„Нормализација“ и „Преродба“

14.05.2012 14:20
„Нормализација“ и „Преродба“

Годинава се одбележува триесет и петтата годишнина од Повелбата 77, славниот текст на група чехословачки интелектуалци кои се бореа против тиранијата на режимот. Повелбата (Harta) беше „слободно, неформално, отворено заедништво на луѓе со различни убедувања и професии, кои се поврзани со спремноста за индивидуално и заедничко дејствување во корист на почитувањето на граѓанските права“. Основниот документ на којшто се повикуваше текстот на Повелбата беше Специјалниот закон за граѓански права, донесен 1976 година, откако една година претходно во Хелсинки советскиот блок се обврзал дека ќе ги почитува усвоените принципи за граѓански права. Авторите и потписниците на Повелбата докажуваа дека сето она што е напишано во Специјалниот закон, во практиката и во животот грубо се крши, дека правото на говор е апсолутна илузија, дека на десетици илјади граѓани им е оневозможено да работат во своите струки, дека граѓаните немаат право да излезат од Чехословачка, дека половина милион интелектуалци избегале во егзил итн.

Првите гласноговорници на Повелбата беа Јиржи Хаек, шефот на Министерството за надворешни работи во периодот на Прашката пролет во 1968 година, Вацлав Хавел и Јан Паточка, кој набрзо починал, по низата долготрајни сослушувања во службите за безбедност. Неколку дена пред смртта големиот европски филозоф Паточка напишал: „Мнозина ме прашуваат дали Повелбата 77 ќе ја слоши состојбата во нашето општество? Отворено ќе им одговорам: ниедно подаништво не водело кон подобрување, туку само кон влошување на состојбата. Колку се поголеми стравот и сервилноста, толку повеќе моќниците си дозволуваат и ќе си дозволуваат. Не постои друг начин тој притисок да се намали освен да им се предизвика чувството на несигурност, кога ќе видат дека неправдата и дискриминацијата не се заборавени, дека над сè водата не се затвора“. Во записите објавени по смртта Паточка вели: „Луѓето денес одново знаат дека постојат нешта поради кои вреди да се трпи. А нештата поради кои евентуално трпиме, токму се оние поради кои вреди да се живее.“

Подоцна својот познат есеј „За моќта на немоќните“ Хавел ќе му го посвети на Јан Паточка, повикувајќи се на неговите тези: „Најпосле вистината треба да се каже гласно и заеднички – без оглед на кои било санкции што ќе уследат, без оглед на несигурноста на надежта дека тој чин во предвидливи времиња ќе донесе опиплив резултат“.

Состојбата во Република Македонија денес, за жал, потсетува на состојбата во Чехословачка 1977 година. Нивната „нормализација“ (како што го нарекувале времето по советската интервенција 1968 година) кај нас денес се нарекува преродба. И трае веќе шест години. Заедничко за „нормализацијата“ и „преродбата“ е што обете означуваат „општествен пад во морална провалија“, како што прецизно се изрази еден чешки публицист.

Кои се најголемите сличности меѓу „нормализацијата“ и „преродбата“? Расчекорот помеѓу декларираните права и реалните права е најголемата сличност. Во Македонија во 2012 сè е под контрола на една партија, исто како во Чехословачка 1977 година. Дури, што е познато во сите тоталитаризми, единствената партија се прогласува за движење и претставник на целокупното општество, небаре отелотворение на народната волја.

Цинизмот на владетелите е друга голема сличност. Во сосема руиниран демократски и економски амбиент власта, на пример, ги мотивира младите луѓе да бидат креативни и да инвестираат, иако се поголеми шансите да се добие на лото отколку да се види аир од чесна инвестиција во груевистичко опкружување. Во Македонија, значи, не боли толку што владетелите неумерено крадат (т.е. „градат“), туку што згора на крадењето ги убедуваат граѓаните дека сето тоа го прават за општествена полза. Споменици, мостови, антички згради што чинат повеќе стотици милиони евра ѝ требаат на македонската раса, а не да се наполнат џебовите на неколкумина мафијаши. При здрави очи клептократската камарила нè убедува дека сето тоа го прави за „народно добро“, а не за да ја зацврсне власта. Исто така во корист на најдревната македонска раса лажливата власт ја фалсификува македонската историја и патем на еден гебелсовски начин го уништува „дегенерираното“ модернистичко наследство. Но, намерите се добри, така велат. Ним модернизмот им е грд и застарен, а барокот нов и прекрасен. Патем, за вкусовите не се расправа, вели власта.

Притоа над целиот пејзаж се наднесува тешкиот црн чад на стравот – заедничкиот покрив во времето на „нормализацијата“ и времето на „преродбата“. За тој страв Вацлав Хавел му пишувал на Густав Хусак, новиот челник на чехословачката Комунистичка партија: „Со Чехословачка владее стравот. А стравот, резултат на полициската семоќ, ги раѓа дволичноста и конформизмот, егоизмот и кариеризмот, корозијата на сите морални норми. Стравот ѝ е потребен на власта за во земјата да владее мир. И владее: мирот на костурницата.“ Но, Хавел го предупредил диктаторот: „Под лушпата на неподвижноста тече невидливо поточе, полека и незабележливо плакнејќи ја лушпата. Може да потрае долго, но еден ден мора да се случи. Лушпата ќе пукне.“

Едно делче од друго славно писмо на Хавел кон Александар Дубчек (водачот на КП на Чехословачка за време на Прашката пролет) може да биде мошне инструктивно и за денешните македонски политичари, особено оние во опозицијата: „Ако го одбереш патот на вистината, луѓето ќе разберат дека идеалите и моралниот ’рбет секогаш мораат да се зачуваат. Понекогаш постојат моменти кога политичарот може да постигне вистински политички успех само тогаш кога ќе ја заборави испреплетената мрежа на политички односи, анализи и калкулации и едноставно ќе почне да се однесува како чесен човек. Обичните човечки мерила во еден дехуманизиран свет можат да делуваат како молња која со ненадејниот јасен блесок ја осветлува мрачната краина.“

Колажи: Свирачиња

Се надевам дека ќе се

Се надевам дека ќе се остварат зборовите на Линколн дека:
"You can fool some of the people all of the time, and all of the people some of the time, but you can not fool all of the people all of the time."

Во еден текст објавен на

Во еден текст објавен на сајтов, патем преземен од автор кој не дал согласност за тоа, прочитав:
„...мотивиран од мизантропија, обземен од омраза толку многу што имплодира, пеколна мешавина од сите можни предрасуди на светов, го напаѓаат тении и красти...“

Е описов многу ме потсеќа на Никола Гелевски и неговата ептен-омраза спрема Груевски.

Ќе си пукнеш бре чоек, поарно оди искрено љуби го Бранко отколку да си имплодираш од омразата спрема Никола :)

Куре на мама, чуј: за романот

Куре на мама, чуј: за романот „Ѓубре“ на Ирвин Велш, со фрагмент претставен на Окно, книгоиздателството Или-Или најрегуларно ги плати авторските права за Македонија. А Окно, пак, најрегуларно доби право од Или-Или да објави фрагмент од романот. Така што, Куре на мама, бутни си го главчето во маминиот скут и проплачи си таму зашто никој не ја респектира величината на Куре на мама.

Коља, само курови ти се

Коља, само курови ти се гледаат. Извади ги малку од уста.

Top kolumna! Respekt!

Top kolumna! Respekt!

Kolja pa ti ne si svesen kako

Kolja pa ti ne si svesen kako bese dobro u Praga 77.

"Ако го одбереш патот на

"Ако го одбереш патот на вистината, луѓето ќе разберат дека идеалите и моралниот ’рбет секогаш мораат да се зачуваат. "

Се е кажано. И за името , и за историските идеали. Споредбата со Хавел повеке доликува на односот Европска Заедница, Нато кон Македонија одколку односот кој авторот погоре се обидува да го наметне.

А за ВМРО , не ми е јасно како авторот си замислува дека Груевски и компанија ке бидат во состојба да киднат негде ако стварно направиле таков криминал со спомениците. Цело време се обидувам да ве наведам да размислувате во услови на новите технолошки времиња, меѓутоа тоа е без никаков ефект. Наместо толку празни дискусии , се што треба опозицијата да направи да повика преставници од италијанската ливница пред парламентна комисија, да ги сослуша, да ги повика авторите на делата, да ги сослуша под заклетва и да ги чека своите 5 минути, со изјавите на учесниците в рака или на Youtube. Тоа што никој не го направил тоа до сега, доведува до заклучок дека опозицијата не ја интересира вистината или пак им недостига морална сила поради минатите гревови.

Меглена, споменикот Воинот на

Меглена, споменикот Воинот на коњ чини десет милиони евра. Четирите лава на Гоце Делчев два и пол милиони. Двата коњаника пред Камениот мост речиси два милиони евра. Триумфалната порта чини четири милиони. Само за тие четири апсурдни проекти официјално се потрошени речиси 20 милиони евра.
За споредба, споменикот на Скендербег пред стоковната куќа Илинден чинеше 70 илјади евра, во што е пресметан и хонорарот за авторот.
Секој уметник што барем малку се разбира во професијата знае дека сумите, особено на почетокот на СК014, беа пумпани и до десет пати над реалните цени... Рецесијата малку ги намали профитите на мафијашите од Фамилијата, но штетноста на проектот (дури и да ја занемариме неверојатната кражба) има историски димензии...

Не тропај бе.Такво

Не тропај бе.Такво испрашување имавме во случајот со урнатиот комлекс на Цаноски. Скаш да кажеш дека институциите работат тука? Баш за нешто слично се зборува тука.

Е моја Магдалена

Е моја Магдалена грешнице...па зар тоа не треба да го направи антикорупцијската или обвинителството, ово последното на основа-допрен глас...Алфа тв се отепа докажувајки дека споменикот на Аце е преплатен- и што? Абе за тоа збори Коља...дека се стават под контрола сите институции во државата за да нема контрола...а што се однесува до парламентарните комисии, дај молим те, не си играј со нашата интелигеција, се виде како помина Тито Петковски....тоа ти е тоталитаризам..навидум ги имаш сите алати за контрола на власта ама превентивно ти ги вржуват рацете за да не можеш да ги користиш тие алати..

Се сеќавам на времето на

Се сеќавам на времето на СДСМ, освен огромната афера Бачило (поради што, во голема мера, и падна владата на Бучковски) која чинеше околу седумсто илјади евра (махинации со плац во центар), како многу сомнителен тендер се сметаше оној за новата зграда на Судот. Биле употребени некакви скапи плочи за фасадата, цигла боја, и за тоа министерот за правда тогаш беше строен пред медиумите со месеци. Зашто купил поскапа фасада кога можел поевтина... Такви зделки денес под груевизмот се прават на дневна основа, а медиумите не ни стигаат да ги забележат криминалите на власта под еден милион евра... Безначајни се.

Хрватска има околу десет пати

Хрватска има околу десет пати поголем бруто општествен производ од Македонија. Тамошниот буџет исто така е неспоредливо поголем од нашиот. И таму криминалот на Санадер и злогласната Фими медиа изнесувал само неколку милиони евра. И за тие неколку милиони евра Санадер се смета за највалканиот политичар во овој дел на Европа. А замислете го Црни Грујо?! Низ Република, Сител, Канал 5, МРТВ и многу други агенции и медиуми беа испрани повеќе десетици милиони евра. Самиот Рамковски, пред да го уапсат, зборуваше за своите милонски дилови со Груевски, тогаш кога биле во љубов... И никој кај нас не е загрижен за ништо. Каков страшен лопов бил Санадер а па па...

Коља, ова sugar daddy Владе

Коља, ова sugar daddy Владе ти раскажуваше за Прага од неговата младост што ја шетал по фармерки?

Поточно се работи за периодот

Поточно се работи за периодот кога Владе невладин ја трпел најголемата репресија од УДБА. Фармерките беа неподносливо тесни, подоцна разбра дека му биле подметнати од УДБА со надеж дека таквите фармерки ќе предизвикаат стерилност.

Ха ха, Коља спонзоруша!

Ха ха, Коља спонзоруша!

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски
Став
Став

ОкоБоли главаВицФото