе вино?“ Отецот смирено му одговорил: “Не чедо, само вода пиев“. „Е, зошто тогаш оче, целиот џип ти мириса на вино?“ – продолжил полицаецот, погледнувајќи кон отвореното шише. Отецот погледнал изненадено кон шишето, па восхитено извикал: „Слава ти Боже што пак направи чудо, претворајќи ја водата во македонско вино!“ Ваистина, едно чудо политички чуда се случија во Македонија летото Господово 2008. Првото чудо беше претворањето на Букурешкиот пораз (голата вода) во славна победа (македонско вино). Ем се вративме како победници од Букурешт, ем целото јато на НАТО застана зад Грција! Негираа дека заминале со компромисно име. Негираа дека отишле со лажна надеж дека измамникот Буш ќе нè прошверцува.

Второто чудо беше претворањето на изборниот дебакл во победа за Македонија! Нашите политички чудотворци нè убедуваа дека изборите не се предвремени, туку навремени. Нè убедуваа дека изборите нема да ги забават, туку ќе ги забрзаат евроинтегративните процеси. Потоа се обидоа и да нè убедат дека изборите не биле партиска „касапана“, туку цели „98 или 99 проценти“ фер и слободни. Третото ланско чудо беше претворањето на негативниот извештај на ЕУ во извештај за „остварување“ и „прогрес“. Нашиот политички месија обнароди дека „ги исполнивме осумте одредници онака како што се бараше од нас“, посочувајќи ја Грција како дежурен виновник за сите наши проблеми. Неговите конзервативни апостоли негираа дека катастрофалните избори биле причина за уште едно повторување на годината поради единицата по демократија.

Но, одбранбените механизми може само да ја одложат болката, непријатноста и неизбежното соочување со проблемите. Кога-тогаш со политичките проблеми ќе мора да се соочиме, оти тие нема да снебидат со никакво чудо! Нема туку-така да исчезне условената покана зад која застанаа сите земји-членки на НАТО, па и нашите сојузници САД. Останува проблемот што имаме мал демократски капацитет да организираме слободни и фер избори, што нашите партии немаат елементарна демократска култура на дијалог и комуникација. И оние „репери“ што не ги исполнивме ќе си останат неисполнети, а ќе си добиваме и нови за да ги надоместиме демократските штети што секојдневно ги прават нашите политички чудотворци.

Сепак, најголемото современо чудо не е претворањето на водата во македонско вино. (Според Евангелието на кибернаутите, чудотворецот Чак Норис истото вино го претворил во македонско пиво, по што сè станува возможно, па и решавањето на спорот со Грција). Најголемото македонско чудо е што наместо да се обединиме како европски и граѓански Македонци, почнавме да се делиме како библиски Македонци, антички Македоноиди, како Дарданци или, пак, потомци на „Славе Македонски“ од раниот неолит. Ако Владата успее да го убеди мнозинството дека се потомци на библиските и/или античките Македонци, со тоа само ќе ја докаже тезата на најголемите негирачи на нашата посебност - кои нè негираат како парче глина што секој може да го обликува како ќе посака.

Опијанети од библиското античко-македонско вино, нашите политички чудотворци одамна ја преминаа дозволената брзина, прво на аеродромот, а сега и на автопатот Александар Македонски. Фали уште Аце наш, голем маж, да го зајава Букефал среде Скопје, за Грците да си го докомплетираат хашкото досие за македонското прекршување на Привремената спогодба. Залудно потоа нашите политички „попови“ ќе им објаснуваат на сообраќајците од ЕУ дека не пиеле античко вино, туку само изворска вода, кога веднаш ги издава ем здивот ем мегарската чаша со шеснаесткракото сонце од спотот „Македонија вечна“. Ете уште едно чудо. Досега беше само глупоста вечна. Спотот ја направи и „Македонија вечна“, промовирајќи нè како домаќини што ги дочекуваме туристите со замавнат боздоган наместо со лепче и солца.

Џабе изгледа народот вели: „Секое чудо за три дни“. Три дни по три дни, се сторија безмалку три години политичко чудотворење. Ете, и во 2009 најчитана политичка сликовница е „Македонија во земјата на чудата“. По критиките дека агресивните кампањи на Владата негативно влијаат врз слободата на медиумите, Владата ќе го решава проблемот со нова кампања за слободата на медиумите?! „Не станува збор за кампања, туку за презентирање јавна политика“, одрече вицепремиерот, и веднаш се повика на десетици светски кампањи. Баш ме интересира дали ќе се презентира и јавната политика на жигосување на аналитичарите на неповолниот извештај од Брисел, кога премиерот одрече: „во заклучоците нема ниту збор за изборните инциденти“.

Одрекувањето е сила. Себеодрекувањето е моќ. И во претстојнава кампања ќе се изнагледаме многу (себе)одрекувања и многу „преображенија“. Чудата се повторно на цена и на сцена, зашто само чудо може да ја спаси Македонија од сопствените чудотворци. Ако нè убедат дека поранешни министри, актуелни партиски советници, па дури и поранешни претседатели на партии се „натпартиски кандидати“, тогаш може да нè убедат и дека античката „гола вода“ може да се преобрази во „европско“ вино на 99,102 отсто фер и слободни избори. Но, како завршува македонската верзија на почетниот виц? Оптимистите тврдат дека полицаецот не верувал во чуда, па му ја одзел возачката на пијаниот поп. Евроскептиците се убедени дека не се работи за виц, туку за вистинска приказна: пијаниот отец спокојно продолжил да јури со џипот, а полицаецот се просветил откако пивнал од македонското пиво, дал оставка и решил да се замонаши.

Извор: Дневник, 03.02.2009 (објавено под насловот Себеодрекување)

Слики: Ben Heine

Жарко, повеќе пари ке

Жарко, повеќе пари ке направиш ако почнеш да бараш пари за да не пишуваш веке. Ме поду. Напиши сметка , веднаш ти префлрувам пари.

A kolku pari plakjaat od

A kolku pari plakjaat od DPMNE za sekoj klevetnicki komentar na OKNO?

Не беше тоа погоре клевета,

Не беше тоа погоре клевета, тоа беше молба. Клевета ке беше ако кажев дека на Жарко полесно му е да пишува против неграѓанскиот концепт на Александар Македонски и чудата на МПЦ отколку за сепаратистичкиот и терористичкиот напад од страна на разноразните Илириди и слично. Клевета ке беше ако кажев дека Жарко е типичен пример на петта колона, платен да не боде отпозади додека граѓаните се на штрек и во исчекување. Платен да го погани тоа што единствено може да ги обедини народот Македонски под едно знаме, МПЦ и Александар Македонски. (читај христијани и Македонско име). Тогаш ке беше клевета. Мегутоа јас тоа не го кажав. Побарав само ако му е до пари да му платам за да не не мачи и нас и себе. Затоа што мислам дека во основа е добар човек само многу наивен.

Хашкиот суд се изјасни за

Хашкиот суд се изјасни за докомплетираното хашко досие на Македонија.

Толку од Жаре Нострадамус.

А бе Жарко, почнаа да ти ги

А бе Жарко, почнаа да ти ги кријат колумните. Што стана со колумната "Конструкција на реконструкција" од 20 Април 2012. Бетер сте од Стаљинистичка Русија. И Гебелс и Стаљин може вода да ви носат. И од вас ке дочекаме Демократија. Лузери.

ОкоБоли главаВицФото