Црвената роза на љубовта

12.08.2009 10:14
Jarkevic_01.jpg


Никогаш не сум очекувал дека, дури и во најтешките мигови, мене и на курето ќе ни треба уште некој. Па, ние двајцата живеевме толку добро! Но, во последно време, курето беше постојано напнато, стегите очигледно му пречеа, јас морав да се советувам дали да го обрежам – дали ќе го боли, дали е можно тоа да се изведе?

Во октомври курето божем се смири, но веќе во ноември стана потполно непредвидлив и почна да мрзне. Не можев да поверувам. Но, курето си продолжи да мрзне. Тој месец, со никого се нема случено ништо слично, уште повеќе што беше првата декада, пред опелото. „Значи, курето ми е сè уште живо, – си мислев, – и тоа си го бара своето: Бакнежи и нежни допири“. Со курето секогаш сме биле паритетни, јас се бавев со мои работи, тој со свои, но секако, јас не сакав да го напуштам во време на неволји.

Со што може курето да се спореди: Кузмин пишуваше дека тоа личи на инка, па и другите нешто пишувале; не можеш да одиш против Кузмин, голем е човекот и може скапо да те чини; само што, кој не ризикува тој не се грижи за курето; мене ми се чини дека курето најмногу потсетува на дигалка со врзани две вреќи компири.

Се обидував некако да го забавувам курето. Го носев со себе во библиотека, заедно сме биле да го гледаме Бергман, на меѓународна изложба книги. Неколкупати сум го поканил на концерт. Рахмањинов и слични работи... Само, на курето секаде му беше здодевно и тој очајнички мрзнеше.

Лекарот сексопатолог, Узбек по потекло, долго го гмечеше курето божем меси тесто, и постојано го тегнеше нагоре. Узбеците многу сакаат тестенини! „Тежок случај! Вам ви треба...“ и тој смолкна, зажмурен, задоволен од себеси. Докторе, било што само не тоа, зарем најобична вагина?! „Токму така, – ми климна тој со главата и ме погледна со сочувство и благодарност, – само напред“!

Вагина, да; само, каде да ја најдам ако по сето останато советско најмногу се плашам токму од советските жени – тие ми изгледаат како офицери и ми се одбивни.

Ноќе, курето ми направи белја, го измачка чаршафот и потоа цело утро ме гледаше со виновен поглед, само што не сум го искарал, онака лесно – колку да се рече, затоа што самиот негов изглед будеше сочувство во мене.

Го понудив со вотка и да посетиме некоја галерија. Курето никако не реагираше, само што се сокри.

Наредната ноќ курето плачеше, потоа повторно направи белја, така што на чаршафот и на перницата никна прекрасен цвет.

Решив да го запознам курето со современата литература, за барем малку да го забавам. Наглас почнавме да го читаме познатиот роман на Владимиров „Верниот Руслан“, едното од најсветлите дела на социјалистичкиот реализам во последниве стотина и педесет години.

Темната егзистенција во логорот е прикажана низ очите на песот што ја чува едната од пенитенцијарните установи, расфрлани насекаде по бесконечниот Сибир. Стрелања, глад, комарци, и како последица на сето тоа – нејасен тажен крај; писателот не е оракул, му објаснив на курето, тој само поставува прашања.

Курето ме гледаше со недоумица. „Навистина, – си помислив, – што има да си го мачи главчето, зарем му треба целиот тој Сибир?“

Но, јас не се предавав и ние се зафативме со романот на Војнович „Иван Чонкин“, едното од најистакнатите дела на социјалистичкиот реализам во последниве стотина години.

Писателот остро и сочно ја отсликува апсурноста и бескорисноста на нашиот живот под Сталин. Во неколку наврати дејствието нагазува на гомно, а потоа гомното влегува во дејствието и претставува фундамент за неколку сцени. Авторот, му реков јас на будалестото курче, е сатиричар и затоа никако не може да помине без гомно.

Курето затажи и се сврте настрана.

Добро, тогаш сум му го прочитал романот на Аксјонов „Изгореница“, едното од најсилните дела на социјалистичкиот реализам за последниве седумдесет и пет години. Сета ноќ ние се занимававме со претерување во руското бунило. Во експресивен и машки манир, авторот ја опишува лагата и тагата на нашиот живот под Брежњев. Посебно за курето, јас посебно ги истакнував зборовите кур и пичка, што често се среќаваа во текстот. Чудно е, но курето сосема рамнодушно ги беше доживеало и едниот и другиот збор, макар што му велев – гледај, куре, еве кур, тоа е за тебе, а ова е пичка, иако практично и тоа е за тебе.

Но курето не ми поверува и се сокри за сите години од нашиот заеднички соживот го немам видено толку кутар.

И тогаш мавнав по него со романот на Саша Соколов „Школо за будали“, едно од најинтересните дела на социјалистичкиот реализам за последниве педесет години.

Во интересна поетска форма, во облик на поток на свест, авторот го прикажува местото каде што се наоѓа училиште за ненормални деца, самото училиште, како и учителите и учениците на тоа училиште. Романот има мошне префинета работа на јазикот, игра на фрази и изрази, неочекувани пресврти во сижето, а едното од децата час се раздвојува, час не се раздвојува, потоа пак се раздвојува, има слободен лет на фантазијата, или накусо, има многу нешта!

Курето заспа, почна да рчи, потоа повторно направи белја. „Вистинска цвеќарница, – јас веќе не му се лутев на курето, толку мало, дури ниту за колку да се рече, – има да се обогатам!“ Курето сосема ми падна, некои два дена воопшто не можеше да се види.

Конечно, тој се појави и ме гледаше со презир и тага. Божем е моја вина, што современата литература не може да го разоноди и развесели курето!

Јас имав уште еден ас во ракавот, дневниот печат, и јас побрзав да го искористам надевајќи се дека неговите колосални можности ќе му донесат макар минимално задоволство на мојот паразит; а за некаква си наслада не можев ниту да мечтаам.

Левиот печат беше под власта на шизофренијата (деведесет и осум проценти), и безизлезност, апатија и омилии за останатите проценти. „Зарем сè е толку лошо? – извика курето кога му прочитав за економијата. Јас се насмеав, – зарем е тоа лошо, куре, сум те разгалил, јас тебе, драги мој, не сум те терал да мочаш на ладно, кога течноста во лет се претвара во светкав ѕвонлив мраз. „Вистина ли е дека пред револуцијата било подобро?“ – не престануваше курето. „Не знам, – му одговорив, – а тебе, куре, не сакам да те лажам, само ете, твојот проблем би можеле да го решиме за две рубли во најблиската уличка“.

Курето липаше. Потоа тоа почна да чита научна фантастика, да размислува за временска машина. Си набави касичка и постепено почна да ја збира потребната сума пари.

Набргу курето ми побара десничарски печат. Јас му најдов; запаливме светло, се наместивме. Десничарскиот печат се состоее од шизофренија (деведесет и осум проценти) и распаѓање на личноста, апатија и незгасливи идеали за останатите проценти. Курето беше погодено од фактот дека месијанството зеде толкав замав, како и од многу други нешта, што мене веќе одамна престанаа да ме чудат. „Тие се загрижени за истите нешта за кои што сум загрижен и јас, – моето невино куре донесе сосема неочекуван заклучок откако сум му го прочитал сиот печат што сме го имале, – заедно ќе отпатуваме во временската машина во уличката, каде што сите проблеми се решаваат со две рубли“.

Не, куре, со нив никаде нема да одиш! Не плаши се, нема да те препуштам на волците на детерминизмот!

Курето беше во длабока прострација. Значи, единственото нешто што би можело да го спаси овој несреќен сопатник е влажното дупче на вагината; се чини дека е вистинска ситница, но за тоа, според правилата, потребна е жена, а моите односи со жените не беа најдобри, но сепак, заради курчето бев спремен на сè! Затоа што бев виновен пред него, силно виновен: Сум ја изумил неговата природна потреба.

Првото на што помислив беше свадба.

Њекрасов, мојот Њекрасов, се беше оженил со проститутка и, како што смета најголемиот дел од истражувачи, бил задоволен. Аполон Григорјев, јак фраер, исто така бил женет со проститутка и, велат, исто така бил задоволен. Зарем јас и курчето сме подобри од нив?

Да се женам или не, тоа е рускиот пат што води кон среќа, во било која од варијантите. Пушкин бил женет и бил среќен. Љермонтов не бил женет и исто така бил среќен. Толстој бил женет и бил многу среќен. Гогољ не би женет и исто така бил многу среќен.

Не, сепак, женидбата како таква не е за обични смртници, мене и на курето ни треба нешто овоземно, или поконкретно, ни треба обична жена.

Се решив! Нека биде жена! Но, за солзите на моето курче да бидат избришани не од жена ми, туку од обична жена, ми требаат пари и тоа добри пари. Сепак, што се парите, за таква работа ништо нема да жалам, ќе си ја распродадам библиотеката, нема повеќе да одам да го гледам Бергман, нека оди у курац, само курето да ми е здраво!

Бидејќи не бев во состојба нешто да преземам, морав на сите редум да им раскажувам дека сум го подзаборавил курчето, дека ниту литературата, ниту печатот не помогнаа, а огласи за курчиња не примаат и молам, повторувам, не заради мене туку заради моето курче, зошто сите можат, а тоа не може? Конечно, мене ме одведоа кај човек што ги знаеше тие нешта.

„Отвори го“, ми рече човекот што ги знаеше тие нешта откако ние тројцата се изназборувавме до несвест. Курчето беше преплашено од туѓинецот и не сакаше да излезе. Сепак, со маки сум го извадил.

„Тоа е сè?“, човекот одмавна со главата и со одбивност го погали. „Каков е, таков е“, застанав во одбрана на курчето, што сето трепереше. „Што знае тој да прави?“, се заинтересира човекот. „Кажи му нешто, или отпеј му нешто“, му напомнав на курчето, но денес тоа секако не беше во форма.

Човекот долго време размислуваше. „Во ред, – воздивна, – имам една вагина за него“. Курето од радост излезе речиси сиот, со што доби неопходни размери. „Ете! – се насмевна човекот, – Така треба!“ Каква вагина? Германка?

Човекот лесно го тропна курето по чело и му даде телефонски број.

Курето се заинати, посака исклучиво вагина Германка, затоа што еднаш сум му покажал германско порно списание и курето помисли дека Германките се страствени и знаат сè. Јас то пратив у курац снобовското куре, нека е среќен дека има било што!

Сето тоа беше за Свети Никола зимски, што е добра работа, секако ќе ми се посреќи. Гласот и` беше топол, само, бојата на гласот не ми сакаше ништо добро. Морав детално да објаснам, кој сум и од каде ми е бројот. „Добро, – бргу се согласи таа, – макар што сега не е сезона, имам време, дојдете, ќе ви помогнам“. Јас се навредив: Па не е до мене, за мене е најбитно да му се помогне на моето куре!

„Само задолжително, – неочекувано додаде таа, – донесете ми рози“. Се разбира дека заради курето бев готов на сè, но, зошто рози?

„Па зарем не памтите, – затрепери нејзиниот глас, – љубовта како црвена роза цути во мојата градина...“ Ах, таа пишува поезија! Сè досега, без оглед на сè, луѓето кои што пишуваат поезија во мене предизвикуваа чувство на искрено восхитување.

„Не, - рече таа со растреперен глас, – тоа е Бернс“. „Кој се усра? – јас не сум ја чул најдобор; ох, тие одвратни микрофони!“

Таа ми го спелува по букви: будала, елка, Рамзес, нарцис, стока. „Кажете ми дали вие, извинете ме, дали вашето курче има некои особини?“ „Какви особини, ако тој ниту на литературни современици не ми се дига!“ – не издржав. Нејзе и` падна слушалката, потоа таа долго ми објаснуваше дека не била спремна за такво нешто, но сеедно, заврши таа, дојдете! Ќе дојдеме!

По пат, јас и курчето си пеевме „Вагина девојче, китка шарена“

Јас пушев пред нејзината врата, не осмелувајќи се да заѕвонам на ѕвончето. Од скалилата во влезот се отвараше поглед кон зимскиот двор: Лесен снег, стари возила, декемвриски грижи, Нова Година се ближи; не – пејзажите се за пичкољупци, а ние со курето си имама работа!

Таа нè пречека облечена, но во наметка. Се ракувавме, потоа таа долго време бараше папучи за мене, но сепак морав да останам по чорапи.

Таа донесе вотка, ние наздравивме за нашето членче, се напивме и јас почнав да зборувам. За Свети Никола, исповедувањето е традиција на московските кујни, така што јас и` раскажав како сум сакал да станам професионален спортист, како сум бил болен од заушки, а потоа кажував за себе и за курчето „ние“, подразбирајќи го притоа не само нашето долгогодишно филолошко сродство, туку и творечката соработка. „А што е со мојот непристоен предлог? – јас конечно се сетив кој сум и каде сум дошол, – ќе го учиме курето или нема?“ Таа нè покани во собата и почна споро да се соблекува.

Каква фигура имаше? Иста како и сите други советски жени.

Очи? Без дно. Како небото над Берлин. Или над Париз, или како провалија во Уралските планини.

Јас му помогнав на курето да се слече, а тоа радосно и со сигурност гледаше по страните (одамна не сум го почувствувал толку мобилен); таа неколкупати го сврте курето околу оската, му ја продемонстрира големата, јасно исцртана вагина, курето беше спремно, и тогаш, таа му се сврте со увото!

„Заборавив да ве предупредам, – таа мило се насмевна, – но јас можам само ваму“. Знаев дека ќе ми се случи некаква гадост!

„Ајде, – му шепнав на курето, – немој да ме оставиш на цедило, ако е уво нека е уво, која е разликата, на крајот на краиштата“, но обесхрабреното куре потполно се изгуби и се сокри.

Јас апсолутно бев согласен со него, од каде пак, за првпат и во уво, не е убаво да им се смееш на дилетантите!

„Можеби, - се обидов да ја спасам ситуацијата – денес ќе може онака како што е, како што е нормално, бидејќи тој сè уште не знае, а веќе утре, како ќе сакате, во задник, во нога, само ајде денес нормално да биде!“ Таа не сакаше да попушти и искрено ми призна дека се плаши, бидејќи ако курето не се дига ниту за современа литература, таа не ќе може ништо да стори со него.

„Те молам! – го молев курето, – дигни се, заради мене, заради Бернс!“ Не, сепак, и Бернс и оној човкот кој што сè знаеше се потполни патлаци, каква ти љубов? Од каде роза? Зошто градина? И кој каде цути ако ние со курето, како двајца Бернсовци, стоиме пред увото и не знаеме што да правиме? Што во сето тоа е црвено, розата или љубовта?

Во меѓувреме, курето изврши подвиг. Тој успеа да влезе во увото и да сврши таму! Нашата чест беше спасена.

Со неа се збогувавме како добри пријатели. На улицата немаше жива душа, само млад цајкан се вртеше покрај светлото на влезот до амбасадата. Како и секогаш, мирисаше на инфлација, арско ѓубре и државен удар. Но, веќе не се плашев за курето. После случката со увото, тој не би требало да има проблеми во овој прекрасен и жесток свет.

Превод: Павел Попов

Слики: Кеј О’Брајан