Молк или вресок?

17.07.2012 09:59
Молк или вресок?

Зошто цивилизациите создадени врз метежот меѓу јазикот и умот, цивилизациите кои успееја да ги завадат смислата и вистината, секогаш се правдаат со колективните сништа? Зошто се откупуваат со небеските полети на своите шамани?
Богдан Богдановиќ, од „Јазичните стапици, писмо до ЦК на СКС“

Архитектот Богдан Богдановиќ на едно место ќе запише: „Како градител на толку многу меморијали во земјава, како човек кој најдобриот дел од животот го поминал по градилиштата и по мајданите, од искуство можам да потсетам дека и каменот има свој звук кај големите и импозантни моно-мегалити, звук мошне заводлив.“

Каменот, значи, има звук, но нашиот архитект Митко Хаџи Пуља нема ни звук ни јазик. Вака Митко Хаџи Пуља неодамна, во неделникот „Граѓански“, напиша за Богдан Богдановиќ: „Неговото дело, веројатно, најдобро може да се дефинира преку синкретичниот алхемиски тетраграм, кој тој самиот ни го пренесува како своја верба, а тоа се: да знаеш, да умееш, да се осмелиш и да молчиш. Да молчиш значи да можеш да ја живееш тишината, да го живееш немерливото...“

Зборувајќи за „тишината“ на големиот архитект ми се чини дека Митко Хаџи Пуља се обидува да проговори за сопствената тишина последниве години. Зад импозантниот „мегалит“, Богдановиќ, ми се чини дека Хаџи Пуља сака да ја затскрие и да ја протне својата морална дребност. Немаше да реагирам на оваа невнимателност, можеби дури и нискост, на македонскиот архитект, да не беше тоа затскривање (или тоа подметнување) толку типично за македонската културна средина во железните години на груевизмот. Невидливоста на Хаџи Пуља зад мегалитот Богдановиќ немаше да ме засега ако во бусијата зад мегалитот не се криеја и голем дел од колегите на Хаџи Пуља. Голем дел, велам, од некогашната македонска културна сцена, чии звуци денес се вшмукани од вакви или онакви монолити и мегалити.

Но, текстов пред сè седнав да го пишувам за да го одбранам Богдановиќ од нискоста на затскривачите во бусијата: Богдан Богдановиќ никогаш не молчел и никогаш не се криел. Богдан Богдановиќ со својот остар јазик (остар од многу клесање, од многуте кристално засечени рабови) во низа наврати ја ставаше главата во торба. Богдан Богдановиќ беше една од највеличествените фигури што многу рано, уште во 1987 година, на славната (по зло) Осма седница на српските комунисти, му се спротистави на тогаш веќе злокобно затркаланиот потфат на балканскиот касап, Слободан Милошевиќ, иницијаторот на крвавото националистичко парчосување на Југославија. Богдан Богдановиќ речиси цела година беше затвореник во сопствениот стан во Белград, пред да успее да избега за Виена. Но, ни тогаш, секое утро читајќи ги потерниците објавени по него од насловните страници на белградските весници, Богдан Богдановиќ не молчеше.

Еве како - замислувам и цитирам - Богдановиќ му одговара на Хаџи Пуља, зборувајќи токму за стравот, јазикот, тишината, темите кои малку неспретно а повеќе кукавички ги отвора македонскиот архитект и професор:

„Впрочем, првиот и почетен степен на значењето на зборот ’терор’ токму е - ’стравот’. Јазикот, според тоа, е исклучителен медиум на стравот, текстот е негово дејносно поле, контекстот е веќе бојно поле! Значи, по ’срамот во текстот’, дозволете сега и малку обичен, незатскриен човечки страв, ’страв во текстот’. А такви примери имаше токму на изминатиот пленум. ’Јас ги молам Централниот комитет и Претседателството, со оглед дека сум работник ВК, дека немам свое изразување, и знам дека можам да згрешам во зборовите, а за збор човек може и да одговара’. Од ’срамот во текстот’ до ’стравот во текстот’ преминот, потоа, е сè појасен: ’Извинете, ве молам... поради таквиот говор сега да предложиме мерка, мене ме фаќа страв, нека се најде тој некој во салава што гарантира за себе... мене ме фаќа страв.’ Најпосле, градацијата расте, расте речиси до ’паника во текстот’; еден од говорниците, оправдувајќи ја инаку строгата мерка кон јазичкиот деликт на Драгиша Павловиќ рече: ’Јас како електричар ако згрешам отидов во смрт’.“

Значи, Митко, ми се чини дека Богдан, низ меандрите на времето, можеби од „синкретичниот алхемиски тетраграм“ во кој сите сме заробени, како глувци во лавиринт, тебе ти се обраќа (а можеби дури и те опишува!) кога ги опишува стаписаните од страв (пред моќта на јазикот!) електричари, членови на Централниот комитет на српските комунисти: „Јас како електричар ако згрешам отидов во смрт!“ „Мене ме фаќа страв, нека се најде тој некој во салава што гарантира за себе... мене ме фаќа страв.“ Еве, Митко, што уште ти вели Богдан:

„Појавата на телеграмите на сцена и далекусежните импликации на едно речиси манифестно враќање кон моделите на веќе полунапуштениот, отворено опресивен, заканувачки јазик од пред неколку децении, би морала да нè наведе со многу повеќе сериозност, со многу повеќе знаење, а без нашите домаќински, мажевни симплификации и надвор од идиличните рамки на простодушното резонерство, да ѝ погледнеме на вистината во очи, и да се запрашаме што се случува во најдлабоката длабочина на нашето (српско, србијанско) битие... Драмата на јазикот секогаш е и онтолошка драма.“

Богдан Богдановиќ е еден од учителите од кои најмногу дознав за слободата и храброста, а не за тишината и молчењето. Неговата книга, „Мртвоузице“, од каде цитирам делови, објавена 1988 година како реакција на забревтаниот националистички погром, ми беше и сè уште ми е една од најважните книги во животот. (Фала ти, Митко, што со твоето квазимистично лажирање на Богдановиќ ме натера уште еднаш да ѝ се вратам на својата омилена лектира!) И ми се чини дека задачата на архитектот, професорот, уметникот, писателот, јавниот работник е токму да ги застапува и унапредува принципите на слободата, храброста и правдата. Меѓу другото и затоа (а не заради „синкретичните алхемиски тетраграми“, иако и на тој план Богдановиќ беше протомајстор од тешко согледлив ранг) славниот белградски архитект е, како што се вели, „историска вертикала“, или еден сè уште вибрантен и импозантен „мегалит“.

Митко Хаџи-Пуља, за жал, како и многубројни други скопски професори, на своите студенти нема да им остави едно такво пред сè во морална смисла погабаритно наследство. Притоа, ми се чини дека пасивноста („тишината“) на Хаџи-Пуља е дури и пострашна од неговиот активен придонес кон еден од најглупите и најгрдите потфати во историјата на цивилизацијата, проектот „Скопје 2014“. Велам, можеби овдешните студенти по архитектура ќе научаат да цртаат, да градат, да доаѓаат до проекти, можеби дури ќе ги научат и тишините на алхемиските тетраграми, но нешто секогаш ќе им фали, она нешто што очајнички ѝ фали на целата македонска култура затрупана и (под урнатините) замолчана од хаџи-пуљевци: храброста да се бориш за слободата и принципите, не само професионални туку и граѓански.

Ни се случи политичарчиња и полуидиоти да ни ги одредуваат не само највисоките културни агенди, туку и дневната културна продукција. Ни се случи не само киднапирање на градот од страна на злите градинарски џуџиња, туку ни се случи киднапирање на целата култура! Наречете ја национална или граѓанска, во секој случај ја препуштивме на хтонските кепеци на кои им требаат разубавувачки огледала за нивната грдотија. Опустошувачката освета на градинарските џуџиња нè натера молкум да си ги промениме имињата на улиците, молкум да се клањаме пред од џуџињата нововоспоставените херои (мажи, големи, застрашувачки, и коњи), молкум да го прифатиме менувањето на целокупниот наш досегашен граѓански и културен контекст. Со сите свои постапки џуџињата ни рекоа само едно нешто, што цел век ни го повторуваат сите негатори: Македонија нема културен супстрат; Македонија е политички проект. Во моментов таа е политички проект на градинарските џуџиња - и баста. Дојде време за молчење и криење по дупките. И, стварно, македонските „културњаци“ си ги зафатија одамна зафатените, за недајбоже дупки... (Да не биде Хаџи Пуља осамен негативец, добра е пригодава да се спомне еден друг скопски, всушност ориентален мајстор на тишините и калкулациите: Горан Стефановски. После континуираниот и незапирачки ужас што груевизмот му го нанесува на главниот град, рушејќи го пред себе модерното наследство, Горан Стефановски се охрабри да реагира по повод менувањето на името на неговата Мексичка улица! И толку. Од Горан. А целиот Горан, како впрочем и речиси целата културна елита од неговите генерации, произлегува токму од парадигмата за модерна Македонија. Денес кога груевистичките варвари им плукаат во казанот во кој до вчера сркаа - децата на комунизмот, од типот на Горан Стефановски, со својот молк /не е ни молк, пола МАНУ отиде на бацирака кога магистрираше врховното џуџе/ покажуваат дека македонската нација е политички проект и дека Македонците немаат културно упориште. Лудачкиот проект на груевизмот во своето средиште ја има таа брилијантно јасна и остра порака во која се состои силата на осветата на градинарските џуџиња.)

Во текстов, инаку, намерно ги измешав „регистрите на обраќањето“, та тонот час е писмо, час е од позицијата на (нагласено субјективен) „објективен раскажувач“. И Митко и Горан ми се познајници, да не употребам некој потежок збор. Заради тоа морав, макар и низ по некој параграф, да им се обратам и лично. Но, реков и погоре, грижата ми е поголема од Митко и Горан и текстов во прв ред не е полемика со нив двајцата. Најпрвин, сакав да го одбранам за мене скапоценото наследство на Богдановиќ. Во втор ред, ставовите на Хаџи-Пуља и Стефановски само ги искористив како илустрација за нашата ужасна ситуација, како култура и нација. Ние, современите Македонци, имаме голем културен проблем, а тој културен проблем реперкуира со цел метеж од проблеми, меѓу кои политичките се само највидливи. Претпоследен пат, за денес, ќе го цитирам писмото на Богдановиќ:

Поради кои причини релативно наивната грозница на неразумот во нашите времиња доби толку опаки, толку застрашувачки размери, се преобрази во вистинска епидемија на ирационализмот и институционализираното безумие?... Многу е да се очекува од мене сето тоа да го објаснам.. Правам колку што можам и обрнувам внимание на несомнените аналогии. Притоа додавам дека сум свесен и за некои денешни и овдешни погодности кои придонесоа за лошиот (домашен) развој на работите: колективниот интелектуалец има право и на колективни (ментални) регресии. Засега немам никаков друг одговор.“

Богдан Богдановиќ, значи, да резимираме, не молчеше. Тој го презираше „колективниот интелектуалец“. Беше многу храбар, еден од ретките што ја ставаше главата директно во лавјото ждрело. Според тоа, тој беше многу многу поинаков од, на пример, овдешните „колективни интелектуалци“. Еве, впрочем, како Богдановиќ го заврши своето славно писмо до ЦК на Сојузот на комунистите на Србија:

„Добро, другари, ме убедивте - не постојат никакви листи, нема списоци, нема чудни и непожелни меѓу нас. Добро, но сепак, за секој случај, ставете ме, ве молам, на тие ваши списоци. Ставете ме, бидејќи повеќе сакам еден ден моето име да се чита на тие ваши хипотетички списоци на сомнителните, отколку на некои други и поинакви списоци (на историјата)... списоци на сосема несомнителните.“

Колажи: Свирачиња

Кога сум сам, се облекувам

Кога сум сам, се облекувам како проститутка, застанувам пред огледало, палам цигара и дувам чад во нашминканиот лик пред мене. Си замислувам дека сум Богдановиќ. Потоа си го дркам на Грчев. Заспивам милувајќи слика од Црвенковски...

Нема подобар доказ дека

Нема подобар доказ дека груевизмот е варварство - од неговите бранители. Нивото на преродбеничките коментари е дно под дното. Илустрација до каде стигна преродбата. Како Хитлер 1945 со своите 12-годишни мрсулави и неухранети борци.

Груевизмот е варварство

Груевизмот е варварство заради чудните фетиши на Коља?
Не разбирам...

Како што груевистите си

Како што груевистите си измислија своја прирачна Македонија (Макетонија, целата направена од кулиси и сценографија), така си измислија и свој Коља, Kolja итн. - по потреба! Нема нешто да фали кај преродбеникот! У секоја фиока има по некој ИДЕНТИТЕТ, еј!

Пореметен Историчар на

Пореметен
Историчар на уметност
Проследувач на историјата
Антифашист
kolja
Бриколер
Преродбеник (од следните)
Љубител на убавиот збор
Антиуметник

...и уште куп други „идентитети“ си има Гелевски во својата идентитетна фиока :)

Bolje "Radnicki"nego

Bolje "Radnicki"nego "Gradjanski".

Предраг, ми се чини дека имаш

Предраг, ми се чини дека имаш право: утре да дојдат Србите и да им кажат на античкиве (кои до вчера беа комунисти) дека се Срби - одма сите ќе се прешалтаат на РТС и Политика. Без никаков проблем. Груевистиве како да сакаат тоа да го докажат: Македонците немаат културен супстрат, туку протези. За денес ни чини античкава. За утре ќе видиме. Заради тоа Македонците немаат културни херои. Имаат војсководци, коњоводци и коњи.

Така е, ВМРО до вчера беа

Така е, ВМРО до вчера беа комунисти! СДСМ се правите вмровци!
СДСМ се сплотија со збунетиот бугарофил, ама ВМРО се правите бугараши!
FUCK LOGIC!!!

...Имаат војсководци,

...Имаат војсководци, коњоводци и коњи. И имаат вмровци. Цела историја од вмровци, конспиратори, терористи, (брато)убијци. Од Аце навака саде вмровци. Друго нема. Љути типови со мустаќи, со кубури (&ножеви итн. ја знаеме иконографијата) - полуретардирани. Нема цвет, нема жена, нема животни во Македонија (рисови, желки, пеперуги, пастрмки итн.) Има само вмровци. И коњи.

И стравотно отсуство на какво

И стравотно отсуство на какво било разбирање на текст имаат платениве преродбенички коментатори. (Ради тоа и не е јасно: зар за тоа ги плаќаат?! можат роботи да уклучат за таков тип на глупост, испразност и бесмисла) Под секој текст (дури и кај Хигсовиот бозон!) Бранко, СДСМ, дудлање (а пастирот им е толку издудлан што ќе му треба ремонт, у гумен да го направат) итн. Не може вмровецот да сфати ни попрост текст на Окно. А камоли нешто поделикатно...

сдсмаш окнаш Фан на

сдсмаш
окнаш
Фан на Окно
соросоид
Геополитички стратег
Антигруевист
Анонимен 223

"My name is Legion: for we are many." - Никола Гелевски

Риспект за Тричковски и

Риспект за Тричковски и Гелевски! Единствените кои одат ПРЕДАЛЕКУ! Го следат советот на Надин Гордимер: „Не се двоуми да одиш предалеку... Баш таму негде е вистината.“

абе косата ти побелела скроzz

абе косата ти побелела скроzz од дркање човече...

Гелевски не оди предалеку,

Гелевски не оди предалеку, Гелевски оди СЕКАДЕ каде што има нешто против Груевски. Ако нема, ќе си го измисли (како во текстов).

А Тричковски оди таму каде што го водат алкохолните испарувања.

Овде во Румелија, владее

Овде во Румелија, владее менталитетот напластен низ вековите турски јарем. Уште Јован Цвијиќ пред 100 години пишувал за тој феномен, дека и по протерувањето на Османлиите, Јужните Словени од овие краишта ги красат мимикрија, завидливост, роптање против власта, јавашлак. Денес масата си најде место во груевистичката Камора, мафијашка пирамида на омерта, насилство и полтронство. За ежедневниот полусвет иделна прилика да се надомести дефицитот на образование и да се прифати како нормално отсуството на знаење, култура, чесност и скрупули. Разгаќено браство на примитивци, крадци и битанги што седат во скутот на пастирократијата. Да ти се сповраќа! Браво Коља, за неприфаќањето на оваа човечка мизерија и морална и интелектуална катастрофа.

Еј ми текна што, КОНТЕЈНЕРИ

Еј ми текна што, КОНТЕЈНЕРИ за СК2014, фантастична идеа да му се влезе на целиот бетон-монолит од страна ко скела, имено бродски контејнери кои коштаат втора рака од 2 до 3 илјади еура, а може и поефтино, при што може да се користат ко лего коцки, може да го сјебеме од ПОРТА до ПЛАЖА преку БОРБА па се до берба таму на крај ново бугарофилско МНР. Може да го сјебеме СК2014 со таква протеза, а ќе биде и интересно, знаеш што, имагинацијата ќе не извади, нек јебат све док можат, .мк ко ЕЛДОРАДО.

modular madness !

Луѓе, дајте малку култура. Да

Луѓе, дајте малку култура. Да не бидеме типични балканци. Видете NY Times што сугерира како бон-тон во постирање коментари:
"We are interested in articulate, well-informed remarks that are relevant to the article. We welcome your advice, your criticism and your unique insights into the issues of the day.
Our standards for taste are reflected in the articles we publish in the newspaper and on NYTimes.com; we expect your comments to follow that example. A few things we won't tolerate: personal attacks, obscenity, vulgarity, profanity (including expletives and letters followed by dashes), commercial promotion, impersonations, incoherence and SHOUTING."

Иги, фала ти! Корисни се

Иги, фала ти! Корисни се упатствата од Њујорк Тајмс...

Мило ми е што коментаров го

Мило ми е што коментаров го прочитал и Гелевски (коментарот потпишан со „Окнаш“ над мене). Барем половина од пцуењата на останатите коментатори овде се негово дело.

КОНТЕЈНЕР http :// bit . ly/

КОНТЕЈНЕР

http :// bit . ly/ NydYCI

КОНТЕЈЕНЕРИ чоече, нешо слично на шоља..

Криза на истокот и тотална

Криза на истокот и тотална војна

Hadzi Pulja kako chlen na

Hadzi Pulja kako chlen na komisijata na ministerstvoto za kultura e vgraden vo skopje 2014. Toj ne mozhe da izbega od faktot deka odobril vakvi nakaradni gradbi i spomenici. Mozhe kolku saka da prodava magla za vidni svetski arhitekti, toj e obichen profiter koj si ja ponizhi i titulata i profesijata. Imeto kje mu bide zapishano so crni bukvi

Oh, shut the fuck up you

Oh, shut the fuck up you fucktards.

Проблемот на Никола,

Проблемот на Никола, Тричковски и Фрчковски у СОС и ним сличните со Скопје 2014 многу лесно се решава. Неколку пара Google наочари со агментирана реалност (augmented reality), и лесно, виртуелно од својот свет ке можат да ги избришат спомениците на плоштад, ќе можат да си продолжат со уживањето на празниот плоштад , калдрмата и дуканчето на Кенан, шетајки се по тој ист плоштад преполн со споменици.
Оваа технологија е достапна сега, а за три четири години ке ја имаме сите и ќе биде нормален дел од нашите животи.

Зошто го кажувам ова? Затоа што тоа ги руши теориите на погоре споменатите на неколку нивоа и го осветлува фактот дека се однесуваат како црквата во однос на Гутенберговата преса. Црквата немала проблем толку со пресата колку со монополот на знаењето, така да во еден момент дури побарала да биде единствената која ке издава лиценци за печатници.
Неспремноста да се соочат со новите времиња ги тера нашите папи повторно и повторно да не вракаат во времето на фашизмот, територија на која самите сметаат дека имаат наследена предност.

Мигрена, ти да беше во право

Мигрена, ти да беше во право (дека груевизмот е иднината на оваа земја), барем половина Македонци ритуално ќе требаше да се самоубијат - толку безнадежна е работава. За среќа, мислам дека дури и кај вмровците полека продира свеста дека груевизмот ја разјадува Македонија, пред се’ заради огромната поларизираност што ја создаде (општеството до коска се дели, секојдневно, во два воинствени табори спремни на борба до живот или смрт - толку работата секојдневно се заострува), а во втор ред (дури и вмровците почнуваат да разбираат) дека груевизмот е тешка (стварно тешка, еден од најтешките облици) историска регресија. Така што, тука, Мигрена, ептен си во грешка: груевизмот не само што не е перспективен, туку базди на среден век, на најопскурни регресии (тоа е СК014, идентитетски хаос, национален миш-маш за општа подигравка или пиперевка, како беше...).
Во една работа се согласувам со ВМРО: СДСМ од деведесеттите исто така беше регресивна партија, неспремна за големиот историски предизвик. Но, дури и тоа СДСМ, како што сега гледаме, беше посовремено од сегашното ВМРО! Дури и таа регресија изгледа како блага патологија во однос на сегашнава тотална забеганост!

Ниеден -изм спроведен

Ниеден -изм спроведен тоталитарно не е иднина на било која земја. Се сложувам дека Македонија се дели на два дела, меѓутоа не на ВМРО и СДСМ туку на тие за Македонија како татковина и на оние за Северна Македонија или што год да е, кој ја гледаат Македонија као географија. Последните случувања со коалициите само го потврдуваат чувството кај народот дека конечно се симнати маските, од едноставна причина што нема повеќе што да се крие. Најдобро што може да им се случи на оваа транзициска група на карактери е да во Македонија има повеќе народ на кој им одговара мафијашка средина и закони,што поради минатото, што поради идното ветено, и на тој начин да се вратат на власт. Односно дефинитивно Македонија да се шкртне како национална држава, да се бутне заедно со останатите Албански територии во нов
Бенелукс и да се направи некој вид на Европски Гвантанамо. Место каде што ќе ќи испракаат членовите на Албанската мафија со цел да ја исчистат Европа од канцерот за кој немаат решение, а воедно во следните 20-30 години европската бирократија да си има муабет и причина за постоење. Нашите папи нормално би имале убав дел од колачот и можност да ја ревидираат својата улога во историјата која моментално не е баш за фалење.

И пази која финта - ни помалку ни повеке споредба со Бенелукс. Мене ова се ми личи на Магреб, ама ајде, тоа е муабет за друга тема.
Така да проследувач, ВМРО не да не е среден век, туку се снајде извонредно во економскиот дел, што е повеќе заслуга на знаење одошто среќа. Она што изгледа дека тешко го разбирате е начинот на кој треба да се води економија од 7-8 билиони долари. Во светот на мултинационални корпорации Македонија со се партали, и по број на вработени и по БДП е негде на ниво на проесечна корпорација. Груевски ја води моментално Македонија како корпорација. И јас лично мислам дека е тоа единствен правилен економски пристап за земја со големина како нашата. Повеќе од очигледно е дека тој начин дава видливи резултати многу побрзо отколку константно паламудење дали ова треба да се направи или нешто друго. Опозицијата по ова прашање е безидејна и жалосно е да слушаш како опозицијата им вика на граѓаните, ние ке ви дадеме се што ви треба, без да им кажат што е тоа и како ќе го направат.

А на идеолшки план и колку за размислување, Бранко стапува во коалиција во борба за граѓанско општество во Македонија со најголемите националисти кои си имаат резервни држави во Албанија и Бугарија. Кој апсурд.

Што е тука прогресивно?

Аха, се враќаме на старото,

Аха, се враќаме на старото, Груевски ќе ја спасува Македонија да не стане албански Бенелукс?! И Груевски (со помош на Путин, така? А можда и Ахмети ќе помогне?) ќе ја спасува Македонија да не стане колонија за нуклеарен отпад на Америка?! Вака ли врбувате нови членови пред гранап, Мигрена?! Алал да ви е, ако е вака! Овие приказни веќе не поминуваат нигде! Дури ни кај фундаментализираните Арапи не поминуваат! Ако овде поминуваат, ако Мирка/Латас/Миленко/Грујо се во право, тоа е само уште еден доказ дека Македонија тргнала кон средниот век.
И зарем во тоа очекуваш да ви поверуваат граѓаните, Мигрена, дека Груевски ќе го зачува името, а другата „предавничка“ половина Македонци ќе го продаде?! Ако тоа ви се главните точки на пропагандата, пак велам - алал да ви! Поглупо не можеа да смислат Караџиќ и Милошевиќ заедно, пред дваес години! Вие ќе го сочувате Косово, така, Мигрена?! Светото македонско име, ко Милошевиќ што го сочува, така?! Ах, боже, какви дебили! Какви ретарди! Каква неверојатна историска регресија! Да бидеш дури и под нивото на лузерот Милошевиќ од пред 25 години!

Извини, јас мислев си лузер

Извини, јас мислев си лузер кога мислиш дека не можеш да победиш. Али ајде, секој ден нешто ново научуваме. Сега сфатив дека не си лузер ако се преправаш дека не си изгубил. У ствари не можеш да бидеш лузер ако не се бориш. Не можеш да изгубиш. Маестрално. Кој концепт.

Зашто упорно бегате од фактот

Зашто упорно бегате од фактот дека Груевски прифати ПРОМЕНА на името во Букурешт. За економските успеси на ДПМНЕ мислам дека е смешно да се збори, 50 илјади нововработени административци, и исто толку отпуштени во приватниот сектор, екстремната сиромаштија зголемена за 50%, вкупната за 30%. А за резервните држави и апсурдите, ќе те потсетам само на тоа дека ДПМНЕ е во коалиција со оние што ги викаа терористи, а тој што му била резервна татковина Бугарија, е ментор и духовен татко на вашиот пастир, он го измисли и он го создаде Н.Г. во политичка смисла.

Тешко ви иде демократијата

Тешко ви иде демократијата изгледа. Ако немате Тито, не знаете да функционирате. Груевски може да прифати што сака, и да си го носи дома у стан хартичето кај што потпишал, и да си го закачи на зид. Не е ова работа на борба мегу ВМРО-Тито и СДСМ-Тито. Ова е работа на репрезентирање на заедничките идеали на мнозинскиот дел од населението. Се додека во Македонија има повеќе чесни луѓе отколку корумпирани, и мрзливи луѓе, опозицијата нема шанси по регуларен пат да добие власт, барем не со концепцијата која ја буткаат сега.
Ако нешто малку чисто имаше Бранко од идеалот за Македонија, сега дефинитивно го фрли во вода. Не ми се јасни само тоа младите деца во СДСМ, како ли си ги правдаат овие коалиции во својата совест. Најверојатно на стариот добар начин

"А бе остај ова што зборат на телевизија. Ова е се наместено од Америте, и џабе муабетиме кога пак ќе биде они како што сакаат. А зошто па да не се здружиме со Тачи и со Љубчо. Секој има право да прави што сака. Па нели сме демократија."

Јас за ова имам само еден збор. Мекотели. Без рбет тешко стои главата исправена.

Си се збунил убав, во

Си се збунил убав, во Букурешт беше прифатено да има референдум за името!
Тоа не е исто со „прифатена е промена на името“.
Референдум = неприфаќање на промена на име, затоа што никој не е доволно наивен за да ја голтне грчката нацистичка пропаганда и да прифати промена на име по нивно барање!
И затоа, оние кои го предложија новото име не ја прифатија понудата на Груевски за референдум на кој сите ќе го кажеме НАШЕТО мислење, т.е. нашето големо НЕ на грчкиот нацизам!

Не поубав, не сум се збунил и

Не поубав, не сум се збунил и немам кратко памтење. Ај ако не ти е во сеќавање, провери новините и телевизиските дневници од тој период, ќе видиш дека поимот референдум се спомнува првпат во кампањата за изборите по Букурешт, кога Грујо реши дека е голем патриот. Впрочем, на тој самит ако Грците го прифатеа предлогот, автоматски ќе станевме членка на НАТО. Зарем мислиш дека во случај референдумот да не успееше, после ќе излезевме од НАТО??? Груевски почна да го (зло)употребува реферндумот кога сфати дека до такво нешто нема ни теоретски шанси да дојде.

Ја нешто не гледам дека е

Ја нешто не гледам дека е сменето името.

Реков, предлогот беше одбиен

Реков, предлогот беше одбиен од Грција, муабетот беше дека Груевски ја прифати промената

Има секакви муабети, на

Има секакви муабети, на времето имаше и дека Бранко се дрогира... Значи, тоа сега е факт?

Доказ дека го прифатил би било тоа што името би било сменето. Штом не е сменето, можеби тактизирал или, што е поверојатно, комуњарите му извадиле муабет.

После избори овластените лица

После избори овластените лица од Корпорацијата, на суд, па во Идриз бања, да ги проверат реновираните ќелии од Маневски.

пази богати..google наочари

пази богати..google наочари за ...како беше?

абе, можеа „градителите„ да си ги стават наочарите шо ги нудиш и ќе ги немаше овие пиздарии, а иначе сега, решење е динамит, решење е нова револуција, решење е планина...и кенан...за комесар

а кога ќе се симнат бандитите од планина знам меглена, ти прв со цвеќе на плоштад ќе ги пречекаш ...и слики од фрчко и коља и тричковски у новчаник ќе носиш ...и може на груди и имињата ќе им ги истетовираш...и „жими мама„-ќе викаш,„извините ама морално беше„

море марш, гмизавци...

Груевизмот можеби ќе опстане

Груевизмот можеби ќе опстане уште година, две или три, но историски тоа е сосема промашен и надминат проект. Груевски е нашиот Милошевиќ, ако сакаме да гледаме поостро, или нашиот Туѓман, ако сакаме да бидеме поблаги. Во секој случај, и од едниот и од другиот (Туѓман и Милошевиќ) нивните народи денес речиси се срамат. Така ќе биде и со Груевски. Тоа не значи дека за десет години некое ново ВМРО пак нема да дојде на власт во мк (како што Дачиќ денес пак е власт, во името на СПС на Милошевиќ). Но, тоа ВМРО ќе мора да биде антигруевистичко, за воопшто да може да игра на картата на историјата.

Судбината на Груевски, како и

Судбината на Груевски, како и многу други поитички судбини, во голема мера зависи од ставот на Американците. Постои впечаток дека тој им е тотално докурчен на Америте. Впрочем, главните идеолози и пријатели на пастирот се жестоки и нескротливи антиамериканисти, Латас, Мирка, Миленко... Тие тројцата добро го осетија моментот кога, се чини, пастирот беше пуштен низ вода од Американците, и почнаа да блујат огнови кон Американците... Сега идеолозите на груевизмот малку се потсмирени (гледаат дека Американецот со своите долги прсти ќе го извади и Асад од дупката, а камоли некои балкански ситни дивјаци а ла Груица) и пак го советуваат Груица (со неговите славни девет животи изградени врз девет милји длабоки и високи лаги и лажни ветувања) да биде конструктивен и на Грците да им збори добри и прифатливи работи. И стварно, ете го Груица, растрчан е и збори саде позитивни работи. Американците, па, чекаат овде да созрее доволно силна опозиција, за да му ја скинат главата на малиот провинциски наследник на Слоба. Иначе, технички, рушењето на Груица може да се случи дури и низ сегашниот парламент, ако решат Америте...

A, inaku, temata na napisot

A, inaku, temata na napisot na Gelevski beshe za molkot na profesionalcite i intelektualcite............ Kako znaete sekoj napis da go sjebete so verglanje na edni isti demagogii,alal da vi e

ОкоБоли главаВицФото