Блефирање – излегувањето на Грција од еврозоната

23.05.2012 10:27
Блефирање – излегувањето на Грција од еврозоната

Во многу земји од Европа гласачите решија: курсот заснован само на мерките на штедење пропадна. Сега ова мора да се прифати и да се започнат макотрпните преговори кои би можеле да доведат до необични спогодби. Грција мора да се подготви за секакво сценарио. Мораме да испитаме дали има вистина во заканите и уцените од обете страни.

Точка еден. Грција не може да опстане сама. Без помошта на ЕУ и ММФ набрзо ќе ѝ снемаат пари за плата на државните чиновници и увоз на неопходните потрепштини од странство, на прво место нафта и храна.

Точка два. По реструктуирањето на долговите, половина од грчките државни договори во овој миг се наоѓаат кај ЕУ и ММФ. Кога Грција би престанала со отплата, ние, даночните обврзници на Европа, би морале да ги покриеме загубите (во висина од 1.000 евра по глава на жител).

Точка три. Враќањето на драхмата е фантазија привлечна само за лошо информираните американски економисти. Неодамна беше објавена студија, нарачана од владата на Јоргос Папандреу, која објансува дека дури и стопанските гранки кои на Грција ѝ носат најмногу приходи, како што трговската морнарица и туризмот, малку ќе заработат од новата девалвирана валута.

Точка четири. Споредната штета која евентуалниот банкрот на Грција би ја предизвикал во другите земји – не сметајќи го само престанокот на отплата на долговите – е навистина непозната. Првин неизбежно би пораснале каматите на германските обврзници. Последиците сигурно не би биле исти за сите: најтешко би биле погодени слабите земји како Шпанија и Португалија, а нешто помалку Германија.

Не постои јасен одговор на прашањето кое го поставија министрите на Евро групата на состанокот од 14 мај во Брисел: Дали треба и понатаму да ѝ помагаме на Грција или треба да ја оставиме да пропадне? На прв поглед изгледа – макар од аголот на Италија – дека солидарноста е поевтина одошто откажувањето на помошта. Но, ако погледнеме понатаму во иднината, може да се каже дека несанираната Грција би била камен околу вратот на цела ЕУ.

Овде се испреплетуваат две политички кризи. Од една страна, кризата на процесот на одлучување во самата ЕУ, а од друга, внатрешната криза во Грција. Крајно време е рационално да ги разгледаме алтернативите.

Во Атина се распаѓа политичкиот систем. Мораме да се прашаме дали поразот на досега двете водечки партии – Нова демократија и ПАСОК – е резултат на прекратките рокови за намалување на задолженоста поставени од страна на ЕУ или нееднаквата и неправедна распределба на товарот на донесените мерки, при што моќниците останаа поштедени.

Европа бараше пократки рокови од ММФ затоа што не им верува ни на политичарите ни на владите, а денес повеќе не им се верува ни на гласачите, кои сè повеќе се вртат кон политичарите од новите партии кои им сервираат една лага по друга, како што е онаа дека другите земји можат да се уценуваат со тоа дека грчкото излегување од еврозоната ќе ги повлече во амбис и останатите, во случај да не го одврзат кесето.

За да ги разбијат овие илузии, Германија и другите земји од еврозоната мораат јасно да кажат дека таквите уцени не носат никаква корист. Нема да дозволиме да нè повлечат во амбис. Картите мора да се стават на маса. Сето тоа мора да се каже за да им се помогне на другите земји, ако во Грција се формира влада која сака да се впушти во ризични авантури.

Во спротивно, да ѝ се каже на Грција дека „е препуштена сама на себе“ останува блеф – во кој пазарите се веќе склони да поверуваат.

Извор: La Stampa

Карикатура: Паоло Ломбардини

Значи стварно ако им успеат

Значи стварно ако им успеат на грчишчава две уцени истовремено, една кон нас, една кон еврото, треба да си ги гризнеме јајцата.

Ај да сме живи здрави, да се

Ај да сме живи здрави, да се врати златен Бранко на власт и да видат малце аир од нас Грците.
Долу Македонија, да живеат СДСМ и Грција!

Три уцени, и Кипар го протнаа

Три уцени, и Кипар го протнаа во ЕУ без решение и без обединување.

ОкоБоли главаВицФото