Вистинското лице на лагата

20.06.2012 15:08
Вистинското лице на лагата

Луѓето што го креваат својот глас против протерувањето на Стив Наумов од скопската улична мрежа одбиваат да разберат дека неговото исчезнување од градскиот пејзаж не е најава дека државата ќе цркне како стара крава ако нацијата дозволи циглите на творците да се изместат од нејзините темели, туку е последица на неповратното исчезнување на самата супстанца на делото што тој го симболизира. Како објава на смртта на феномените што беа родени во народноослободителната војна и во антифашистичката револуција. И не разбираат дека тука не станува збор за лошотилаци што ги зрачи опојното дејство на власта, односно не станува збор за власт што македонската нормала ќе ја вразуми на следните локални избори, туку за историски процеси на најрадикален дисконтинуитет.

Тоа не значи дека реакцијата на дел од политичката опозиција и на еден сосема ситен дел од растуреното граѓанство беше неадекватна, туку говори за неадекватноста на општественото поведение за време на интензивното растурање на тоа што соборците на Наумов го беа довеле до нивото на функционална национална држава. Како таткото на Марица кој одбил да реагира кога Ивица наместо да учи со ќерка му почнал да ја фаќа неговата миленичка, па да ја соблекува, па да ѝ се качува, па да ја секса, а го забележил Ивица кога овој почнал да си го брише алатот од скапата италијанска завеса.

Во селекцијата на основните историски наративи што ќе ја легитимираат младата нација другарите на Наумов беа заборавиле да пресметаат дека вмровскиот мит ќе се претвори во монструм оној момент кога историските околности (демократијата) ќе му овозможат да се пројави како политички концепт. Можеби зашто сметаа дека диктатурата на пролетеријатот ќе биде вечна, а и ако не биде вечна дека ќе заврши со одумирање и на државата и на нацијата, се разбира. Арно ама работите испаднаа поделикатни.

Македонизирањето на некои бугарски тактичко-стратегиски напори за ослободување на Македонија, како последна неослободена бугарска земја (значи, историското втемелување на новата нација во една лага), денеска ни се враќа како одмазда на вистината за вмро. Би можело да се каже дека самиот Стив и неговата идејнопартиска и национална школа уште на времето си ги беа порачале своите убијци и убијците на Македонија каква што ја изградија тие. Сосема грубо кажано, Стив Наумов не го избришаа градските советници на Скопје туку лажните мускетари на македонизмот што тој и неговите другари ги напикаа во официјалната историографија на новата нација.

Тоа не е обвинување. Тоа е, јас би рекол, обид за едно разголување. Стриптиз што ќе ни го разбуди не пенисот туку мозокот. За да допреме до вистината за создавањето на една нација, речиси од ништо. За епскиот подвиг на македонските комунисти во еден конкретен историски интервал кој со сопствената драматичност им одел во прилог, но и за трагичните последици на обидот да му се инплантира вештачка историска основа на новиот историски субјект.

Самата обдукција покажува дека смртта е рзултат на несовршенството на Македонија, односно на строго ограничениот рок на траење вграден во нејзината историска, национална, политичка и културна генетика.

Нашите информации од единственото погребно претпријатие (вмро) велат дека историјата побарала во иста дупка да се положат посмртните останки и на државата као национална реализација на македонскиот народ и на нацијата како краткотрајна историска појава.

Не еднаш сум пишувал дека ми се чини оти во тие тенденции има елементи на потсвесна страст кон смртта како спас од историската одговорност која на нашиот човек на моменти му се чини тешка, а на моменти дури и бесмислена. Особено ако во бегството од одговорноста ја сместиме и страста да се плива по самоубиствената површност и појавност на нештата, односно стравот да се отвори вистинска дебата за вистинските предизвици. Македонецот гледа во смртта на себе си како историска појава со израз што можат да го произведат само тешки коктели од наива, неодговорност, глупавост и мрза.

Ја слушав српската историчарка Дубравка Стојановиќ која, повикувајќи се на нечија студија, тврдеше дека денешниот културен и политички профил, па дури и социокултурната структура на српското општество, се детерминирани во одлуките на Кнезот Милош од триесеттите години на деветнаесеттиот век да го фиксира земјишниот минимум на два хектара и во забраната селаните да можат да тргуваат со тој имот. Тука е фиксиран, смета Стојановиќ, стремежот кон егалитарноста, кон социјалната неподвижност, кон потиснувањето на пазарот, кон колективизмот, кон внатрешното подјадување на супстанцата, кон способноста да се страда во егзистенцијални минимуми и од тоа да се формулира национална епика и сл. Идејата на таа мисла е дека некои и нечии решенија во минатото ги детерминираат нашите поведенија и шанси денеска.

Таа фиксација кај Македонците е решението на Бугарија да ја формира Внатрешната македонска револуционерна организација за таканареченото внатрешно ослободување на Македонија (1893), акт кој ќе прерасне во мит и мит кој ќе прерасне во згодно средство за полнење на историската дупка на новата македонска нација која, не без врска со митот, во меѓувреме стигна да се искачи на историската сцена.

Аморфнитетот кој е лев ако го гледаш од десно и десен ако го гледаш од лево, македонистички ако го гледаш од извесни бугарски аспекти и бугарски ако го гледаш од македонски аспект, змија што не се фаќа и не се држи, магаре што не се води и не се тера, во основа, сепак, е една од главните нумери на бугарската историска лонгплејка.

Целата приказна која потоа се шири и се разгранува во мал милион модалитети, е родена во предвечерието на пропаста на Отоманската и на Австроунгарската империја, во историски амбиенти што ги одредиле турскиот пораз во руско-турската (1878) војна и признавањето и експанзијата на бугарската егзархија на територијата на Македонија.

Уште поголеми се културолошките последици на таа епика која без каква и да е реална основа на човекот од овие простори трајно му го има врежано чувството на некоја митска неправда, на жртва, на предавништвото и кодошлакот, на антиевропејството, на кавгата со сите, на големината на малата вредност, на затвореноста, на фамилијарноста, на анти-индивидуализмот, на еднодимензионалноста, на стравот, на фолклорот кој има амбиции да се трансформира во политички концепт независно од стварноста или дури наспроти стварноста.

Македонецот реши да ја искористи демократијата за да изврши ритуално харакири како историски субјект со помош на тој мит како самурајска сабја. Истиот момент кога историските околности ѝ дозволија на легендата на преднационална Македонија да се симне на политичката сцена како концепт во Македонија (сфатена како, меѓу другото, национална реализација на македонскиот народ) беше јасно дека забавата нема да заврши добро за Македонците. Бидејќи беше јасно дека организацијата што се вика вемеро природно ќе тендира работите околу внатрешната супстанца на државата да ги врати на нивото на своето основно разбирање и сеќавање, а државата што во меѓувреме е создадена да ја декапацитира и десубјективизира како структура која со својата строгост неподносливо го ограничува митот како таков. За да не ја докаже државата бесмислата на Организацијата, Организацијата ќе ја покаже бесмислата на државата.

Така успеавме да дојдеме до преродбата во сто и кусур чекори, која, се покажа, не е никаква лага - таа е реален историски процес во кој Македонците се преродуваат во идиоти. Со нови адреси и комплетно нови идентитети.

Само електрошоковите на отворената расправа за лажната историја можат, евентуално, да го вратат мртовецот од клиничката смрт. Историјата има смисла само како простор во кој ќе ги бараме одговорите за актуелните (не)среќи. Не расправата за насмевките на нашите лица, за ребалансот на буџетот, за земјоделските субвенции, за имињата на улиците и слични будалаштини. Македонија може да биде вмровизирана во фолклорот, но ако биде, односно таа е вмровизирана како култура, политика и идеологија, тогаш е тоа Бугарија. И за тоа не е потребна никаква одлука на која било инстанца. Дури обратно, јас сум убеден дека добар дел од таа вмровска маса и денеска мисли дека се бори за Македонија, во најдобрата комуњарска традиција, ако го изземеме, се разбира, територијалното обединување на таканаречената етничка територија кое за секој вмровец останува евангелие. Кое, бај д веј, ги легитимира грчките претензии. Притоа, јас не ставам ниту трунка негативна интонација кон одредницата Бугарија. Како што бесрамно викаа некои советници во градското собрание на Скопје од редовите на опозицијата. Европа се движи кон нивоа на кои ќе биде тешко да се замисли етикета која човекот ќе може да го хендикепира повеќе од личната карта на етничкиот Македонец.

Сè ми се чини дека за таква битка Македонија нема сила. Стив Наумов никогаш нема да се врати на скопските улици ако претходно некоја мајка не го роди.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

Македонци, Македонци,

Македонци, Македонци, Македонци,...! (Вистинското скандирање во градскиот совет на Скопје)

Тричко веќе го наведе ова, да

Тричко веќе го наведе ова, да го наречеме, препрочитување на македонизмот кој се конструирал како супститут за бугарштината, како точка од програмата што ја понуди. Сметам дека неговиот поглед на македонштината како (не)успешен имплантт врз бугарштината е сосема историски неоправдан. Ако веќе се изнеесува тезата за неминовната историска пропаст на лажниот македонизам, пред вемеровската суштина сочинета од бугаршттина, тогаш треба да се објасни силниот афинитет за српската (суб)култура и нејзиното присуство овде. И (про)српската компонента која исто така била присутна во вид на четување и политичка ориентација. Историскиот ’од во траење 0д 70-на години во југословенската заедница не би бил можен без историски предиспозиции за тоа. Значи, македонската посебност е автентична, а вистината веројатно по обичај е на средина. Впрочем сегашното вемеро можеби не е неминовен историски одговор, туку грижливо сработена разузнавачка операција, а државата акционерско друштво во кое има анонимни акционери.

Значи стварно овој Тричковски

Значи стварно овој Тричковски е талибанец.

Конечно сфатив! Оние кои

Конечно сфатив!

Оние кои нејќат да го смениме името (само заради Грците) и кои ги сакаат македонските симболи, култура, јазик - се притаени Бугари!

А оние кои зборуваат на 60% српски, кои притискаат да се смени името и да остане комунистичкиот државен грб, оние на кои им пречи дури и кога некој ќе се израдува на некоја македонска спортска победа - е тие да ти биле вистинските патриоти!

Јасно, сфатено, голтнато, главоиспрано, ептен ме убедивте.

Батка, прашај го бугарчето

Батка, прашај го бугарчето Милошоски, бившото ти министерче за надворешни, кој тоа се согласил да се смени името у 2008. А и у 2005 кој тоа не се согласил за предлогот на Нимиц. Верувате ли вие, преродбениците, во некои други иннформации осим во пресовите на Пичиклиски, ебаве шупците. Сте се закачиле за окно и не труете со дебилни коментари. Ај сиктер!

Ништо ти не си сфатил, тоа е

Ништо ти не си сфатил, тоа е проблемот. Кои се тоа ТИЕ, и како тоа се сакаат симболи и култура ако може да ни објасниш. И која е таа македонска култура и кои се тие симболи. Оние на историското ВМРО?! Тие беа испишани на бугарски јазик и тоа не е ништо спорно, спорно е што тоа не се признава. И како ти во проценти го измери јазикот?! И дали овој јазик денес, базиран врз Конески е ист со оној на кој пишувале претставниците на ВМРО. А они си пишувале на чист, литературен бугарски. И кажи ми, кој ја создаде АСНОМска Македонија и под кое име?!
Ај трк до штаб по нови директиви за коментари! И почнете веќе еднаш да ги унифицирате ставовите, па нели цврста рака има у тоа ВМРО мајку му. Вака, нешто ќе ви каже Антонио бугарчето, нешто ќе ви каже Латас србоманчето, нешто Илија неписмениот, па нешто Паско античкиот и хаос ви се дешава у тоа лејките.

А може и Камчевска-Милевска

А може и Камчевска-Милевска да ја прашаш нешто за Симеон Радев по грешка.

Не е баш јасно што заговара

Не е баш јасно што заговара Тричко? Дали смета дека треба да седнат комисии на двете страни (Бугарија и Македонија) и да ги срамнат историските наоди? Па затоа што Илинденците се чувствувале Бугари, да се признае дека македонските комунисти во 1944 извршиле историски фалсификат? Тогаш веројатно би требало да се признае македонската нација како изведена од бугарската. И да се призне дека има држава Македонија, а народот е новонастанат, изведен од бугарскиот. Меѓутоа го предупредувам дека во Македонија постоело и четничко движење уште пред Балканските војни (Мицко Крстиќ, Глигор Соколовиќ (чичо на Блаже Конески), Јован Довезенски, итн) а и за време на втората светска војна, тнр Дражиќевци, кои сметале дека статусот на Јужни или Стари Срби е сосема комотен и задоволителен. Тогаш се отвараат старите поделби. И повеќе, дали се вмровските дејци единствениот доказ за постоење на нацијата? Ценатралното наречје што го заговара Цепенков е подеднакво далеку и од српскиот и од бугарскиот јазик. А јазикот е основата на нацијата. Тричко со последниве истапи изгледа се конформира со тезите на Љубчо Георгиевски, или барем има слични видувања.

Од друга страна, можеби

Од друга страна, можеби Тричко заговара порадикално решение? Според него, ете, бидејќи во услови на демократија, се покажала вистинската бугарска суштина на вемерето - кое впрочем е и основано заради целите на бугарските голeмодржавни интереси во време на залез на империите на Балканот (а кое македонските комунисти подоцна го зеле за подлога на националниот македонски проект), следи вемеро треба да се напушти. Се поставува проблемот со што ќе се исполни просторот што ќе се отвори. Дали ова не е ризичен идентитетски обид? Или предлага единствено преселба на партијата во историјата?

Ма не заговара Пичко ништо,

Ма не заговара Пичко ништо, само се куропеца.

#солидарност #solidarnost.mk

#солидарност
#solidarnost.mk

Наездата ќе престане кога системот сам по себе ќе свати дека учењето повеќе не може да се прошири (масите интелигенцијата естаблишментите), бидејќи сите варијанти, димензии и правци ќе бидат обработени, по што, за да продолжи да работи, на механизмот ќе му треба нов вид гориво и нова тешка вода (подмачкувања), или пропаст, према тоа, потребна е демократска иновација и радикално проширена свест која ќе функционира на ниво на надворешен слој кромид кој ќе го опфаќа и претходниот времеплов (сегашниов) и ќе го дигестира внатре во себе, создавајќи од тоа нова рециклирана вредност. Дигестијата ќе биде тешка, гадна, болна и горчлива, но тоа е можно!

Системот кој сега се инсталира не може да опстои бидејќи е базиран на надгласување со решенија кои се во доменот на рекла-казала интерпретацијата без подлошка од научни институции, према тоа чисти инсинуации и девалвација на умот, но и водени од подсвеста, што е заебано; додека тврдоглавата опсцена клика на водачите не свати што од подсвеста е компонената на нивната свест (кои се заправо они) или додека не си ги превземат животите во свои раце, до тогаш нема да знаеме каде се ова води, но рамките на сликата се поставени, маргините познати, делата штрчат, према тоа, води во амбис; интелигенцијата во разни наврати се изјаснува, а ако некој прави инвентар на изјави ќе му стане јасно дека поединци од интелигенцијата расчитиле и разбираат дека ова што се случува е слеп колосек, но прашањето е како тоа знаење да се постави од доле, како подлога; паѓањето во амбис значи себе-пронаоѓање или вадење на подсвеста во свест, што би рекло, тие сами ќе ни создадат прилика да ги сотреме.

Читам тамо како шетањето по градови на СДСМ им привлекло внимание во медиумите, простор итн. па тоа било позитивно, они се избориле, а забораваат дека мислењето за нив е крајно, темелно, неповлекливо и мрачно (пцујачко, мразачко итн. иритирачко).

Едниот циклус со "Ск 2014" е пропуштен главно поради стерилноста и од неколкукратните последователни нокдауни на тоа што остана од СДСМ, така што голем дел од сцената е веќе инсталиран и тука можеш да одработиш само како од дистанца, отколку со реално поместување или стопирање.

Циклусот на кружење по светот (Груевски и еко. комп.) ќе се заокружи (крај на година), по што ќе следат фрустрации од сваќањето колку тоа што го посакуваат не е можно, а тука може да се работи на темелен удар кој сметам може радикално да ги помести плочите.

За левицата да ја промени ситуацијата, мора да ја превземе СДСМ (неолиберално-капиталистичка партија и крајно сомнителни типови без идеологија), што во овие околности не е можно, а прашање е дали некогаш за тоа ќе постои прилика, поради дијаметралните ставови и разбирањето што претставува ЛЕВИЦА, према тоа, мора да се делува од надвор. Во идеолошка смисла секому е јасно дека овој правец е неодржлив, према тоа,
ПРОБИВ!

Или ПРОЛИВ.

Или ПРОЛИВ.

Или ПРОЛИВ.

Или ПРОЛИВ.

Како бубашбаби на светло. Ве

Како бубашбаби на светло. Ве осветлија и трчате лево-десно за да си најдете темница кај ке се скриете. Меѓутоа морам да признаам дека еволуирате. Почнавте со тоа дека терминот Македонија не постоела пред 19век, па кога таму се покакавте, почнавте да ја удирате егејската варијанта, демек Грците им ја напумпале главата на Егејците дека биле Македонци , па затоа овие така убедени не носат во пропаст со внесувањето на античкиот дел во Македонската историја. И тука ги наполнивте гаќите, затоа што станавте жртви на сопственото образование, или поточно индоктринираност. Грција и Хеленизмот требаше да извадат само еден доказ дека Александар е Грк. И ... ништо, тапа. Сфативте и вие и ние, како што и прилега на млада слободна држава што сеуште учи, дека целата таа хеленистичка приказна е токму тоа, приказна. Сега пошто тоа не иде, со наполнети гаќи еволуирате до нови височини. Сега не само што комунистите ја создале и измислиле Македонија, туку се заебале при создавањето историја,(нели измислена држава), па ги собрале Бугарските шпиони и ги востоличиле како најголеми Македонски патриоти. Всушност, сакате да кажете, у ствари се заебаа пошто тогаш требаше да стават само друго име на македонската држава и се ке беше добро.
Брилијантно. Се што требаше е у ствари да не нема. Како не се сетивме порано на ова решение. Среќа наша што имаме вакви интелектуалци како Тричко и сосов од патлиџани кој ке ни го осветлуваат патот. Уф, грешка, не се баш другари со светлината. Во мракот полесно се снаоѓаат. За бубашвабите правиме муабет.

ОкоБоли главаВицФото