Оланд под баражeн оган

30.04.2012 10:45
Оланд под баражeн оган

Le Figaro: „На Саркози му е потребен нов почеток и тоа, пред сè, обраќање на избирачите на Марин Ле Пен, бидејќи таа не се изјасни кому ќе му пружи поддршка во вториот круг, со што сноси голема одговорност ако победи Оланд. Мнозинството нејзини избирачи во вториот круг немаат друг избор освен да гласаат за Саркози за да ја спречат победата на Оланд. Време е Саркози да ги најде вистинските зборови за повторно да ги убеди и обедини Французите за да го спречат влезот на левицата во Елисејската палата.“

La Croix: „Изгледа дека Оланд ќе победи во вториот круг, но ако знаеме каков борец е Саркози, тешко е да замислиме дека ќе се предаде без грчевита борба. Постои опасност обајцата кандидати да направат сојузи со екстремната десница (Саркози) или со екстремната левица (Оланд). Новиот претседател на 6 мај ќе мора конечно да ја каже вистината за тоа како има намера да се бори против невработеноста, како ќе ги намали долговите и ќе го поттикне растот.

The Times: „Дали новата креатура на европската политика ’Мерканд’ или ’Франгел’ ќе го издржи испитот на финансискиот пазар, константирајќи дека пред неа стојат големи структурални проблеми со кои мора да се соочи, проблеми за кои се чини да ’Меркози’ има решение.“

Kurier: „Фактот дека Марин Ле Пен освои 18% од гласовите секако не е поволен сигнал за Саркози, бидејќи овие избирачи се сметаат за негови најголеми противници, иако тој за време на целата кампања се обидуваше да ги придобие со екстремно десна реторика. Оланд, кој досега профитираше од презаситеноста од Саркози, ќе мора повеќе да се ескпонира, што сигурно тешко ќе му падне.“

Spiegel Online: Овие избори се референдум за Саркози, бидејќи многу Французи сметаат дека живеат полошо отколку во 2007 година. Затоа на Оланд му се исплати неговата тивка, а многумина би рекле и досадна кампања, во која не сакаше да се впушти во директен дуел со Саркози, туку повеќе да се претстави како сериозен, прагматичен и сочувствителен политичар: ’нормален човек’, а изгледа дека многу избирачи му поверуваа.“

Financial Times Deutschland: „Пресудата која Французите ја изрекоа во првиот круг на изборите не може повеќе да биде поразувачка. Пораката гласи: ќе го отстраниме Саркози без оглед што доаѓа после него. Со тоа се испишува нова страница во историјата, бидејќи сега во зрелите демократии секогаш се гласало за нешто, а сега се гласа против. Колку мораш да бидеш лош за да те победи Оланд кој никого не може да заинтересира и кој постојано се крие.“

Die Zeit: „Ако Оланд победи во вториот круг, недовербата кон еврото уште повеќе ќе порасне“, вели Роџер Петерс, аналитичар на пазарот при Close Brothers Seydler. Директорот на работодавците од Институтот за германска економија (Instituts der Deutschen Wirtschaft) смета дека сите предизборни ветувања на Оланд се обични глупости: „Пазарот на капитал брзо ќе ги казни Французите повеќе отколку кога беше избран Митеран (тогаш настапи крах на париската берза). Просторот за маневрирање спротивно од економската логика денес е далеку помал отколку пред 30 години.“

Le Monde Diplomatique: „Сегашниот министер за финансии на Франција Бароан предупреди: ’Да се биде против финансискиот систем и да му се поставува било какво ограничување’, а премиерот Фијон додаде: ’Програмата на Оланд најпрвин би требало да ја одобри Standard & Poor.’ Во согласност со ова, во интервјуто кое неодамна го даде за Wall Street Journal, Марио Драги, поранешен претседател на Goldman Saks и сегашен претседател на Европската централна банка, изјави: ’Времињата во кои Европејците беа доволно богати за да можат да си дозволат да плаќаат некој кој не работи се минато.’“

Холандскиот министер за финансии, Јан Кес де Јагер, му порача на Оланд: „Нема нови преговори, но ако Оланд сака да спроведе реформи во поглед на либерализацијата на пазарот на труд и државни услуги, ја има нашата потполна поддршка.“ Иако Оланд го поддржа Сигмар Габриел од SDP, Пер Штајнбрук, кој важи за најверојатен кандидат на SDP на парламентарните избори во Германија 2013, рече дека изјавите на Оланд за новите преговори се „наивни“. Од оваа, но и од разни изјави на претседателот на Европската комисија Баросо и шефовите на другите земји членки, може да се заклучи дека на Оланд ќе му биде особено тешко да имплементира што било од своите предизборни ветувања.“

Извори: Die Zeit, TAZ

ОкоБоли главаВицФото