Авионско прскање против опозицијата

07.06.2012 15:43
Авионско прскање против опозицијата

За претстојниот викенд во периодот од 00:01 до 23:59 часот на територијата на цела Македонија ќе се врши авионска деопозицисекција против сите припадници на опозицијата.

Од Владата информираат дека е планирано да се изврши и теренска деопозицисекција од 11 до 15 јуни во периодот од 00:01 до 23:59 часот.

Доколку временските услови не го овозможуваат вршењето на аеросолната деопозицисекција, авиодеопозицисекцијата ќе се изврши во истиот термин, следниот викенд, кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и теренската деопозицисекција.

Владата упати апел до сите приврзаници навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите семејства.