Од Калигари до Хитлер

19.06.2012 11:27
Од Калигари до Хитлер

Зашеметените поединци и маси изложени на теророт на пропагандата сјајно се прикажани во неколку филмски ремек-дела на германскиот експресионизам од дваесеттите и триесеттите години на ХХ век. Клучно дело во тој период несомнено е „Кабинетот на доктор Калигари“ (1920), филмот на Роберт Вине кој на парадигматичен начин ја придвижи темата за поврзаноста меѓу тиранијата и хипнозата. Од тој мрачен спој се раѓа принудата на послушност во која десетина години подоцна ќе потоне речиси целата германска нација. Главен лик во филмот е докторот Калигари кој води двоен живот; истовремено е директор на заводот за ментално болни и магичен хипнотизер кој на панаѓурите настапува со послушниот сомнамбул Чезаре. Токму послушниот Чезаре во рацете на демонскиот Калигари станува орудие на злосторството.

Суштината на филмот ја фаќа суштината на историскиот миг на тогашните Германци: дали со помош на хипноза може да се управува со луѓето? Дали човек може да се сведе на безволна човечка кукла лишена од сопственото јас? Дали можеме да ѝ се спротиставиме на магичната власт на мајсторот хипнотизер? Дали диктатурата е само хипноза и трик или се потребни соодветни психолошки и општествени предуслови? Таа психолошка проблематика на удвоена личност, едновремено садистичка и мазохистичка, која ем тежнее кон власта ем сака да ѝ се покори, личност која понижува и која е понижена, зборува многу за политичката атмосфера во тогашна Германија. Симбол на таа подвоена личност станува Адолф Хитлер, прототипот на авторитарниот карактер. Тој „вдахновен водач“, истовремено жртва и џелат, слуга и диктатор, станува германски идол. Роже Кајоа во една студија за харизматската власт тој тип на „вдахновен водач“ го дефинира како мешавина од сомнамбулизам, хипноза, вртоглавица и екстаза. Лик во кој се вкрстуваат митологијата и психологијата на толпата. Хитлер, кого го сметале за „резонатор на колективната германска душа“, во неколку наврати докажувал дека со прецизност на месечар ќе чекори по својот пат.

Исто толку славни како и „Доктор Калигари“ се и серијата филмови за доктор Мабузе, од Фриц Ланг. Доктор Мабузе на сличен начин ги хипнотизира своите жртви. Власта и хипнозата уште еднаш неразделно се поврзуваат. Во 1943 година Ланг го коментира својот филм од 1932 година, „Тестаментот на доктор Мабузе“, како „алегорија која го претставуваше хитлеровскиот механизам на теророт“. Најславниот филм на Ланг од тој период сепак е „М како убиец“ од 1931 година. Главниот лик во филмот е едновремено малограѓанин и злосторник. Фатен, тој зборува за себе: „Нешто секогаш ме принудува да кружам низ улиците и некој секогаш оди по мене. Тоа сум јас. Понекогаш чувствувам дека тоа јас одам зад себе, но не можам да побегнам... Сакам да побегнам, морам да бегам... Секогаш ме гонат фантоми... ако тоа не го направам. А потоа стоејќи крај столбот за објавување, читам што сум направил. Дали тоа јас сум го направил? Но, јас за тоа ништо не знам. Го мразам тоа... морам... да мразам, морам – не можам веќе...“

Но, пропагандата (или хипнозата) врз луѓето некогаш се одвива на речиси бениген или невидлив начин. Пример за тоа е славното нацистичко списание „Сигнал“. Дури и во броевите од 1944 година во списанието не се зборувало за политика, војна, идеологија, крајно решение, победа или пораз... Во прв план била промоцијата на вредностите, важноста на индивидуалната иницијатива, рекламите за чорапи и парфеми... Во еден број на списанието објавен е дури и текст за пацифизмот на Ганди, преполн со восхит!

Слично искуство, за „нормалноста на фашизмот“, ни пренесува и Пјер Паоло Пазолини, кој во младоста бил активен член на фашистичката универзитетска организација. Пазолини не го доживеал фашизмот како тотална мобилизација и политизација, туку како тотална деполитизација и како застрашувачки налет на нормалноста. Подоцна, се разбира, големиот уметник се згрозувал над тоа што фашизмот го доживеал како подразбирачка нормалност. Тоа младешко искуство толку влијаело на Пазолини што тој до крајот на животот доцната капиталистичка нормалност во која живеел ја гледал како нов фашизам/нацизам. Во текстот „Крајот на авангардата“ од 1966 година Пазолини поставува мошне непријатно прашање: „Но, дали можеме да говориме за преродба на нацизмот? Дали нацизмот кога било умрел? Зарем не бевме глупаци ако поверувавме дека тој бил само една епизода? Зарем токму нацизмот не ја дефинираше ’нормалната’ ситна буржоазија?“

Во една студија објавена 1930 година теоретичарот на филмот Зигфрид Кракауер укажува на изразените чиновнички претензии на повеќето германски службеници, чиишто економски и општествен статус всушност се граничел со статусот на работникот, или дури бил понизок од него. Иако тие луѓе од пониската средна класа веќе не можеле да се надеваат на граѓанската безбедност, тие ги презирале пореалистичките идеали и сосема им се препуштиле на халуцинациите на националсоцијализмот, губејќи го своето упориште во стварноста. Последица на тоа била менталната беспомошност; тие упорно останувале во некаков вид вакуум кој ја засилувал нивната психолошка тврдокорност. Однесувањето на таквите малограѓани било посебно зачудувачко. Ситните трговци и занаетчии биле толку незадоволни што не се ни обидувале да најдат поразумни решенија за себе и за својата класа. Наместо да разберат дека во нивен практичен интерес е да застанат на страната на демократијата, тие попрво, слично како и службениците, ги слушале нацистичките ветувања. Според Кракауер, нивното препуштање на нацистите било засновано врз емоционални опсесии попрво отколку на некое разумно согледување на фактите.

Лесно се препознава главната теза на мојот текст: груевизмот во кој живее современиот Македонец е своевиден сомнамбулизам. Главен актер и жртва на политичката „хипноза“ е осиромашената (мало)граѓанска класа која сè потешко живее, но која не сака да се соочи со манипулациите на водачот. Во тој отровен облак од лаги, пропаганда и халуцинации веќе шест години се заробени многу граѓани. Малограѓанштината (сеирот, кичот, помпезноста, просташтвото поврзано со ароганција и насилство) се претвори во главна културна матрица и на владеачката класа. А „вдахновениот водач“ (познат и по своите противречни, но обединувачки имиња, Златниот-Црниот и Малиот-Големиот) стана токму слика и прилика на подвоено „отелотворување на нацијата“: тој истовремено е злосторник и жртва, мал онеправдан Македонец и водач на сите обесправени Македонци. Неговата психолошка структура која настојува да ја олицетвори психологијата на целата нација е предвидлива до баналност (заради тоа и посегам по сосема јасните и истражените матрици за психопатологијата на фашизмот втемелен во авторитарната, садомазохистичка личност): садизмот на тиранинот потекнува токму од неговиот комплекс на пониска вредност. Македонците и во социјализмот, како задоцнета нација, го имаа комплексот на пониска вредност, но никогаш како сега тој комплекс не бил олку разуларен, деструктивен и тоталитарен.

(Груевизмот со амбициозноста на своите бескрајни проекти наликува на gesamtkunstwerk – тотално уметничко дело. Сè треба радикално да се промени: идентитетот на граѓаните, нивната историја, нивните вредности, архитектурата, уметноста, имињата на улиците... Поимот gesamtkunstwerk, сеопфатното уметничко дело, најмногу е афирмиран од уште еден предвесник на фашизмот, композиторот Ричард Вагнер. Во текстот „Уметничкото дело на иднината“ (1849) Вагнер констатира: „Ниедна поединечна уметност денес не може да открие нешто ново, што важи не само за ликовната уметност, туку, во подеднаква мера, и за уметноста на танцот, инструменталната музика и книжевното творештво. Сите тие уметности веќе ги развиле своите највисоки способности за во сеопфатното уметничко дело, во драмата, да можат и понатаму да откриваат, но не поединечно и по себе, туку само во рамките на претставувањето на животот, тој секогаш нов предмет“. Се разбира, тоталното уметничко дело на Груевски е едно од најгрдите дела во целокупната историја на цивилизацијата, ретко споредливо дури и со најголемите културни кошмари на одредени диктатори. Но, тоа дело, преродбеничкиот gesamtkunstwerk, политичката драма на која 24/7 е изложен современиот Македонец, своевидната мешавина од пропаганда, хипноза и дресура, сепак произлегува од романтичните визии на Вагнер и од потребата по нови култови и митологии.)

На крајот, зошто за политиката зборувам со јазикот на психологијата и уметноста која ги лови темните петна на свеста? Најпрвин, зашто на сличен начин за подемот на фашизмот зборува и теоретичарот на филмот Зигфрид Кракауер, чија книга „Од Калигари до Хитлер“ ми беше извор за некои од референците во текстов. Второ и поважно, разградбата на политичките системи доведува до распаѓање на психолошките системи, вели Кракауер. Нашиот политички систем е сосема уништен. И она малку институционален поредок што го градевме (или што го наследивме) од 1991 година навака – сега е наполно разграден и во делови предаден на управение на единствениот политички, културен, морален итн. арбитар во општеството – партијата втемелена во волјата на водачот.

Што ни преостанува? Партизанскиот словенечки поет Матеј Бор вака им кажа на окупаторите: Сакавте да нè претворите во кучиња, но ние станавме волци. Или, поинаку, со славниот тешко преведлив стих: Previharimo viharje, prepošastimo pošast.

Фотографиите се од филмот Das Cabinet des Dr. Caligari (1920)

Гелевски, а во што се

Гелевски, а во што се разликуваш ти од Чезаре - послушниот мајмун за кого си напишал погоре? Зарем ти не си хипнотизиран од Црвенковски/СДСМ? Не верувам дека некогаш ќе се ослободиш од матрицата на размислување која ти е наметната од СДСМ и ја прифаќаш како ТВОЈА, без ни најмалку да се посомневаш во независноста/слободата на твоето размислување. Слично на Героски, ги прифаќаш тезите за кои треба да пишуваш и се убедуваш себеси дека се лично ТВОИ :)

Спомна некаков „Сигнал“. Во што се разликува „окно“ од нацистичкиот „Сигнал“? Велиш дека било крајно апсурдно тоа што во Сигнал објавувале текстови за Ганди, слобода, уметност и напредок од една страна, а од друга страна истиот весник бил само медиум за ширење пропаганда на одредена политичка партија. Не би рекол дека окно е сличен на Сигнал, затоа што не е САМО сличен туку е РЕЧИСИ ист. Го делат потполно истиот концепт - медиум објавува текстови со слободарска форма, но со поробувачки цели - ширење најобична пропаганда од СДСМ.

Никогаш нема да се ослободи оној кој не е свесен дека е поробен.

Ништо не си разбрал, не

Ништо не си разбрал, не пишувај глупости; тука е нашата мака со комуникацијата, се обидувам неколку пати да направам ексцентричен влез во одреден систем при што би се ретардирал, намерно, за да се приспособам на соодветна мисла која има некаква смисла, но тоа изгледа залудно, така што комуникација е мртва.

Писателите би требало да реферираат на феномени кои можат да ги разберат или кои ги насетуваат, но ги истражуваат, не им се поклонуваат, карикираат, радикално редефинираат и портретираат, но.. за тој субсет од одвоено поврзни индивидуалци кои реципрочно соработуваат, постојат клучни условувања, како на пример, "групна селекција", која ни се случува сега; еден ужасно мрачен пат до релативна селекција која го става секој писател/ка да не се однесува индивидуално во рамки на групата (за тоа пишува меѓу другото коља) за да го зголеми својот клиентелистички, кој е меѓу друго и ексклузивен како опонент на инклузивниот ментален склоп, како своја состојба.

Групна селекција е термин кој е скован за да ги задоволи потребите на трибални, партиски, религиозни, нации итн. и други форми на широки семејства кои меѓусебе се синхронизираат за да ја зачуваат добробитта на пошироката "биткултура", статус квото, но има други состојби кои не се однесуваат на "групата", на пример заканата на племето кон индивидуите во општ смисол, па од тука субверзивното како дел од групата, итн. Мислам дека губам време со тебе..

Ееее, јас ти пишувам убаво и

Ееее, јас ти пишувам убаво и гледам да ми се кратки и јасни речениците за да ме разбереш, а ти пробуваш да ме збуниш со долги и напумпани зборореди што ме потсеќаат на фрчко :)
Не си фер Коле, Пензионерот така ли ве учеше?

Мислам дека не си ни прочитал што ти напишав погоре.
Затоа, ќе ти ја вратам реченицата со која го почнуваш одговорот:
„Ништо не си разбрал, не пишувај глупости“

Сполај ти, ама не побарав да ми објасниш како го поимаш изразот „групна селекција“.

Не ми се верува дека секоја

Не ми се верува дека секоја критика на Груевски и ДПМНЕ се „поништува“ со Бранко Црвенковски и СДСМ. Се кладам дека на партиските состаноци кога Груевски ќе прдне сите со насмевка ќе речат дека „на Бранко повеќе му смрди прдешката“. И после тоа волшебно смрдеата е неважна, важно е дека на Бранко повеќе му смрди.

И некој во тоа верува, маѓепсан или не, не е ни важно.

Previharimo viharje,

Previharimo viharje, prepošastimo pošast.
Еве еден малку послободен превод, можеби инспириран од Калигари:
Да ги разбуричкаме бурите, да го надчудиме чудовиштето!

Шест години челично ги држат

Шест години челично ги држат сите конци на моќта. Птица не може да прелета надвор од кафезот Македонија. И шест години со невидени пропагандни средства (претпоставките се дека само за пропаганда досега се потрошени околу една милијарда евра!) не’ убедуваат дека „Евреите“ (СДСМ, Сорос, Грците, домашните предавници итн.) се криви за се’.
Гелевски е еден од ретките што беспрекорно ги фаќа културно-историските аналогии. За штапските полуписмени пропагандни војничиња со испрани мозоци четивата на Гелевски се опасни како чудното светкање што допира од ковчежето на славниот ноар филм Kiss Me Deadly: не ги разбираат, не можат да „влезат внатре“, но знаат дека таму има нешто страшно и опасно. Страшно и опасно за нивната (фашистоидна) визија за Македонија, која е чиста лага и манипулација. Затоа Гелевски, принесувачот на огледалото, е неподнослив за груевци.

Не ласкај си, авторе :) На

Не ласкај си, авторе :)

На „штапските полуписмени“ не им пречиш, за нив си безопасен.
Но нам, сите кои не сме членови на партија и не пишуваме коментари од штабот затоа што така ни наредиле, ни пречиш затоа што ни ја навредуваш интелигенцијата.

Член на партија, пишува за непартизираност.
Партиски полтрон на Црвенковски, плука по „полтроните на Грујо“.
Пишува партиски текстови, на партиски финансиран сајт, со цел ширење партиска пропаганда, и си замислува дека е некаков просветител! :))
Ти признавам, ги знаеш сите букви освен една.
Затоа ти признавам, ти си штапски писмен! :)

Имаме КУКЛА. МК ја крие

Имаме КУКЛА. МК ја крие куклата во шифоњер и излегува од соба. Доаѓа некоја будала која ја прати ситуацијата од страна, ја зема куклата и ја фрла низ окно/прозор. Прашањето е: каде ќе си ја побараш "идеологијата/куклата" кога сетингот веќе е променет, по враќањето?
Одговорот: ќе одиш да ја бараш куклата на местото каде што си ја оставил, според тоа, можно ли е фигура која стои на страна да имa различно убедување од реалноста, од твоето верување и што со тоа, бидејќи очигледно нам ни е јасно кој ја зел куклата? Прашај се.. дали можеш да имаш убедување различно од стварноста?

Да, можно е да имаш убедување

Да, можно е да имаш убедување дека стварноста е инаква затоа што тоа е и значењето на зборот „убедување“, ама ај да не почнувам многу за таа работа...
Она што ти би требало да се запрашаш - е истото :)

Дали е можно ти да имаш туѓа идеја во твојата глава, (убедување наметнато од некој, пропаганда која ти фатила длабок корен), која ја препознаваш како своја?
Мислам дека тоа и е случајот со тебе, дури таа идеја која тебе ти е всадена со силна пропаганда има склоност да се шири и во други глави, глави на оние кои ги голтаат твоите искрено напишани текстови (сеуште претпоставувам дека веруваш во она што го пишуваш).
Ако ова не е вистина, тогаш идеите изнесени во твоиве текстови не соодветствуваат со твоето размислување, т.е. намерно изнесуваш мислење кое не е твое - но со цел да го прошириш (или со други зборови „да шириш пропаганда“).

За тебе е идеална

За тебе е идеална стратегијата на слободен стрелец, јебач, незадоволен од идејата за реципрочен алтруизам кој како и непотизмот не се води од знаење туку од можност, а тоа значи дека ти ќе добиеш некакви услуги, кои може да ти бидат вратени, но и не мора, иако тоа тебе не те интересира, нели, ти јебеш, или пак цинично пресметуваш што има за тебе тука; ниту ја прифаќаш комплетно идејата како твое јавно придонесување (еве тука ти, маскиран, нели), прифаќајки ја бледо идејата дека нешто сепак добиваш во таквото пукање во празно, годишна дивиденда, дали преку фамилијарни проекции како непотизам, проекти или индиректно задоволување на страста; тоа што фашизмот го содржи во себе, елементот на заведување, тоа го знаеш, да бидеш но и да не бидеш дел од фашистичката секвенца филм, од друга страна, либидото ја отфрла наметнатоста, ти си отфрлил нешто, но сепак продолжуваш со рундите бокс и трчање во рингот, додека не те некаутира некој ко мене.
Но, слободното возење, кое тебе ти е очигледно познато, порано или подоцна ќе те превземе како вител, каде ќе излезеш, веројатно ќе се освестиш.

долвно е

Оној „малку институционален

Оној „малку институционален поредок“ што демек сме го наследиле после 1991ва беше уништен од власта која практично не се ни симна од престолот по осамостојувањето. Да ги потсетам сите кои заборавиле, првиот премиер беше тазе демократот кој сеуште смрдеше на комуњарство (лажен комунизам) - Црвенковски. Гадот и денес не мириса поинаку.

Не жалете по Тито и Југославија. Не бидете како Пазолини и не верувајте дека во Југославија имало некаква слобода. Оние кои живееле во Југославија имале можност да видат како навистина изгледа да се живее во диктаторски систем - една партија, еден водач, една слика на водачот под која сите мораме да се смееме дури и кога ни се плаче.
Ако некој спомне виц за Натчовекот Тито Севселенски - оди в затвор. Ете тоа е ДИКТАТУРА.

Ми остави впечатокот тезата

Ми остави впечатокот тезата за малограѓаните (службениците, декласираната средна класа) како база-сунѓер што ги вшмукува пропагандните халуцинации на власта:

Иако тие луѓе од пониската средна класа веќе не можеле да се надеваат на граѓанската безбедност, тие ги презирале пореалистичките идеали и сосема им се препуштиле на халуцинациите на националсоцијализмот, губејќи го своето упориште во стварноста. Последица на тоа била менталната беспомошност; тие упорно останувале во некаков вид вакуум кој ја засилувал нивната психолошка тврдокорност. Однесувањето на таквите малограѓани било посебно зачудувачко. Ситните трговци и занаетчии биле толку незадоволни што не се ни обидувале да најдат поразумни решенија за себе и за својата класа. Наместо да разберат дека во нивен практичен интерес е да застанат на страната на демократијата, тие попрво, слично како и службениците, ги слушале нацистичките ветувања.

груевизмот во кој живее современиот Македонец е своевиден сомнамбулизам. Главен актер и жртва на политичката „хипноза“ е осиромашената (мало)граѓанска класа која сè потешко живее, но која не сака да се соочи со манипулациите на водачот. Во тој отровен облак од лаги, пропаганда и халуцинации веќе шест години се заробени многу граѓани. Малограѓанштината (сеирот, кичот, помпезноста, просташтвото поврзано со ароганција и насилство) се претвори во главна културна матрица и на владеачката класа.

Не сум знаел дека Хитлер бил

Не сум знаел дека Хитлер бил во опозиција додека ги ебел Германците, а потоа и цела Европа. Значи како може да те просветлат штапскиве мислители.

Бидејќи дел пропагандните

Бидејќи дел пропагандните столбови на груевизмот се очигледни ретарди (Бичиклиски, Димовски, Николовски, на пример; да не зборувам за коментаторските хорди од центарот за контаминација со будалаштини), најпословичната операција што ја прават (толку им сече умот) е замената на тези: „Не, не сум јас фашист, ти си фашист; не, груевизмот не е пропаганда (туку е народна вистина), а пропаганда е критиката на груевизмот.
Како човек да се расправа со таков тип имбецили?! Заради тоа сосема е оправдан крајот на Гелевски: сакавте да ме претворите во куче, а јас се претворив во волк! Одмаздата ќе биде начинот да им се соопшти вистината на груевистичките чудовишта!

Поздрав до „Малку

Поздрав до „Малку институционалниот поредок“, кој не може да се помири со фактот дека оставија неиспиена уште малку од крвта на народот и што за жал веќе никогаш нема да ја пијат.

Освен овој дел, останатиот текст Кољчо, за чудо, ти е на место...

А Сос-катапултирачу, нафрланиот твој „интелектуализам“, кој си го заработил во камповите на Сорос, чувај си го за во крстозбор, помина времето кога го плашевте човекот со зборови кои не ги разбира...

Би те претресол умствено со

Би те претресол умствено со линија прашања додека се занимаваш со "ужасното мачно секојдневие", нели ;), па доаѓаш во потрага по само-ослободување, некој елкисир кој повторно ќе те замае, очигледно е нарушување во развојната компонента од некаков тип, па повторно се враќаме на групата, не те ни констатирам, де-конст., ти заправо немаш ама буквално никаква, не дај боже корисна или едукативна улога у ова твое себе-пајташење преку повлекување линии, разградување и просто симплифицирање. Штом дојдовме до овој СОС, еве уште едно летање, кољче-мољче.. молец..

Гелевски, добра ти е

Гелевски, добра ти е колумнава, само незнам дали ти навистина си ги гледал овие филмови или пак нешто си препишал:):) Ја критикуваш власта неколку години (со споредби со фашизам и тоталитарно владеење), ама никако да се позанимаваш со тоа која ни е другата опција, односно кои други и како (на кои начини) би го подобриле животот на граѓаните во оваа земја. Овие не ги бива,се согласуваме во тоа и еднаш ќе треба да си заминат, но кој би ги наследил? Ако е само гола борба за власт без вистинска желба да им се помогне на луѓето, тогаш зошто би ги менувале овие, ако промената значи да дојде некој ист како нив? Само ќе се променат тендерите и распределбата на парите, а се друго би останало исто.

Е со ова ќе мора посериозно

Е со ова ќе мора посериозно да се занимаваме, ама не со прашања од типот „Па Бранко ли да се врати“, „Па, кој да дојде“ и слично. Не затоа што сакам Бранко да се врати, од мал сум по улици се до 98, кога брзо сфатив дека нема да потече мед млеко кога ќе се смени власта. Од тогаш бев политички потполно индиферентен и разочаран, се до пред некое време. Тогаш станав потполно разочаран и гневен и сфатив дека пристапот сите се исти веќе не функционира. Затоа што не се, едноставно не се. Овие се НАЈЛОШИ. И првото нешто што ќе мора да го направи новата власт е да ги ослободи стегите и да спроведе детаљна истрага за сите малверзации во овие 6 години. Е затоа треба некој без багаж, некој подготвен утре кога ќе падне од власт истите методи да се применат и врз неговите и едноставно да воспоставиме систем дека злоупотребата на власта ЌЕ СЕ КАЗНУВА. Кога-тогаш, ама ќе се казнува. ДПМНЕ пропушти тоа да го направи, иначе сега ќе имавме друга структура во СДСМ, но прашање ќе беше дали ДПМНЕ вака ќе се однесуваше кога ќе знаеше дека тоа што го прави ќе биде казнето. Во таа смисла, доколку идната власт не ја расчисти ситуацијата, џабе победила на избори. Она што е важно е дека тогаш тоа не треба да се гледа како реваншизам, туку како поставување систем за политичка одговорност на властодршците, систем кој ќе функционира по секоја промена на власта. Ако не можат да го сфатат системот на одговорности, ќе мора да го сфатат системот на казни. Е тогаш ќе почне и животот да се нормализира.

По стоти пат за фактите: 1.

По стоти пат за фактите:
1. Не сум член на СДСМ. Член сум на Советот за култура на СДСМ, а тоа е повеќе експертско отколку партиско тело (зашто голем дел од членовите не се и партиски членови).
2. Денар не сум добил за Окно не само од СДСМ, туку и од кој било друг. На Окно волонтирам три и пол години. Единствен финансиер на Окно е ФООМ (Сорос Македонија), а во просек изминативе три и пол години за Окно од таму сме добивале бруто околу 70.000 денари месечно.
3. Пропагандата ми е одбивна. Се трудам да понудам естетски, теориски, културни и историски аргументи за своите ставови.
4. Политиката е фасцинантна човекова дејност, иако е застрашувачки компромитирана низ историјата. Поучен од Хана Арент, сметам дека аполитичноста или, уште полошо, демонизирањето на политиката, не е соодветен граѓански одговор на политичкиот или партискиот терор.
5. Сметам дека од демонизирањето на политиката корист имаат само постојните партиски елити и еднаш воспоставениот општествен поредок. Погледнете со која лудачка страст груевизмот го демонизира Бранко Црвенковски и СДСМ. Која е тука логиката?!
6. Груевизмот го сметам за исклучително зло и најголема регресија на македонската политика во последниве 70-80 години. Јасно беше дека после Туѓман и Милошевиќ и Македонија вообичаено задоцнето ќе го добие своето лидерче, но не беше јасна формата на нашиот националист-популист. Со оглед дека сум „човек од културата“ мене особено ме згрози манипулацијата на груевизмот со културата, идентитетот и историјата. Затоа, можеби и заради „професионалната деформираност“, груевизмот го сметам за најголемо зло.
7. Со оглед дека груевизмот го сметам за неспоредливо најголема пречка за развојот на македонската држава (па и македонската нација), борбата против груевизмот ја сметам за највисока граѓанска, морална, па, ако сакате, и патриотска задача.
Никола Гелевски, главен уредник на Окно

1. Член на Советот за култура

1. Член на Советот за култура на СДСМ. А не си член :)))

2. Добиваш пари од Сорос Македонија за сајтов, исто како што добиваш за другите пропагандни услуги кои им ги даваш (пропагандни трибини низ Македонија, присуство и агитирање за митинзи и сл.). Тоа не е волонтирање.

3. Како тогаш успеваш да не повратиш после секое јадење, кога твојата работа, воглавно, е ширење пропаганда?

4. Точно, затоа што си член на СДСМ.

5. Види 4

6. И мене ме згрозуваат обидите однадвор за менипулација со историјата. Затоа ми се одбивни луѓето како тебе кои, свесно или несвесно, одработуваат во корист на оние кои отворено манипулираат со нашата историја и култура.

7. Види 4

еден читател на окно кој НЕ добива пари (ниту било што за возврат) за овие коментари, за разлика од Гелевски кој волонтира и истовремено добива 1000+евра месечно за окно.

Една обична будала у

Една обична будала у согласнос СОС европските директиви. Го пратиме твојот развој Илија Димовски, растеш обратнопропорционално од клучната фрактална равенка, како ли не пресметавме дека процесот ќе се искомплицира, ех.

Добра е оваа паравест, да си

Добра е оваа паравест, да си ебе векот!

Институтот за мерење на ветер и магла (ИМВМ) во периодот од 15-17 јуни спроведе телефонска анкета меѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ за рејтинзите на политичките партии и лидери во Република Македонија.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.666 вмровци, репрезентативен за Македонија.

Во процесот на истражувањето запазени се партиските карактеристики и специфики на вмровците (како што се етничката структура, старосна група, образование, степен на ретардација и пол). Маргиналната (статистичка) грешка за податоците изнесува ±0,1%.

Резултатите од анкетата покажуват дека највисок рејтинг меѓу вмровските гласачи има ВМРО-ДПМНЕ со 99.9%, потоа следува СДСМ со 0.1%, додека помалите партии воопшто не котираат во свеста на обичниот симпатизер на владејачката партија.

Исто така, запрашани за кој политички лидер би гласале доколку уште утре се одржат избори, 99,9% од анкетираните вмровски симпатизери се определиле за Никола Груевски, додека само 0,1 процент од нив изјавиле дека ќе гласаат за Бранко Црвенковски.

Понатаму, дури 66,33% од приврзаниците на владејачката партија не знаат за кој лидер би се одлучиле во случај Груевски да избега од земјава со вреќи полни со пари, додека 33,77% од нив изјавиле оти и тие ќе го следат неговиот пример.

Од Институтот за мерење на ветер и магла како интересен податок го посочуваат фактот дека меѓу симпатизерите на владејачката партија не постојат неутрално определени членови.

Ако некој го гази Македонецот

Ако некој го гази Македонецот си чизма по фаца, тој ќе чека да дојде некој друг со нов предлог (на пример, со предлог газењето да биде со апостолка или адидас папуча) наместо рефлексно да се обиде да се одбрани од газењето во било која варијанта. Притоа нели, газачот ќе се изненади кога од газениот ќе испадне "кубурата за црни денови".

Некој погоре напиша дека

Некој погоре напиша дека груевизмот досега за агитација и пропаганда (агитпроп) потрошил околу една милијарда евра. Таа цифра ми изгледа реална, особено ако кон неа го приброиме и лудачкиот проект Скопје 2014 (досега се отидени околу 300 милиони евра, а ништо не е завршено, освен идиотските споменици).
За 2000 дена власт, значи, груевизмот потрошил 1000 милиони евра само за пропаганда. Дневно - по 500.000 илјади евра! И тоа - народни пари! Исцедени од даноци...
И после Сорос бил крив, СДСМ, грчките платеници итн.
На ден по пола милион евра, еј! За Латас, Јанко, Димовски, Протуѓер, агенции, телевизии, портали, споменици...
А Окно било пропаганда... И Окно било непријател...

Што ни преостанува?

Што ни преостанува? Партизанскиот словенечки поет Матеј Бор вака им кажа на окупаторите: Сакавте да нè претворите во кучиња, но ние станавме волци. Или, поинаку, со славниот тешко преведлив стих: Previharimo viharje, prepošastimo pošast.

Дали ова само мене ми се чини или Николче повикува на револуција ;-) Секако, диктатура на малцинството врз мнозинтвото, ако си ја заборавил и таа пост-НОБобска кованка.

Благодарам што ме потсети на Матеј Бор, и слава му на бога што моите деца не мораат да го читаат за лектира како јас што ги читав Бор, Назор, и Мате Ловрак со глупиот Возот В Снег. Слава му на бога што моите деца пораснаа на Џемс Џојс, Мајстор и Маргарита итд.

Да се прашуваше тогаш Бане, да не излезевме ние студентите на улици за независна Македонија уште ќе го читаа Мате Ловрек, или подобро кажано, аномимуси во светски рамки како Милорад Павиќ или не дај боже, Данило Киш.

Толку за твојот изгледа сеуште жив комплекс, од кој сите се имаат ослободено освен неколкумина. Но вие ќе станете волци, ај ај, и ќе ни кажеле нас тогаш кој е власт. Биче реда и рада богами. Ќе лечите комплекси. И како? Пфреку барање нов Белград, или Брисел, да чекате нарешења одозго, и да ја билувате простата маса што не ја разбира светоста на "нареѓењата".

Не знам од која матрица ги вадите споредбите со Хитлер, освен од оправдување зошто луѓето не ве гласаат вас а другите, разбирам, човечки е да се бараат оправдувања.

Но не сум видел тенкови на границите кон соседите, малцинствата се интегрирани во власта никој не ги убива. Секој може да пишува и кажува што сака.

Мислам малку размислете и споредете пред да правите паралели од кои професионално и морално ќе се срамите,некогаш. Фашизмот е премногу сериозна работа за секојдневна банална спрдачина со него.

И доста е, добра ноќ, а јас да си одам, а не дај боже не-фажизоидните волци да ме изедат ;-)

За твојот статус во МК не

За твојот статус во МК не може да спориме во никава смисла, никој ове не те познава, за твоите деца уште помалку, ти очигледно си бил дискриминиран по линија на класна подреденост како и вербата во бог, а тука расата доминира на останатото пишување, како да имаш некаква феминистичка интуиција, како историски "опресирани" класи изгледа се секогаш посвесни за динамиките на моќ, поради тоа што не припаѓале на доминантната интелектуална група, да не одиме синдикати, образование или книжевни линии како на пример пристап до книги или читање во библиотеки, ти тврдиш дека тие книги биле забранети?, ох, така искуствено, да не одиме со философски термини, да не биде премногу, имаш искуствена привилегија да ни кажеш каде си бил повреден и што ти било супресирано, искажи се, денес и педерите слободно говорат камо ли ваква стара одрта будала на која синовите и ќерките му го читале џојс јеботе. Провери си ги искуствата, старо-аро.

Оооо, каков стил, а и шмек, а

Оооо, каков стил, а и шмек, а и шарм на не-фашистичките волци ;-) Кои утре живи луѓе ќе јадат ;-) Нема да се спуштам секако на ниво на новите надвор-Бриселољубци а дома-камшикари на се што мисли различно од нив (како на пример педери, одрти будали, старо аро, а богами и феминисти ;-).

Истата комунистичка ментална матрица, понизно кон Белград, Брисел во стил кажете ми што е партиската линија денес, за да го шибам простото стадо дома и да лечам комплекси. И изгледа вака:Одам кон врвот на скалата на социјалниот дарвинизам во својата земја преку бацување газ на големите однадвор затоа што во мојата земја и онака никој не ме сеака. Истото што денес сдсм се обидува да го прави иако веќе ни во Брисел не го есапат за божемен "миротворец" против божемниот "фашизам" кој постои само во нивните глави жедни за власт.

Види молим те, доминантната "интелектуална" група да ти биле тие, ај ај. Каде сме биле колективно супресирани, не јас, пошто мене ништо не моше да ме "супресира"? Е па прашај ги своите словенци, хрвати ако не можеш за самиот да видиш каде биле супресирани па барале независнот, која во Македонија ја добивте поради нас што излегувавме да протестираме против останување во било каква федерација.

Нејсе, историја. А сега, моите деца растат во Македонија, и немаат обрска да го учат тупиот Матеј Бор ни глупиот Владимир Газор, пак ќе кажам слава му на господа за тоа. Ниту некој друг покакан третокласен поет или писател од бишата југа што ќе ни го продаваа за светска вредност. Не е прашање на дали биле некои книги забранети, туку што било задолжително да се чита. Ако не ја забележуваш таа и не толку суптилна разлика како представник на доминантната интелектуална група (ај ме уби навистина тука ;-) нема спас.

Симптомот на новиот

Симптомот на новиот Константинопол, ставањето на твоите деца тука како аргумент, госпот го држиш за гркљан шо те спасил од интелигенцијата; скакулец, не јади два дена, не контаминирај. Да можеше госпот да ви зборува веројатно ќе објавуваше на окно, ја сум у контакт со него; главниот извор на омраза околу нас во секоја смисла, дури и за таква будала ко тебе е толеранцијата на култови и нон-сенс паганска религиозна магија наречена ортодокс алиас парадокс религија, на страна ислам, они се бар утврдени шеријатски насилници и тука треба да се прифати она, чекањето, но вакви расистички дискриминаторски и мизерно хумани будали кои пред секоја реченица му се молат на госпот, ги трујат своите деца и ги потпишуваат по интернет, од таква мизерија ми се гади, а за омразата што ја шириш треба да се информира телото за вакцинација на втор спрат у жутата зграда, прати вамо, знаете дека имате болести, но одите на доктор, а не кај госпот, знаете дека ќе умрете, но се молите да поживеете, иако има план кој во секој момент му е познат на госпот, тој ве прати од небото во секој момент, и сега те гледа, како на времето тито.

Вертикално не можеш да стигнеш, дури и да те почекам да се качуваш, тенденцијата да се расправаме за аморално идијотската религија и госпот те определува и подредува. Ти, нормално, дај им на децата сами да одбираат, не ги малтретирај, тоа ти е препорака.

Нема повеќе што да ти се

Нема повеќе што да ти се пишува тука. Си залауфал длабоко друже, лечење на мозокот само. За (а)морал зборува човек на кој секој втор збор му е пцуење. Ај ај.

Слава му на господа е фигуративен израз, не религиозен, џабе се напинаш, но сепак, слава му на господа што немам такви психолошки проблеми како тебе.

Накратко, дечко оди лечи се едноставно. Не само што ја бламираш идејата за која се залагаш, иако и не гледам идеја, туку вербалната дијареа на рандом нафрлани зборови ти е опасен симптом.

Инаку децата сами одбираат што читаат, тоа е најголемата придобивка во однос на вашето старо-ново едноумие. И вежбај толеранција, расна, национална, верска, човечка. Оди на планина медитирај, можеби ќе ти помогне.

ПС. И не е госпот туку господ. И не е идијоти другарче, кај се имаш образовано човече. Помоли се кај првата грешка, може ќе те спаси од втората ;-).

госпот пишува на окно

госпот пишува на окно

Ех,а јас сум пропуштил некој

Ех,а јас сум пропуштил некој дел од македонската историја!Особено оној кога „македонските студенти излегле на улица за независна Македонија“!Е навистина ме интересира кога и каде се случувал овој настан!?Наведи ми го барем датумот кога се случувало тоа!Се надевам дека не мислиш на она „херојско“лигавење „со глад“и сендвичи од Чичко Стоилко на екипата од Педагошка академија кои сега станаа „врвни експерти“и поддржувачи на пастиwчето!Писател кој има преку 80 преводи на разни светски јазици и кој е предложен за Нобелова награда од книжевни критичари од Европа,САД и Бразил,кому му поставија биста пред „Библиотеката на странски јазици“во Москва,ти го нарекуваш „анонимус во светски рамки“!?Со кои тенкови ќе одиш на границите на соседите?Со оние бугарскине расипани уште кога се донесени во Македонија?!Каде ли виде дека „секој може да пишува и кажува што сака“?!Да,и јас се противам на споредбите што ги прават на неписмениот и немушт Гwујокио со неверојатно моќниот говорник Хитлер,или со врвно образованиот Милошевиќ!И,секако,уште пожално е што ВМРОвизмот-Гwујокиовизмот го споредуваат со фашизмот!Тие се негова бледа,незабележителна и крајно безначајна копија,но со фатални последици по опстанокот на Македонија и за македонската нација!

Коља, а да станеше советник

Коља, а да станеше советник за култура на експертско ниво во ВМРО па нешто стварно и да испаднеше од твоите муабети и критики и компарации. За кој проект досега си побарал финасирање од владата и си бил одбиен? Има ли такво нешто? Си предложил ли некој проект? Многу ме интересира дали имало такво нешто или се се сведува на "симни се Мурто да се качи Курто".

Морону курто и го закачил на

Морону курто и го закачил на мајка ти, како и мурто, снимено е, идијоте. Но, да не заостанеш можеш да го рашириш дебелото кравајче на мајка ти, земи ја раката и започни клиторисно да чешкаш, ќе нанесеш смеса од плуканица и ќе и го ставиш прстот у уста, ако уште не те одбила од цицање, влези и у цицка, коа ќе ја напуниш мудата со сперма, почни да планираш и водиш сметка за брат ти, пошо ќе му бидеш татко.

довидување.. бај бај

Типично и очекувано. Мора да

Типично и очекувано. Мора да ти е многу тешко. Наликува како да едвај да чекаш некој да те извади од јадот во кој се наоѓаш. Јадник.

"...сеирот, кичот,

"...сеирот, кичот, помпезноста, просташтвото поврзано со ароганција и насилство) се претвори во главна културна матрица и на владеачката класа."

Коле да ти бил владеачка класа! :)

Коља многу си леп на сликата

Коља многу си леп на сликата кај Геропулос на сајтот (плусинформбиро). Ти ја објавиле колумнава т.е. само teaser а после као продолжете на следниов линк. А бе сте си ебале мамата. Следната недела ќе има гостујуча колумна од Геропулос кај Коља на сајт. Геро потпрен со ногата на врата, напудрен, налицкан, со наштимана вилица. Доле две-три хумористични слики-во-обид (нешо главата на Грујо врз телото на Хитлер, Сталин, Ахмединеџад или можда со геј варијантата која ја претпочита Коља главата на Грујо врз набилдано машко торзо) од Шупачиња. После тоа мишн акомплишд и право у Грчка по инспирации.

Толку пати е чуено што

Толку пати е чуено што станува блаблабла.. срање станува.

ВМРО е своевидна мутација, не рандом, група педери кои усвоиле тактика да ја совладаат Државата од сите страни, да одговорат на секој предизвик, да се ебат у секој ќош и да наметнат измислени норми, поточно верувања, полуинтелигентно дизајнирани според потребата на "телото" кое ве гласа, а не ве гласа целата популација и тука на тоа ниво успешно ја фурате приказната за СДС, доминирате, ебете, ги глеам оние сељачиштана од Аеродром и град Ск. Коневски и Коцевски како сељачки упаѓаат у кал да усисаат вода и да нашминкаат терен, оној морлакон Коневски става фалуси и цркви по улици, монтажни моронски паркинзи, од горе со ќотек ги наплаќа, морон. Сељакот Коцевски секој две години пробива по 1 километар булевар, оваа Теодосие Гологанов, наредната Илинденска, сеа 500 метра пошо е трета фаза, сече дрва ебава мама, појма нема кој му мења улици у фашисти, нит разбира што значи 5000 еура за греење на палми. Одгоре 350.000 илјади еура плажи, на здравје провинциска стоко, преплавени сме.

гуртни да се сменат, мајка ти

гуртни да се сменат, мајка ти да ја даеш

Го молам Коља еден коментар

Го молам Коља еден коментар за фашизмот на Љубчо. Ама онака, жесток. Така ќе докаже дека е независен и не пишува за дневнополитички потреби.

Твоите фиксации-фрустрации

Твоите фиксации-фрустрации можеш да си ги напишеш и пратиш како писмо до фашистичките весници како Дневник-Камчев Вечер-КапларУбојо, таму ќе те примат во фуснота.

Ај гит.

Интересно ке биде да се види

Интересно ке биде да се види реакцијата на Christopher Stone, новиот претседател на Open Society Foundation i Кenneth H. Zimmerman, новиот претседател на Open society за Америка , за коментарите и содржините кои се толерираат, односно дури и се преферираат како комуникациски метод на овој сајт. Копија од писмото ке добиете и Окно и Милчин. Баш ме интересира дали знаат за што даваат пари ?

Прати го, ќе го објавиме и ќе

Прати го, ќе го објавиме и ќе ти развиеме дијагноза: предимензионираност помножено со бројот на лица кои имаат споредни ефекти од пубертет, и, ако треба ќе разговараме со Менгеле-Тодоров да те примат на третман или ќе завртиме телефон и ќе ја имаш привилегијата со Ајхман-Илија Димовски преку ред директно во амбуланта на преглед кај Фирерот. Фатална ситуација.

Во Македонија кога е во

Во Македонија кога е во прашање политичкиот ангажман на поединци се забележува една многу интересна ситуација. Имено, политика во јавноста и од страна на граѓаните се доживуваа како валкана, и сите кои пишуваат за политички теми и критикуваат, еве како на пример Гелевски секогаш се прогласуваат за партиски гласноговорници, што нели ги прави валкани. (Тука го оставам на страна моментот на неправење разлика меѓу политички и партиски ангажман.) Дури и премиерот, носител на највисоката политичка функција, кога сака некого да дискредитира вели дека неговата критика е политичка, небаре тој самиот е слободен уметник или спортист, па е недозволиво од политички соображенија да го критикуваш. Од друга страна, сме држава во којашто најголем дел од граѓаните се членови на политички партии (околу третина) и јавна тајна е дека и за работно место кое е најниско во хиерахијата треба да имаш партиска книшка. Дури и кога се сака да се оправда нечија партиска припадност се вели: Ама он се зачлени само за да го вработат, не за друго. Со други зборови, морално е дозволиво да се ставиш во служба на партијата за лична корист, па дури се има разбирање и за политичките противници во вакви ситуации. Но, доколку интимно си загрижен за некој проблем во општеството, тогаш е сосем погрешно да се активираш политички. Прво ќе бидеш шиканиран и етикетиран дека ни ти не си ништо поарен, и дека сигурно тоа го правиш за материјална корист, а после ќе бидеш прекорен дека наместо да се бориш за промена на општеството треба да се фатиш за работа.

„Но, доколку интимно си

„Но, доколку интимно си загрижен за некој проблем во општеството, тогаш е сосем погрешно да се активираш политички.“

Не е погрешно да се активираш политички ако навистина си загрижен за проблем којо реално постои. Во случајот овде (Гелевски), имаме обид за ширење пропаганда на конкретно една партија преку чисто партиски ангажман (СДСМ), и пишување строго по нарачка.
Патем, како што тој и самиот не се срами да каже - член е на СДСМ. Што повеќе сакаш од тоа?

Имаш право и да се зачлениш

Имаш право и да се зачлениш во парија, ако сметаш дека таа ги одразува твоите ставови. Не секој член на партија шири пропаганда, и пропагадна многу ретко се шири преку медиуми како окно, а многу повеќе преку моќни телевизии.

LOL, ти стварно мислиш дека

LOL, ти стварно мислиш дека глупостиве на окно се нешто друго освен пропаганда?
СТВАРНО?
Си воочил како текстовите објавени овде се совршено темпирани со текстовите кои се објавуваат на другите сајтови, блиски на СДСМ?
Си видел ли како изгледа мејл од Наташа Савова во кој им се кажува што треба да биде напишано на шупците кои чкртаат текстови за СДСМ?
Медиумот за ширење пропаганда не мора да биде финансиски моќен. СДСМ се многу добри во ширење пропаганда, и навистина имаат многу подобар PR дел во споредба со ВМРО. Кумровата школа го прави Црвенковски подобар говорник од Груевски, иако тоа воопшто не го прави подобар човек или водач.

Еј стварно?! СДСМ има многу

Еј стварно?! СДСМ има многу подобар PR дел во споредба со ДПМНЕ?! Ти тоа сериозно?! СДСМ троши милиоони буџетски пари на рекламни кампањи? СДСМ објавува некролози од живи луѓе по сите весници! СДСМ ли ги корумпира телевизиите со државни пари. СДСМ ли ги затвора медиумите што не им одговараат?
Кумровата школа? Од која школа излезе Латас? Од која школа излезе Чашуле? Од која Ставревски, од која Ивица Конески? Кој беше Јордан Мијалков?
Кога ќе си одговориш на овие прашања и кога ќе дознаеш кој и зошто во 90 го формираше ДПМНЕ ќе ти станат јасни некои работи.

Не, СДСМ само купува

Не, СДСМ само купува новинари. Или ги „обучува“ преку Фабрика.

Бреј Коља, со последните две

Бреј Коља,
со последните две писанија посебно ги растури преродбениците.
Гледам се накотиле на Окно како вмроовци на манастир!
Поздрав.

Коле за нов Пензионер!

Коле за нов Пензионер!

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото