Нова Германија – мртва Европа

02.07.2012 11:26
Нова Германија – мртва Европа

Еден ден ќе зборуваме дека сè било јасно. Еден ден ќе се запрашаме зошто не сфативме дека можело да биде поразлично. Еден ден ќе бидеме попаметни.

Живееме во време на Еден ден. Живееме сегашност која веќе е минато, белег на кризните времиња. Насетуваме дека поради сегашните грешки, тактики и политики уште долго ќе страдаме. Нималку пријатно чувство.

Слушнавме дека имаме уште три дена. Ни олесна кога кажаа дека сè ќе се реши во наредните три месеци, бидејќи тоа звучи малку подобро. Кон иднината се однесуваме со мешавина од скептичност, фатализам и неоснован оптимизам.

Но, што треба да направиме ако жената која владее ја претвора политиката во сапунска опера, додека ја изговара реченицата, од една страна гротескна затоа што својата сопствена егзистенција ја става на вага, а тоа навистина не го мисли – а од друга страна толку сомнителна, затоа што една од главните карактеристики на политиката не е должината на животот, туку должината на мандатот: „Додека сум жива“ е реченица која повеќе им приличи на стари тетки, а не на канцеларки.

Но, што треба да направиме ако на жената која владее ѝ е сосем сеедно што ќе се случи со Европа – прво го сруши Хелмунт Кол, а сега го загрозува неговиот најважен проект. Има некоја логика во тоа. Последниве години разговорите и размислувањата за Европа значајно се променија. Токму Меркеловото тактизирање покажа колку во суштина е лажна сликата за европската солидарност. Резултатите од референдумот за Европа, во Германија покажаа дека ние веќе подолго време немаме поим што ни значи Европа.

Ова е пресвртница во германската повоена историја – поинаку кажано, повоената историја на Германија помина. Колегата Аугштејн пред неколку дена речиси ја преколнуваше Ангела Меркел да се вразуми, да се промени. Но, како би било тоа возможно? Таа не може да ја измени својата биографија. Аугштејн исто така можеше да отиде на најголемиот фризиски остров и да викне во ветерот: Нема да се промени. Оваа земја е тоа што одамна се промени.

Живееме во нова Германија чиишто контури полека се покажуваат. Волфганг Шојбле, кого шпекулантот Џорџ Сорос го нарече „последниот Европеец“, седи во Меркеловиот кабинет како последен диносаорус на BRD (Сојузна република Германија или Западна Германија), земја која отсекогаш се обидуваше да биде разумна. За новата Германија тоа не може да се каже, во секој случај не во смисла на BRD. Новата Европа се спротиставува на ЕУ, ја провоцира, а Сорос употреби драстичен збор: „Омраза“.

Овој збор отвори нова димензија во разбирањето на кризата. Изречен е во неделата во која Ангела Меркел шпрекулираше за својот живот, а имплицитно и за својата смрт – беше тоа на оној Еден ден, ознака за опасностите кои, соред Сорос, ѝ се закануваат на Европа. Речникот станува воен. Наративот во ЕУ повеќе нема да биде ист.

Имаше различни наративи во ЕУ, која во оваа форма отсекогаш била десничарско-либерален проект, што објаснува зошто левицата кон неа сè уште нема изграден став, освен извесни идеалистички преданости. По Втората светска војна, тоа беше прагматичната цел за повторно вклучување на Германија во европското стопанство, кое без Германија не функционираше – така настана ЕУ. По повторното обединување на Германија, исто така прагматична цел беше поврзување на новата супер држава; тоа беше пред сè француска желба – така настана еврото.

Европската унија, може да се каже, не беше грешка. Еврото во овој облик, да. А сега, кога пред нашите очи еврото полека се распаѓа, се распаѓа и совршената ПР-конструкција на Европската унија, а со неа и Европа.

Но, што ако тоа со парите повеќе не функционира? Тоа нас повторно не враќа на Еден ден. Фактите се тука и не мора да студираме историја за да сфатиме дека тие не се баш најповолни за демократијата. Притиснувачкиот товар на долговите во речиси сите земји во Европа, масовната невработеност и генерацијата млади без перспектива, која е туркана во имиграција, зависност, или само презир.

Еден ден: во дваесеттите и триесеттите години на дваесеттиот век стана збор кој требаше да ги објасни сите несреќи од првите децении на тој век – Версај.

Еден ден: што ќе мислиме за овие недели, за овие месеци од 2012 година во дваесетите и триесетите години на овој век?

Извор: Spiegel

ОкоБоли главаВицФото